Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба
Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам.
Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата.