Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер близу Тирана


  Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри.

Во Албанија во 2022 година биле конфискувани околу 24 милиони евра, средства од криминални активности


  Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи денеска при презентација на годишната анализа, пренесе важни статистички податоци поврзани со состојбата со редот и безбедноста во земјата, јави државната агенција АТА. Тој посебно како успех ја наведе конфискацијата на средства од “криминални активности според законот за борба против мафијата”. -Ако во 2013 година беа запленети 747 […]

Хрватската полиција уапсила двајца албански државјани со хероин вреден пола милион евра


Двајца албански државјани на возраст од 30 и 44 години се уапсени на граничниот премин Карасович на хрватско – црногорската граница, откако во нивниот автомобил биле откриени 11 килограми хероин. – Со дрогата, чија вредност се проценува на над пола милион евра, албанските државјани влегле во Хрватска од Црна Гора. Крајната дестинација на дрогата бил […]

Хакирани неколку банки во Албанија


  Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на предновогодишната средба со новинарите, во врска со кибер-нападите во последните неколку дена врз некои банки од второ ниво во Албанија, рече дека вакви напади се случуваат насекаде низ светот, не само во Албанија, додавајќи дека нема оштетувања на банкарските сметки на албанските граѓани. -Има милиони […]

Албанска КЕШ почна со извоз на електрична енергија


Поволната хидрологија овозможи максимално производство на електрична енергија во трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим, што услови албанската електрокорпорација, КЕШ, да почне со извоз. -За периодот од 19 до 23 декември продадени се околу 48.000 мегаватчасови електрична енергија, по цена од 167,2 евра за мегаватчас. Претходно, имавме обид да се депонира оваа количина на […]

Албанските иселеници за девет месеци дома испратиле 592 милиони евра


 Продолжува растот на дознаките на иселениците, кои, им ги испратиле на своите роднини во Албанија, во периодот јануари-септември, соопшти Централна банка на Албанија.   Според платниот биланс на банката, за девет месеци дознаките изнесуваат 592 милиони евра, што е раст од 10 отсто во однос на истиот период минатата година.  Во третиот квартал, иселениците испратиле 216 милиони […]

Албанија ќe згрижи 160 спортистки од Авганистан


  Албанскиот премиер  Еди Рама потврдно му одговорил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека неговата земја ќе ги прифати 160-те  девојчиња-спортистки евакуирани од Авганистан.   Веста ја соопштил лично претседателот на ФИФА на прес-конференција од Доха, Катар, јави албанската државна агенција, АТА.   Тој рекол дека додека “западот ги затвори вратите, Еди Рама и Албанија […]

Еуроактив: 30 отсто од албанските граѓани се иселиле, половина од населението сака или планира да замине


 Според податоците објавени од Форбс, албанските граѓани ја сочинуваат третата по големина дијаспора во светот, со околу 30 отсто од родените во земјата, кои сега живеат надвор од нејзините граници, пишува Еуроактив. Додава дека на рангирањето на Форбс, Албанија е трета со околу 1,2 милиони имигранти, бројка која ја става земјата над Сирија, Молдавија и […]

По хакерските напади Албанија ќе потроши 2,8 милиони евра за модернизација на серверите


 Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојано објавувањето мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем. -По овој сериозен преседан кога беше нападната платформата e-Albania и системот TIMS каде што сите лични и државни податоци станаа јавни, […]

Албанија го охрабрува дијалогот за решавање на проблемите во северниот дел на Косово


Албанија охрабрува дијалог за решавање на проблемот во северниот дел на Косово, изјави денеска министерот за одбрана Нико Пелеши. Според него Косово е целосно во  право кога бара реципроцитет со Србија. – Мојот коментар е на албанската Влада, премиерот јавно го соопшти. Ние сме за решение преку дијалог, затоа го поттикнуваме дијалогот. Се разбира, Косово […]

(Видео) Костадиновска – Стојчевска за вратените 20 икони од Албанија


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ, со прес-конференција по повод враќањето на 20 икони од Република Албанија и потпишаниот Договор за соработка.  

Албанија старее, наталитетот за периодот јули- септември од лани намален за околу 20 отсто 


Наталитетот во Албанија и понатаму опаѓа, што доведува до брзо стареење на населението.   Според податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во третиот квартал годинава се регистрирани 6.172 раѓања, што бележи намалување од 19,6 отсто. Во споредба со истиот период минатата година во земјата имало 1.508 новородени помалку.   Во извештајниот период во шест окрузи […]

Рама не гледа проблем за уставните измени, и тој ги признал Бугарите во Албанија


  Толку често комуницираме што заедно овде сме како дома, оцени денес премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, по втората меѓувладина конференција што се одржа во Скопје. И двајцата мораа да се повторуваат – Ковачевски околу дилемата дали како ќе најде поддршка за уставните измени, а Рама околу отпорот во неговата […]

Ковачевски: Заедно ги почнавме преговорите со Албанија, заедно да ги завршиме


  Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од тоа што се денес и слободно можеме да кажеме како два соседа може и треба да соработуваат, истакна премиерот Димитар Ковачевски во официјалното обраќање на денешната заедничка седница во Скопје на владите на Северна Македонија и на Албанија. „Не толку одамна целиот […]

Албанската полиција кај Берат откри „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми


Албанската полиција ја финализираше полициската мега-операција со шифра „Бурa”, при што се запленети 870 килограми марихуана и уапсени 11 лица. Во акцијата се запленети и два пиштола, една автоматска пушка, четири автомобили, повеќе мобилни телефони, како и предмети што се користат за преработка и пакување на наркотици. Директорот на Одделот за криминалистичка полиција во Генералната […]

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Албанија на 14 ноември


  Владата, на денешната седница, на предлог на  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија. Седницата е предвидено да се одржи во Скопје на 14 ноември 2022 година, соопшти владината прес-служба.

Дијалогот поважен од кога било: Официјална Тирана за состојбата на северот на Косово


  Реагирајќи во врска со тензичната ситуација во северот на Косово официјална Тирана изразува загриженост и оценува дека дијалогот е поважен од кога било. Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е […]

Во Албанија инфлацијата во третиот квартал годинава осум отсто, највисока од 1998 година


  Гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, изјави дека земјата не ја заобиколиле финансиски кризи, додавајќи дека монетарниот стимул е клучен за кризата и дека тоа не се претворило во многу повисока инфлација, јави дописничката на МИА од Тирана. – Немавме недостиг на финансиски кризи. Консолидацијата на економската и доброволната стабилност ја поттикна […]

За девет месеци Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи


  Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска. Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини. Најголем раст е забележан кај […]

Локалните избори во Албанија распишани за 14 мај 2023 година


Албанскиот претседател Бајрам Бегај, по консултативните средби со претставниците на политичките партии, денеска потпиша уредба со која за датум на следните локални избори го одреди 14 мај 2023 година. -Претседателот го оценува периодот до изборите како многу важен за успешно завршување на овој демократски предизвик за институциите, политичките партии и целото албанско општество, како и […]