Албанската влада го презентира планот на мерки за заштеда на струја, по 22 часот се гасат уличните светилки 


  Албанската влада доцна попладнево до Парламентот  го достави планот – мерки за заштеда на електрична енергија.   Со документот предвидено е по 22 часот да се гасне осветлувањето на секој главен и спореден меѓуградски пат, како и надворешното осветлување на јавните и културните објекти, споменици, плоштади и фонтани.   Паралелно со ова, инвертерите во државните […]

Ќе се проширува изучувањето на македонскиот јазик во Албанија


  Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, оствари средба со албанската министерка за образование, спорт и млади, Евис Куши, на која искажаа согласност за потребата за воведување нови форми за изучување на македонскиот јазик, информираа од Амбасадата.   Во разговорот биле реафирмирани одредбите од билатералниот Договор за соработка во областа на образованието и науката, со […]

Инфлацијата во Албанија во септември изнесуваше 8,1 отсто


  Инфлацијата во Албанија во септември достигна 8,1 отсто што според Институтот за статистика (ИНСТАТ), е највисоко ниво забележано во повеќе од две децении. Истиот месец минатата година стапката на инфлација била 2,5 отсто. „Најголемо влијание имаа силниот раст на цените на храната за 4,9 отсто, како и транспортот поради континуираното поскапување на горивата. Споредено […]

Албанската влада ја продолжи енергетската кризна состојба до јуни следната година


  Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која енергетската кризна состојба се продолжува до 30 јуни 2023 година. Првпат кризна енергетска состојба владата прогласи на 8 октомври минатата година, која требаше да трае до март годинава но со започнувањето на војната во Украина истата ја продолжи до 31 декември годинава. Деновиве регулаторниот завод […]

ММФ: Албанија не е подготвена за фискална амнестија, Владата мора да ја коригира


  Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Албанија, Јан Сун, ја пренесе загриженоста на меѓународните претставници за законот за фискална амнестија. На конференцијата одржана со министерката за финансии и економија Делинда Ибрахимај и гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, Сан рече дека ММФ внимателно го разгледал законот и го смета за „билет […]

Земјотрес од 3,5 степени ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ. Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11.47 часот по локално време. Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ. Засега нема информации за материјална штета или повредени.

Претседателот Бегај почна консултации со партиите за датумот на локалните избори


Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги почна консултациите со политичките партии околу одредувањето датум на одржување на редовните локални избори идната година.   Прв кај шефот на државата беше лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.   Кабинетот на Бегај внимаваше да го почитува протоколот на одлуката нон грата и на средба кај него […]

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра


Албанската електрокорпорација, КЕШ, обезбеди енергија за да ги задоволи потребите на земјата за месец октомври, во вредност од околу 34 милиони евра. Според податоците, купени се вкупно 74.500 мегавати по просечна цена од 455,24 евра. До сега КЕШ обезбедуваше струја за најмногу десет дена. Ова е првпат да обезбеди струја за цел месец што се […]

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија


Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 66. Конгрес што се одржува во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство во Албанија  предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, информираше за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. -За Резолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта […]

Албанскиот парламент го ратификува договорот со ЕУ за неповратни средства од 600 милиони евра


 Парламентот на Албанија го ратификуваше договорот со ЕУ (Финансиски рамковен договор за партнерство), со кој Албанија ќе добие средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (IPAIII), јави дописничката на МИА од Тирана.   Оваа претпристапна помош ги поддржува земјите-кандидати за ЕУ ​​и потенцијалните кандидати во усвојувањето и спроведувањето на клучните политички, институционални, социјални и […]

Во Албанија од септември зголемена минимална плата и повисоки пензиите


  Со одлука на албанската Влада од септември се зголемува износот на минималната плата за 9,5 отсто, а исто така ќе бидат за шест проценти повисоки пензиите, како дел од антикризните мерки.   Минималната плата се зголемува за 2.000 лека (17 евра) и ќе изнесува 34.000 лека (284 евра).   – Втората одлука се однесува […]

За десет години Албанија ја напуштиле 500 илјади граѓани, бранот продолжува


Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.   Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.   Германија е една од земјите која е најпосакувана […]

По кибер нападите врз Албанија телефонски разговор Рама-Столтенберг


  По кибер нападите врз институциите во Албанија од страна на Иран, телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според албанските медиуми, Стoлтенберг преку објава на Твитер нагласува дека НАТО ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија. – За кибер нападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници […]

Албанија ќе потроши 24 милиони долари за зајакнување на кибер одбраната


 По двата силни кибер напади албанската влада одлучи да инвестира 24 милиони долари за зајакнување на кибер одбраната.   Веста ја соопшти министерот за одбрана Нико Пелеши, кој порача дека  нема место за паника бидејќи Албанија како земја членка на НАТО не е под закана.   – За првпат го споделувам со јавноста фактот дека […]

Албански КЕШ купи струја за една недела во вредност од 28,9 милиони евра


  Албанската државна електро корпорација, КЕШ, обезбеди електрична енергија за една седмица, до 18 септември, во вредност од 28,9 милиони евра. Според податоците од тендерот, набавено е количество од 58.660 Mwh по просечна цена од 494,20 евра. Во изминатите осум месеци за задоволување на потребите компанијата увезла струја во вредност од 305 милиони евра, наспроти […]

Албанија за увоз на струја, до сега потрошила 305 милиони евра, а до крајот на годинава уште околу 600 милиони


Енергетската криза силно ја погоди Албанија, која произведува електрична енергија само преку хидроелектрани, па поради долготрајната неповолна хидролошка состојба е принудена да увезува многу поголема количина, споредено со минатата година. Во изминатите осум месеци од годинава државната електрокорпорација, КЕШ, за задоволување на потребите увезла струја во вредност од 305 милиони евра, наспроти 285 милиони евра за […]

Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите


Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, благодарение на Албанија која одлучи да му помогне во овие тешки денови, јавија албанските медиуми. Министерството за економија на Албанија попладнево соопшти дека е договорено земјата да испорачува струја со цел граѓаните на Косово без прекин да се снабдуваат со електрична енергија. Пренесуваат и најава од […]

Од 2021 година до сега депортирани околу илјада албански државјани кои ги прекршиле британските закони


Британските власти со чартер – лет депортираа 20 албански државјани во Тирана, по издржување на казната затвор за различни кривични дела. Биле осудени на вкупна затворска казна повеќе од 46 години, повеќето од нив за трговија со дрога, како и нелегално поседување оружје. Што се однесува до случаите, државната секретарка за внатрешни работи Прити Пател […]

Во гаснење на пожарите во Албанија вклучени и армиските хеликоптери


Поради загрижувачката состојба со пожарите во Албанија доцна попладнево реагираше министерот за одбрана Нико Пелеши, кој упати апел до жителите каде постои опасност по животите и имотите да се евакуираат кога на тоа ќе ги повикаат надлежните. Тој на Фејсбук напиша дека најризична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде се врши интервенција […]

Во јули инфлацијата во Албанија изнесува 7,5 отсто


Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец јули, што услови понатамошен раст на инфлацијата. – Во јули инфлацијата достигна ниво од 7,5 отсто што претставува највисока стапка во изминатите две децении, односно по 2002 кога изнесуваше 7,6 процетни. Во месец јули минатата година беше забележани инфлација од 2,2 […]