Преброени 31 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама


Според официјалните резултати објавени од  албанската Централната изборна комисија,  до денеска претпладне, избројани се гласачките ливчиња од 1.624 гласачки места или 31,07 отсто од вкупно 5.225 на колку што се гласаше во текот на вчерашниот ден. Податоците од до сега преброените гласачки ливчиња потврдуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на […]

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години


Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив за првпат 114.642 лица.  Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува […]

Албанците на нозе, зетот на Трамп сака да изгради двe мега-одморалишта: „Ќе ни го уништат богатството!“


Џаред Кушнер планира да изгради два мегаресорти во делтата на реката Вјоса во Албанија. Тоа е заштитено подрачје, поради што многу активисти и експерти за животна средина се на штрек. Тие веруваат дека со дозволувањето на вакви проекти во најеколошки разновидните и загрозени подрачја, албанскиот премиер Еди Рама всушност му се додворува на Доналд Трамп. […]

Анти-ЕУ реториката на Трамп стана дел од изборите во Албанија


  Зголемениот јаз меѓу Брисел и Вашингтон се заканува да ги засени напорите на Албанија да се приклучи на Европската унија во времето кога се соочува со критични избори. Јавните и приватните пораки од сојузниците на американскиот претседател Доналд Трамп за идната траекторија на земјата и нејзините планови да ги спроведе клучните економски реформи како […]

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на […]

Албанија го отвори кластерот за внатрешниот пазар во пристапните преговори со ЕУ


 Албанија  синоќа отвори кластер за внатрешниот пазар во пристапните преговори со Европската Унија. На четвртата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ беше отворен кластерот 2, што ги опфаќа поглавјата 1 (слобода на движење на стоки), 2 (слобода на движење на работници), 3 (право на деловно престојувалиште и слобода на давање услуги), 4 (слобода на движење на капитал), 6 […]

Албанија потпиша договор со ЕИБ за финансирање на пругата Драч-Рогожина, ЕУ обезбедува 90 милиони евра


 Во Тирана денеска вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, и директорот на Европската инвестициска банка, Лионел Рапај потпишаа договор за финансирање на стратешкиот железнички проект Драч – Рогожина, дел од коридорот VIII. -Оваа железница е клучна артерија што ќе ја поврзе Албанија со европската транспортна мрежа и дополнително ќе ја зајакне […]

Политичари кои ќе гласаат од затвор во Албанија – од шеф на држава до градоначалници и министри


  Меѓу албанските граѓани кои од затвор ќе го остварат правото на глас  на парламентарните избори на 11 мај, се и поранешен шеф на државата, градоначалници, министри, пратеници. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, ќе гласа во Драч,  градот каде што е во затворски притвор,  исто како и неговите сопартијци, социјалисти, Илир Беќја, поранешен министер за здравство […]

Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија


Албанија го доби првиот ултра богаташ кој е на најновата листа на Форбс за 2025 година на најбогати луѓе во светот. Станува збор за Самир Мане чие богатство е проценето, според магазинот, на 1,4 милијарди долари. Неговото име за првпат се појавува на листата на ултра богати луѓе во светот. „Албанија го има својот прв […]

Умерен земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 8.08 часот во Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за […]

Во Албанија минатата година странските инвестиции достигнале рекордни 1,58 милијарди евра


Странските директни инвестиции во Албанија минатата година забележаа рекорден износ од 1,58 милијарди евра, со раст од 92 милиони евра или 5,6 отсто во однос на претходната година. Според податоците на Централна банка на Албанија, во вкупните странски инвестиции и натаму води секторот недвижности, со 379 милиони евра, потоа ископ на руда со 214 милиони, […]

МЕНР на Албанија се извини за „северномакедонска“ заедница од страна на амбасадорката во Софија


 Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија достави извинување до  македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија. Како што потврдија за МИА од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), тоа доаѓа по острата реакција на македонската партија по интервјуто на амбасадорката за бугарски […]

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки


Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти. Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца. Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за […]

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра


Првиот човек на СПАК, Алтин Думани, го истакна напредокот постигнат во борбата против перењето пари и организираниот криминал, откривајќи дека вредноста на запленетите и конфискувани средства за 2024 година изнесува 59 милиони евра. Според него од вкупниот износ, 10 милиони отпаѓаат на криптовалути, што „масовно се користат од криминалните организации“. Борбата на СПАК против перењето […]

Во Албанија минатата година биле вработени повеќе од 13.000 странци


 Масовната миграција главно на млади условува недостиг на работна сила во Албанија, која потребите ги пополнува со работници од странство. Според податоците на Национална агенција за вработување и вештини (АКПА) минатата година во Албанија со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски државјани. – Зголемувањето на бројот на странци се должи на економскиот […]

Јавниот долг на Албанија на најниско ниво од 2008 година


Јавниот долг на Албанија на крајот на 2024 година се намалил на ниво од 54,73 отсто од Бруто домашниот производ, наспроти 55,8 отсто, колку што се предвидуваше. Намалувањето на јавниот долг на ниво од 54,73 од БДП е и најниско ниво од 2008 година, кога долгот изнесуваше 54,8 отсто. Официјалните податоци од статистичкиот билтен на […]

Мелони: Италија е посветена на планот за депортација на илегални мигранти во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе го продолжи планот на Владата во Рим за депортација на илегални мигранти во центрите во Албанија, која ја спречија италијанските судии. „Се надевам дека Европскиот суд ќе го спречи ризикот од загрозување на политиката за репатријација не само на Италија, туку и на сите земји-членки на ЕУ“, […]

Во пресрет на летната сезона Албанија има потреба од над две илјади туристички работници


Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери. -Во пресрет на масовната летна сезона има над  2.000 слободни места. Главно се […]

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух


 Во Албанија, загадениот воздух има големо влијание врз јавното здравје, што се рангира како петта водечка причина за смрт.  Според Институтот за јавно здравје , загадениот воздух во Албанија предизвикува околу 4.600 смртни случаи годишно. Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 16,7 микрограми на метар кубен, што е речиси тројно од нормата дозволена од СЗО, што […]

Македонскиот туристички потенцијал презентиран на Саемот за туризам и патување во Тирана


Македонската туристичка понуда е дел од Саемот за туризам и патувања што се одржува во Тирана, Албанија. Како што посочуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, саемското претставување отвара можности за регионална туристичка и бизнис-поврзаност на земјите од Западен Балкан, како брзорастечки туристички пазар за светските патувачи. „Одлично место за промоција и зголемена […]