За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи


Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ)  во периодот  јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле […]

„Intelligence Online“ : Подготовките за формирање на бектешката држава во Албанија се интензивираат, ќе има посебна валута и пасош


Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија, пишува француски „Интелиџенс онлајн“ во статија објавена денеска. -Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од две години откако […]

Во Албанија отпишани 410 милиони евра заостанати долгови на 204.413 даночни обврзници


До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за  даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација […]

Инфлацијата во Албанија расте, во јули достигна 3,4 отсто


Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните  3 отсто  на Централна банка на Албанија. Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули, цените се […]

Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри


 Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја.   Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи […]

Речиси 40 илјади странци во Албанија, повеќе од половина работат


Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните […]

Во Албанија за 24 часа се регистрирани 30 пожари, осум се уште се активни


Во текот на последните 24 часа, во Албанија регистрани се  30 пожари, од кои осум се сè уште активни, објави Министерството за одбрана. „Во гаснењето на пожарите се ангажирани 54 противпожарни возила и 502 оперативни сили, во координација со Националната агенција за цивилна заштита, префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. Во поддршка на […]

САД го ратификуваа договорот за заем од 302 милиони долари за Албанија


Амбасадата на САД во Тирана во објава  дека е  ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека „овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана“. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти […]

Во Албанија работат повеќе од 22 илјади странци


 Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300  дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од […]

Во пожар на куќа кај Скадар животот го загубија мајка и две малолетни деца


Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во околината на Струга


Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.  Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово […]

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци


Во првата половина од годинава во Албанија влегле  9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, […]

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија


Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од Шенген зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи. Со имплементацијата на One Stop системот, како што се […]

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија


Голем шумски пожар избувна синоќа во близина на Порто Палермо, во општината Химара, на јужниот албански брег. Засега нема информации за повредени лица. Веднаш по добиената пријава за пожарот кај Химара, на терен биле испратени екипи на противпожарната служба кои интервенираат за негово ставање под контрола. Причината за избувнувањето на пожарот се уште не е […]

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш


На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и […]

(Видео) Хаос во Албанија: Оклопни возила пред парламентот, јајца и брашно врз пратениците


Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа да протестираат против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, полицијата употребила солзавец, спреј со бибер и водени топови. Граѓаните се собраа пред собранието од раните утрински часови, […]

Избери – или ЕУ или зетот на Трамп: Порака од Европа до Еди Рама


  Европратеници ја предупредија Албанија дека преговорите за пристапување кон ЕУ се во опасност ако владата не го „промени курсот“ во врска со плановите за луксузен одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тинеке Стрик, холандската европратеничка која ја предводи мисијата на Европскиот парламент за утврдување факти во државата, рече дека раководството на […]

Заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија


 Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето […]

Во Албанија во првиот квартал директните странски инвестиции достигнале 404 милиони евра


Според Централна банка на Албанија директните странски инвестиции во првите три месеци годинава достигнале 404 милиони евра, што е  11,6 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.  – Секторот за недвижности останува еден од најголемите придонесувачи за инвестициските приливи. Тоа се должи на зголемениот интерес за албанскиот пазар што беше поткрепено од експанзијата на […]

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона


 За да се гарантира безбедна туристичка сезона, албанската полиција ќе соработува и со хомологни структури во соседните земји. -Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. […]