Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер


 Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона.  Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза,  округ Валона, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Во Албанија од денеска цената на струјата за домаќинствата пониска за 10,5 отсто


Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на  електричната енергија, која е пониска за  10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата. “Домаќинствата кои […]

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија


Голо Брдо е регион кој со својата природна убавина, културно наследство и историја претставува значајно парче од мозаикот на македонскиот етнички идентитет во Албанија, пишува Фатри Фераху, во написот ” Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија” за весникот “Илинден”. -Лоцирано југозападно од градот Дебар, оваа област опфаќа 21 село, кои претежно се […]

Зетот на Трамп доби статус на стратешки инвеститор за проект вреден 1,4 милијарди евра во Албанија


Албанската агенција за развој на инвестиции (АИДА) објави дека доделила статус на стратешка инвестиција на компанија од САД. Atlantic Incubation Partners за туристички проект од 1,4 милијарди евра (1,44 милијарди американски долари) на островот Сазан. Проектот е поддржан од американскиот инвеститор Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп. Одморалиштето ќе биде изградено на површина од 45 […]

Албанија му одобри на зетот на Трамп да гради луксузен ресорт на остров


  Владата на Албанија ѝ додели статус на стратешки инвеститор на компанија поврзана со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, за да изгради луксузно одморалиште на ненаселен медитерански остров, кој некогаш беше воен пункт. Комитетот за стратешки инвестиции на Албанија, предводен од премиерот Еди Рама, на 30 декември го прифати предлогот на Atlantic Incubation Partners […]

Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за парламентарните избори почнува в сабота


Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за учество на парламентарните избори на 11 мај официјално ќе започне в сабота. За оваа категорија, Централната изборна комисија на својата веб-страница ќе вклучи посебна опција која им овозможува на сите Албанци кои живеат во странство да се регистрираат преку компјутер или мобилен телефон. Се што им треба е […]

Во избирачкиот список во Албанија над 1,3 милиони повеќе гласачи отколку што државата има жители


Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа објави дека во единствениот избирачки список, за парламентарните избори на 11 мај, запишани се над 3.7 милиони граѓани со право на глас. -Министертвото ги почна подготовките за претстојните општи избори. Според граѓанската евиденција во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Од вкупниот број […]

Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година


 Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година. На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година. – Присуството на американскиот претседател и сите лидери […]

Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија


 Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа. – Управната единица Шнѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината […]

Во Албанија отворена лабораторија за кибер безбедност – напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани


Националната управа за кибер безбедност на Албанија отвори лабораторија за кибер безбедност – напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани. Според објавата на социјалните мрежи, таа лабораторија е создадена за да ги зајакне експертите за кибер безбедност, обезбедувајќи интензивна обука за заштита на критичните инфраструктури и справување со глобалните технолошки предизвици. Шефот на […]

Невреме во Албанија, забранета пловидбата, во Тирана паднати дрвја, на повеќе места обилни снежни врнежи


 Албанија ја зафати невреме проследено со силен ветер, обилни дождови, а во северните делови и обилен снег, каде дебелината на снежната покривка е над 15 сантиметри, а во одделни планински места таа е и повисока. Обилен и интензивен дожд и силен ветер има во Тирана, каде паднаа и дрвја, одрони од камен и земја има […]

Поради високо ниво на пестициди земји oд ЕУ вратиле назад во Албанија пратки со мандарини


 Европскиот систем за безбедност на храната го вклучи алармот за испораките со  мандарини кои доаѓаат од Албанија, објави „Топ чанел“. Според истиот извор во последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, „земји кои увезуваа овошје од нашата земја, по направените анализи го  отфрлија албанското производство од нивните граници”. -Мандарините содржат остатоци од неколку супстанции […]

Мелони категорична: Центрите за мигранти во Албанија ќе функционираат


 Центрите за мигранти во Албанија ќе функционираат, дури и да морам да поминам секоја ноќ таму до крајот на мандатот на италијанската влада, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. – Тоа затоа што сакам да се борам против мафијата и ја молам целата италијанска држава, почитуваниот народ, да ми помогнат во борбата против мафијата. Јас не […]

Црна Гора затвора три кластери, Албанија отвора нов, Македонија и натаму бара гаранции од ЕУ


  Во некакво чувство дека не сме осамени од регионот како држава на која ѝ се случуваат блокади на патот кон ЕУ, вчерашната вест дека Хрватска ставила блокада на Црна Гора при затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика изгледаше како мелем за повредената македонска гордост. Заедно со неуспешноста по втор пат на […]

Албанија за девет месеци од туризмот остварила рекордни приходи од околу четири милијарди евра


Во периодот јануари-септември туристичкиот сектор во албанската економија донесе приходи од 3,8 милијарди евра, приближувајќи се на нивото на приходи од целата минатата година, кога изнесуваа 4,2 милијарди евра, објави Централна банка на Албанија. Само во текот на летната сезона, остварен е приход од 1,9 милијарди евра, покажуваат податоците на банката, која проценува дека приходите […]

Балуку: Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин


Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. – Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат […]

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата


Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот на минатиот месец е зголемена за околу 20 милиони евра во однос на   август. -Овој пораст дојде како резултат на зголемувањето на неговата […]

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности


Првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, во својот говор во Собранието на Албанија, каде што се одржа состанокот на Комисијата за мониторинг на Советот на Европа, рече дека СПАК е на првата линија на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Думани наведе дека СПАК гони различни претставници на […]

Конгрес на хотелиери: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто


Туризмот сочинува една петтина од економијата на Хрватска, а зад нас имаме успешна туристичка година, како што покажуваат бројките. Подобро беа исполнети сместувачките капацитети кои се поквалитетни. Хотелите со 5 ѕвезди биле пополнети за 96,5 отсто во средината на август, а хотелите со 4 ѕвезди за 92,5 отсто, изјави Вељко Остојиќ, директор на Хрватското туристичко […]

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари


По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК […]