Напад на ИД во Сирија – загинаа 41 борец од коалицијата на САД


Најмалку 41 припадник на коалицијата на курдски и апраски борци во Сирија, што ужива поддршка од САД, се убиени во контранапад на Исламската држава во источниот дел на Сирија, соопшти сириската опсерваторија за човекови права. Директорот на опсерваторијата наведе дека нападите се спроведени доцна синоќа и утрово во провинцијата Деир ез Зор, во близина на […]

Рохани: САД се изолирани во судирите со Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД се изолирани од нивните традиционални сојузници во судирите со Иран. Toj истакнa дека дури и Европа застанала покрај Техеран против повторно воведување на американски санкции. „Не се случува често САД да донесат одлука и нивните традиционални сојузници да ја отфрлат“, нагласи Рохани, додавајќи дека пред само една година […]

Палестинскиот Исламски џихад понуди примирје со Израел


Палестинските милитанти од групата Исламски џихад соопштија дека ќе ги запрат нападите врз Израел од Појасот Газа. Таквата нивна одлука уследи откако израелски воени авиони нападнаа 80 цели на Хамас во Појасот Газа. Нападот на израелската авијација беше одговор на 30 ракети истрелани врз јужниот дел на Израел. Исламски џихад, вооружена група која дејствува во […]

Макрон: Демагогија е ембарго врз оружјето за Ријад поради Кашоги


Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференција во Братислава вчера порача дека повиците за ембарго врз продажбата на оружје во Саудиска Арабија поради новинарот Џамал Кашоги се „демагогија“. Додека сѐ повеќе земји членки изразуваат поддршка за ваков вид санкции против Ријад по смртта на новинарот Џамал Кашоги, Франција, која склучи зделка за оружје во износ […]

Сомнителен пакет доби и милијардерот кој бараше импичмент на Трамп


Сомнителен пакет испратен е и до демократот Том Стејер, познат по тоа што претходно бараше импичмент за претседателот Доналд Трамп. Американските власти приведоа и подигнаа обвинение против едно лице, осомничено дека испраќал пакети со експлозивни направи. Тој е идентификуван како Сизар Сајок (56) и е обвинет по пет точки, меѓу кои и испраќање на експлозив […]

Нов закон во Ирска: Кој вози пијан, ја губи возачката дозвола на самото место


Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според овој закон, секој кого полицијата ќе го фати дека вози со нелегална количина  алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место. Законот стапува во сила на полноќ, а го најави министерот за транспорт Шејн Рос. Според овој […]

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико


Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денескa одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми. Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници. Претседателот […]

Жените во ЕУ заработуваат 16,2 отсто помалку од мажите


Жените во ЕУ за својата работа се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, соопшти денеска Европската комисија, сликовито опишувајќи ја разликата во платите меѓу мажите и жените. Таканаречниот Ден на еднакви плати ден е прогласен за да се предупреди на фактот дека жените во ЕУ се уште  заработуваат помалку од мажите, […]

САД: Уапсено едно лице во врска со сомнителните пакети


Претставници на американското Министерство за правда соопштија дека денеска е уапсено едно  лице во врска со испраќањето сомнителни пакети со цевчести бомби.  Портпаролката на Министерството, Сара Исгур Флорес, рече дека федералните власти на прес – конференција ќе објават повеќе информации. Претходно, соопштено е дека бројот на сомнителни пакети со експлозивна рачно изработена направа порасна на […]

Шестмина загинати во поплави во Русија


Шестмина загинаа, а едно лице се смета за исчезнато во поплавите во Краснодарскиот регион на југот на Русија, соопштија денеска локалните власти. Во непогодата се поплавени повеќе од 2.300 домови. Реките се излеаја од коритата откако во тој регион во текот на неделата наврна дожд еднаков на двомесечен просек, јави ДПА. Поплавите погодија околу 30 […]

„Аеродромот Брисел“ откажа 150 летови поради штрајк


Околу 150 летови денеска се откажани од „Аеродром Брисел“ поради штрајк на носачите на багаж, кои протестираат поради условите за работа. Штрајкот, кој синдикатите претходно не го најавиле, почна синоќа, поради што беа откажани 50 летови. – „Аеродромот Брисел“ обезбеди кревети за 300 лица, кои беа приморани да ја поминат ноќта на аеродромот, изјави портпаролката […]

Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба


Грција- Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, поради сомнителна пратка. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам. Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја […]

Синот на Џамал Кашоги пристигна во САД


САД – Синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, пристигна во САД, изјавил за Си-Ен-Ен извор близок до семејството. Салах Кашоги има двојно државјанство, американско и саудиско, и до сега имаше забрана за патување. Тој во средата ја напуштил Саудиска Арабија и не се знаеше неговата дестинација. Претставник на Стејт департментот изјави дека Мајк Помпео […]

Романија под притисок од ЕУ за владеење на правото


Белгија- По Полска и Унгарија, Романија, која го презема претседателството со Европската Унија од јануари, е под лупа на Европската Комисија поради притисоците на Владата врз  јавниот обвинител на земјата, Аугустин Лазар, јави дописничката на МИА од Брисел. – Повеќе пати повторивме дека независноста на романскиот судски систем и нејзиниот капацитет да се бори против […]

Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба


Романија- Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба. Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија. Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е […]

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил […]

Во ноември: Снег ќе ја затрупа, а студ ќе ја окова Европа


Во Западна Европа температурите во ноември ќе бидат пониски од просечните, соопшти компанијата „Ведер“. Првото навестување за зимата доаѓа веќе овој викенд со ладни ветрови од север, кои ќе донесат студ во поголемиот дел од Стариот континент, а во источна и јужна Европа ќе продолжи топлото време, изјави водечкиот метеоролог на компанијата, Тод Кравфорд.

Путин: Новото руско оружје ќе биде неспоредливо во светот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот. Рускиот претседател на состанокот со високи воени офицери и полициски претставници изјави дека „Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола […]

Тодориќ ќе биде испорачан на Хрватска


Основачот и поранешен сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ во следните десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи судија од Високиот суд во Лондон. Судијата Данкан Узли, по повеќечасовната расправа по жалбата поднесена од адвокатите на Тодориќ одлучи дека нема основа за одобрување на жалбата на одлуката за екстрадиција. Со денешната одлука на Судот во […]

Етиопија избра прва жена претседател на државата


Етиопија денеска ја доби првата жена за шеф на државата, откако пратениците едногласно ја избраа Сале-Ворк Зевде за претседателка. – Во патријархално општество, како нашето, именување на жена за шеф на држава не е само утврдување на стандардите на иднината, туку нормализација на улогата на жената како носител на одлуки во јавниот живот, напиша на […]