Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава


Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката […]

Туризмот годинава почна добро за Грција: За три месеци 38 отсто повеќе повеќе гости и 64 отсто приходи


Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти […]

Враќањето на Ципрас ја потресува грчката политика


  Враќањето на Алексис Ципрас, поранешниот левичарски премиер во времето кога Сириза беше власт, и појавата на нови помали партии се очекува да го преобликуваат и фрагментираат грчкиот политички пејзаж пред следните национални избори. Ципрас, кој ја водеше земјата за време на врвот на економската и должничката криза во 2015 година, помина низ вежба за […]

Почна сезоната на капење: Лежалките во Грција со изгор цени


Сезоната на пливање веќе е отворена во Грција, а откриени се и цените на лежалките, што ги интересира туристите кои планираат да го поминат летото таму. Иако календарското лето сè уште не е започнато, сезоната на пливање во Грција е веќе во полн ек. Сепак, заедно со добрите вести доаѓаат и помалку пријатни вести – […]

Уапсени осум лица за вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во централна Грција


 Шест мажи и две жени се уапсени под сомение дека стојат зад вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во централна Грција, од каде што одзеле околу 200.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека осумтемина биле уапсени вчера попладне и „се истражува нивната вмешаност во […]

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини


Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалната веб-страница на парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска – јави дописничката на МИА од […]

Годишната инфлација во Грција зголемена на 5,4 отсто


Во април годишната инфлација во Грција се зголемила на 5,4 отсто, наспроти 3,9 проценти еден месец претходно, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а најголемо е зголемувањето на цените на горивата, јави дописничката на МИА од Атина. Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот индекс од […]

Грција го менува уставот поради вештачката интелигенција


Грчката влада најави голема ревизија на уставот во која, меѓу другите промени, ќе се предвиди дека вештачката интелигенција мора да служи на слободата на поединецот и благосостојбата на општеството. Премиерот Киријакос Мицотакис го претстави предлогот во четврток, велејќи дека промените се потребни за да се заштитат идните генерации во време на растечка глобална загриженост за […]

Пиеракакис: Грција во јуни предвремено ќе отплати 6,9 милијарди евра долг


Предвремена отплата на долг во висина од 6,9 милијарди евра од првиот меморандум, односно од првиот заем од европските земји на почетокот на економската криза, најави министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Пиеракакис предвремената отплата на долгот е планирана следниот […]

Новите правила за прва помош во Грција одложени за 2027 година


Грчките власти донесоа одлука за одложување на примена на новите, построги барања за содржината на автомобилските аптеки. Според информациите објавени во грчкиот „Службен весник“, обврската за поседување на новото прва помош опрема стапува на сила од 1 јануари 2027 година. Првичниот план предвидуваше овие правила да почнат да се применуваат многу порано, но одлуката за […]

Неколку повредени лица во напад на вооружен маж во Службата за социјално осигурување и во Апелацискиот суд во Атина


Маж на 89-годишна возраст, вооружен со ловечка карабина, претпладнево влетал во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) во атинската населба Керамикос, при што пукал и ранил вработен во службата, а веднаш потоа влетал и во Апелацискиот суд, каде што исто така пукал и повредил најмалку три лица, јави дописничката на МИА […]

Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона


Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор […]

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци


Целосно сме обезбедени за период од два месеци. Ако не се обнови пловидбата низ Ормуската Теснина, ситуацијата потоа ќе стане потешка, изјавил за висок функционер од секторот на рафинерии за грчкиот весник „Катимерини“ во однос на состојбата со резервите на гориво во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот објаснува дека Грција располага со […]

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе


Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, построг комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни. Според новата регулатива, листата од 16 предмети се: -Изотермално (термо) спасувачко ќебе: минимални димензии 210 […]

Грција отповика над 1.000 бегалски статуси на државјани на Сирија


Во периодот од 1 март до 9 април годинава надлежната грчка служба за азил отповика 1.203 бегалски статуси на државјани на Сирија, по темелна повторна проверка и во согласност со новиот закон, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството посочија дека се забележува значителен напредок […]

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција


Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува […]

Грција купува израелски ракетен систем PULS: Соработката со Израел се зајакнува


Грција продолжува да ги модернизира своите вооружени сили и го купува израелскиот ракетен артилериски систем PULS, објави dpa во понеделник. Договорот за купување на системот PULS беше потпишан во понеделник во Атина, објави грчкото Министерство за одбрана. Според информации од грчките воени кругови, ќе бидат испорачани ракети со дострел од 35 до 300 километри, а […]

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци


Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на […]

Повторно штрајк на таксистите во Грција


Нов, 24-часовен штрајк, започнаа утрово таксистите низ цела Грција со цел уште еднаш да го изразат нивното незадоволство и несогласување за новиот закон од Министерството за транспорт што воедно се однесува и на такси превозот, а во текот на денешниот ден се очекува да биде ставен на гласање пред пратениците, јави дописничката на МИА од […]

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години


Долгоочекуваниот судски процес за железничката несреќа пред три година кај месноста Темпи, почнува денеска во специјално адаптираната просторија на конгресниот центар на Универзитетот Тесалија во грчкиот град Лариса, а обвинети се 36 лица, од кои 33 се гонат кривично, јави дописничката на МИА од Атина. Поради почетокот на судењето, грчката железница утрово започна 24-часовен штрајк, […]