Стејт департмент: Странските инвеститори ја доживуваат Албанија како тешко место за водење бизнис


Во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент за инвестициската клима за Албанија во 2022 година, се оценува дека странските инвеститори ја доживуваат Албанија како тешко место за водење бизнис и покрај фактот што земјата нуди огромен неискористен потенцијал за странски инвестиции во многу сектори вклучувајќи ги енергетиката, туризмот, здравството, земјоделството, нафтата и рударството и информатичката […]

Албанскиот јавен транспорт нема да продава месечни карти за август поради поскапувањето на горивата


Синдикатот на албанскиот јавен транспорт  објави дека автобусите нема да продаваат месечни карти за август поради поскапувањето на горивата во услови на економска криза, пишува на веб-страницата „Егзит“.   Операторите побараа од владата нов антикризен пакет за да ги субвенционира бидејќи цените на горивата остануваат високи. Велат дека доколку тоа не се случи и ако не […]

Одложен Светскиот самит на муџахедините во Албанија, по предупредувањата за сериозни закани


Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч. Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците. – Самитот се одлага до следно известување во согласност со […]

Ова лето на албанското крајбрежје се удавиле 11 лица, има недостиг на спасувачи


Единаесет лица се удавија оваа летна сезона на албанското крајбрежје, кое страда од недостиг на спасувачи, објави информативниот сајт „Егзит“. На повеќето плажи во Албанија нема спасувачи или има минимален број на луѓе кои ги набљудуваат туристите, посочува „Егзит“. Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по […]

Извлечени српските туристи заглавени во стрмен планински предел во северна Албанија


Спасувачките екипи успеаја да ги извлечат српските туристи кои беа заглавени во стрмен планински предел во подрачјето на северниот албански град Тропоја. Исто така извлечено е и мртвото тело на српскиот турист Ѓ.С., кој најверојатно починал како последица на срцев удар. Како што јави АБЦ њуз екипа на косовската планинска служба за пребарување и спасување, […]

Во Албанија набрзо може да почне имунизација со антиковид вакцина на деца над петгодишна возраст


Албанија многу бргу може да почне да аплицира антиковид вакцина кај деца над петгодишна возраст, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.   – Висока е инциденцата на зараза со Ковид-19 кај најмладата популација, при што голем број од заразените деца завршуваат на болнички третман, поради тешките симптоми. За да ги заштитиме децата од […]

Бајрам Бегај на 24 јули и официјално станува шеф на албанската држава


Новоизбраниот претседател на Албанија, Бајрам Бегај на 24 јули и официјално ќе ја преземе функцијата, кога ќе даде свечена заклетва на посебна седница на Парламентот, јави дописничката на МИА од Тирана. За денот на одржување на седницата се договорија координаторите на пратеничките групи. По пленарната седница, Бегај ќе замине во претседателската резиденција каде се очекува […]

Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица а од него се откажале 724 албански граѓани


Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, што е речиси двапати повисока бројка споредено со претходната, 2020 година, кога тоа право го оствариле 423 лица. Најголем дел се лица со потекло од Косово, потоа Турција, Сирија и Италија, а доминира возрасната група од 30 до 39 години. Во […]

Албанија ги укинува царините за стоки со Северна Македонија, Србија и Косово 


Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од  Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија. Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора […]

Во Албанија почна да се аплицира и четврта доза од вакцината против Ковид-19


Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, потврди дека има тренд на раст на нови случаи на заразени и ги информираше граѓаните дека може да примат и четврта доза од вакцината. Директорката на Институтот за јавно здравје и член на комитетот, Еугена Томини, по седницата, рече дека во последните две недели […]

ЕК: Фискалната амнестија е опасност за угледот на Албанија и ја слабее контролата на перењето пари


Нацрт-законот предложен од владата на Еди Рама, за фискална амнестија, поттикна бројни дебати во Албанија, на ниво на експерти и политичари за последиците што ќе ги донесе. -На оваа тема став изнесе и Европската комисија, која во соопштението што го дистрибуираше делегацијата на Европската унија во земјата, стави до знаење дека постои сериозна загриженост по […]

Рама: На праг сме на големо откритие на гас и нафта


 Албанскиот премиер Еди Рама денеска посочи дека компанијата „Шел” е блиску до многу важно откритие за гас и нафта во Албанија, што многу ќе влијае не само на иднината на таа земја, туку и на енергетската иднина на Европа, пренесуваат албанските медиуми. -Полни сме со надеж дека наскоро ќе можеме да ја информираме јавноста во нашата […]

„Монитор“: Околу 74 отсто од албанските компании планираат да ангажираат странци, што е највисоко ниво во регионот


Околу 74 отсто од албанските претприемачи се изјасниле дека планираат да вработуваат луѓе од странство, што е највисоко ниво во споредба со другите земји во регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. -Балканскиот барометар 2022 во истражувањето со бизнисите во регионот покажа дека албанските компании имаат најголем процент на позитивни одговори […]

Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД-SFAB


Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД, единица за воена обука која е во партнерство со главната албанска воена единица, пренесе агенцијата Балкан веб. Се додава дека на церемонијата организирана во оваа прилика, во присуство на министерот за одбрана Нико Пелеши, американската амбасадорка Јури Ким го нагласила „интерактивното значење со сојузниците […]

Во служба на туристите во Албанија ќе функционираат 29 здравствени амбуланти


Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, во Албанија и ова лето ќе бидат отворени 29 здравствени амбуланти, кои ќе даваат 24- часовна услуга.  Во објава на социјалните мрежи премиерот Еди Рама  напиша дека на терен ќе има персонал од 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи и додава дека се обезбедени лекови и […]

Албанија ќе се попишува во октомври, изјаснувањето за етничка и верска припадност и јазик по слободна волја


Пописот на населението и домаќинствата во Албанија, како значајна статистичка операција, што беше одложена минатата година, поради пандемијата со Ковид-19, ќе се спроведе во октомври годинава и ќе чини 16 милиони евра. Според директорката на секторот за социјална статистика, Мајлинда Нестури, точниот датум на почеток на пописот што треба да го одреди парламентот се очекува […]

Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци


 Во последното деноноќие во Албанија потврдени се 550 нови случаи со Ковид-19 што е двојно повисока бројка од оние во изминатите денови и е највисока бројка во последните три месеца. – Се зголемува бројот на новозаразени. Во последните 24 часа од направените 1.537 тестови вирусот е потврден кај 550 или 35,8 отсто од тестираните. Регистриран […]

Од Велика Британија во Албанија трансферирани 23 осуденици за тешки кривични дела


Со посебен авионски лет од Велика Британија синоќа се трансферирани во Тирана 23 албански осуденици, во согласност со договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници. Меѓу нив најмногу се лица осудени за шверц со дрога, останатите се за киднапирање, силување и еден за педофилија. Само еден е без дозвола за престој во Велика Британија. […]

Во Албанија расте бројот на новозаразени со Ковид-19


Во Албанија расте бројот на новозаразени со Ковид- 19, што го потврдуваат податоците последните денови, јави дописничката на МИА од Тирана.   Според Министерството за здравство и социјална заштита во последното деноноќие потврдени се 277 нови случаи, што е 28,9 отсто од направените 957 тестови.   Во исто време не е регистриран починат како последица […]

По пандемијата заживува албанскиот туризам, проблем е недостигот на работници


 Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.  Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.    -Сметам дека двете години од […]