Во Тирана протестен марш по убиството на 14-годишниот ученик, побарано оставка од министерката за образование


Во Тирана денеска се одржа двочасовен мирен протестен марш за убиството на 14-годишното момче, кое го шокираше целото албанско општество. Ученици, родители и други граѓани носеа транспаренти, а на еден од нив пишување „неодговорните институции убиваат“. На крајот од протестниот марш на ѕидовите на Министерството за образование оставија отпечатоци од рацете со црвена боја што […]

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус од 100 до 150 евра


Албанскиот премиер Еди Рама денеска, објави,  како што ја нарече, одлична вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите. За таа цел, додаде, владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра. -Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите […]

Доходот во регионот и натаму е далеку од просекот на ЕУ, финансиските системи може да помогнат


Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, […]

Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча


Албанија и Азербејџан,  потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови. Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за […]

Имигрантите кои престојуваат во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија


Имигрантите кои престојуваат во кампот во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија, откако денеска судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ. – Одделот за имиграција на судот во Рим  денеска одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија […]

Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија


Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил. На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре. Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот […]

Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно


 Над осум милиони евра буџетот на Рим ќе го чини ангажирањето на вкупно 295 карабинери и италијански полицајци, кои ќе бидат вработени во прифатните центри за имигранти во Албанија, во Ѓадр и Шнѓин. Новинската агенција „Ла Пресе“ јавува дека офицерите кои доаѓаат од Италија ќе престојуваат во еднокреветни соби во два луксузни хотели, во крајбрежната […]

Албанија продолжува со вооружувањето, ќе купува дронови, системи за противвоздушна одбрана и хеликоптери


 Албанија ќе продолжи да се вооружува во 2025 година, за што во Предлог-буџетот за следната година предвидени се околу 180 милиони лека (98 лека=1 евро) за набавка на беспилотни летала. – Беспилотните летала ќе бидат опремени заедно со командни и контролни системи. Првите шест авиони купени од Турција се веќе поставени во базата на НАТО […]

Весник „Илинден”: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија


Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“. -Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го […]

Граѓанска непослушност ја „блокира“ Албанија три часа


Во Албанија продолжува граѓанската непослушност објавена од опозициските демократи, во чии рамки вечерва пратеници, членови и поддржувачи, 3 часа блокираа 6 главни национални патни правци од северниот до јужниот дел на земјата. Вечерашната активност е продолжение на протестите на опозицијата што ги одржа по изречената едногодишна затворска казна на пратеникот Ервин Салиањи, што го сметаат […]

Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 11 километри источно од градот Фиер, каде живеат околу 60.000 луѓе.

Синото око во Албанија – природен феномен прогласен за споменик на природата


Некогаш резервирана само за комунистичката елита на Албанија, Syri i kaltër, или Сино око, денес има можност да ги маѓепса со својата убавина сите оние кои ќе се одлучат да ја посетат оваа дупка без дно. На југот на Албанија, среде планините Мали и Ѓер, има Сино око (на албански Syri i kaltër). Магичниот извор […]

(Видео) Отворени два прифатни центри во Албанија во кои Италија ќе испраќа мигранти


Во Албанија вчера беа отворени два прифатни центри за мигранти кои пристигнуваат во Италија, согласно договорот меѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европската унија. Во ноември 2023 година, албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот премиер Џорџа Мелони преговараа за договор за испраќање илјадници бегалци и баратели на азил спасени од италијански бродови […]

Турција ќе ѝ подари на Албанија „значителен” број дронови камикази


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе и  подари „значителен“ број беспилотни летала камикази на Албанија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, без да прецизира за каков тип на дронови станува збор. -На заедничката прес-конференција со Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од […]

Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија достигнале 749 милиони евра


Странските директни инвестиции во Албанија, еден од главните извори за финансирање на економијата и отворање работни места, продолжуваат да растат во првите шест месеци од оваа година. Министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа соопшти дека податоците покажуваат стабилен и значителен раст. – Протокот на странски инвестиции континуирано расте во последните години. За првата […]

Невремето ја „парализира” Албанија


 Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза,  се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал  големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба […]

Како Еди Рама стана миленик на Европа и покрај корупцијата дома?


  Деновиве го шетаат низ Европа како да е трофеј. На состанокот во јануари на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), партија на десниот центар во Баварија, главен гостин беше Еди Рама, лидер на Социјалистичката партија на Албанија. Претседателот на ЦСУ, Маркус Зодер, ја искористи можноста на собирот да го убеди Албанецот дека неговата земја „припаѓа на ЕУ“. […]

Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври


 Лидерот на  албанската опозициска демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност, на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен национален протест. -Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во […]

Мицкоски вели дека „ЕУ се изживува со нас“, а Филипче дека тоа e „катастрофа за иднината“


  Одлуката Македонија и Албанија да бидат разделени на патот кон ЕУ се очекуваше веќе некое време, па сепак, одлуката на Унијата предизвика своевидан тревога во државава. Премиерот денеска рече дека тој нема да прифаќа диктат (внесувањето на Бугарите во уставот), а лидерот на опоцијата тоа го гледа како катастрофа за иднината на граѓаните. Спикерот […]

Во Албанија се отвори ресторан со 70 портрети на Џорџија Мелони


Ресторан посветен на Џорџија Мелони е отворен во близина на камп во Албанија, каде што ќе се обработуваат барањата за азил на луѓето кои сакаат да влезат во ЕУ по море, како дел од контроверзниот договор со Тирана од страна на италијанската екстремно десничарска премиерка. Trattoria Meloni, ресторан за морска храна во северното пристаниште Шенѓин, […]