Испраќачот на писма бомби откриен со еден отпечаток од прст


Беа потребни помалку од пет дена за американските службеници за спроведување на законот да го идентификуваат човекот за кој веруваат дека е одговорен за испраќање најмалку 13 писма бомби до политичките противници на претседателот Доналд Трамп. Податоците за мобилен телефон, ДНК-записи, грешки при пишувањето и еден отпечаток од прст, беа дел од акцијата што доведе […]

Три деца убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа


Три палестински деца загинаа во израелски воздушен напад извршен синоќа во близина на источната граница на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство. – Екипите на итната медицинска помош пренесоа тела на три деца на возраст помеѓу 12 и 14 години од местото каде што се случи израелскиот воздушен напад, во Газа, изјави портпаролот на […]

Австријците загрижени за своите идни пензии


Повеќе од половината Австријци меѓу 18 и 50 години старост се загрижени поради својата финансиска ситуација во пензија, покажува истражување што го спроведе агенцијата Мајнунгсраум. Две третиони не очекуваат дека ќе може да живеат од државната пензија и сметаат дека со тоа ќе мора да имаат и дополнителни приходи. Приватното пензиско осигурување станува се поважно […]

Гринпис: Антверпен е меѓу најзагадените градови во светот


Белгија-Последните анализи на невладината екологистичка организација Гринпис, базирани на сателитските податоци од Европската вселенска организација (ЕСА) откриваат дека Белгија, и посебно градот Антверпен, се меѓу најзагадените места од азот диоксид (НО2) во светот. Благодарение на новиот сателит на ЕСА може да се анализираат различните извори на загадување во светот. Организацијата Гринпис врз основа на овие […]

Во Истанбул се отвора најголемиот аеродром на светот


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул ќе го отвори најголемниот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Као што јави агенцијата Анадолија, новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза денеска ја отвора Ердоган, ќе има голем број карактеристики […]

Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа


Шведска– Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот заради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина. Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава меѓу кои […]

Саудискиот државен обвинител пристигна во Турција


Турција – Главниот државен обвинител на Саудиска Арабија, Сауд ал Моџаб, допатува ноќеска во Турција во рамки на истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул, јави Анадолија. Ал Моџаб во Истанбул ќе има средба со главниот турски обвинител Ирфан Фидан, и ќе го посети Конзулатот на Саудиска Арабија. Џамал Кашоги, новинар […]

Се урна авион со 189 патници во Индонезија


Авион со 189 луѓе потонал, откако се урнал покрај брегот на индонезискиот остров Јава, набрзо по полетувањето од Џакарта, објавија локалните власти. Агенцијата за спасување на Индонезија потврди дека авионот на „Лајон ер“ изгубил контакт со контролата на летање 13 минути по полетувањето. „Сѐ уште не знаеме дали има преживеани“, изјавил шефот на агенцијата Мухмад […]

Невреме во Италија: Петмина загинати


Четири лица загинаа при свлечиште, предизвикано од поројните дождови во регионот Калабрија, во јужниот дел на Италија, додека еден маж загина во пристаништето Катандзоро откако едрилицата му била однесена од силните ветрови. Поројните дождови и силните ветрови што ја зафатија денеска Италија се очекува утре да се интензивираат уште повеќе. Во повеќе региони во земјата […]

Идентификувани жртвите од нападот во Питсбург


Единаесетте жртви од нападот во синагогата во Питсбург, Пенсилванија, се идентификувани. Претставници на власта соопштија дека убиените се на возраст меѓу 54 и 97 години. Меѓу нив се браќа и брачна двојка. Претходно беше соопштени дека се убиени три жени и осум мажи. Сторителот на нападот Роберт Бауерс (46) беше ранет при престрелка со полицијата. […]

Еден милион Британци потпишаа петиција за втор референдум за „Брегзит“


Еден милион луѓе се потпишале петиција, која е иницирана од британскиот весник „Индипендент“, за одржување втор референдум за „Брегзит“, пишува весникот. Петицијата започна пред три месеци откако разговорите помеѓу Лондон и Брисел влегоа во ќор-сокак. Камен на сопнување за излез на Британија од ЕУ беше режимот на контрола на границата меѓу Ирска, која останува членка […]

Првото породување во вселената закажано за 2024 година


Научниците веруваат дека породувањето во Вселената би можело да стане реалност за шест години, колку тоа и да наликува на научна фантастика. Компанијата „Спејс лајф ориџин“ (SpaceLife origin) со седиште во Холандија објави дека планира првото породување во вселената да се случи во 2024 година, поради што бара доброволци. Портпаролот на фирмата изјави дека мисијата […]

Продавач на сладолед од Пакистан стана несуден милијардер


Пакистанскиот продавач на сладолед Мухамед Абдул Кадир стана милијардер без да е свесен за тоа. Тој бил жртва во случај на измами со отворање лажни банкарски сметки, а една била отворена на негово име со копија од неговата лична карта. Продавачот на сладолед дури откако бил приведен од страна на пакистанските власти дознал дека на […]

Претседателски избори во Грузија


Во Грузија утрово се отворени избирачките места на кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за едeн од 24 кандидати за претседател. Владејачката Партија на соништата ја претставува Салома Зурабишвили (66), која беше амбасадорка во Франција и министерка за надворешни работи од 2004 до 2005 година. Во случај на победа, Зурабишвили би била […]

Во нападот во Питсбург загинаа 11 луѓе


Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци. Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на […]

Мајкл Хигинс реизбран за претседател на Ирска


Ирскиот претседател Мајкл Хигинс освои втор мандат откако доби 55,8 проценти од гласовите на изборите. – Претседателството не припаѓа на едно лице туку на народот на Ирска. Ќе бидам претседател на сите луѓе, и на оние кои гласале за мене и на оние кои не гласаа, истакна синоќа Хигинс. На претседателските избори што се одржаа […]

Обид за самоубиство пред ерменската Влада


Маж се обиде да се разнесе со граната пред зградата на Владата на Ерменија во Ереван, но безбедносните служби го спречија, соопшти денеска Националната безбедносна служба. Инцидентот се случи синоќа која 43-годишниот маж се обиде да влезе во зградата и да ја активира експлозивната направа. Мажот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава. […]

Сопственикот на Лестер се наоѓал во урнатиот хеликоптер


Сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба, се наоѓал во хеликоптерот што синоќа се урна веднаш по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ непосредно по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од семејството на тајландскиот милијардер. За Шриваданапраба вообичаена пракса била да доаѓа и да си оди од натпреварите на […]

Де Мистура: Kонструктивен разговор на самитот во Истанбул


Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, го оквалификува како конструктивен дијалогот на мултилатералната средба на врвот за Сирија во Истанбул. „Спроведовме корисна, конструктивна и интензивна дискусија со лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција“, наведе Де Мистура, истакнувајќи дека средбата е многу важна. Во Истанбул денеска се одржува мултилатерален Самит каде се […]

Напад на синагога во Питсбург, најмалку осум мртви


Вооружена група влегла во синагога во Питсбург, Пенсилванија и отворила оган на присутните, соопштуваат американските медиуми, а пренесува и тв мрежата Си-Ен-ЕН. Полицијата и припадниците на итната служба, според тие извештаи, стигнале во синагогата конгрегација – Дрво на животот, која на интернет страницата се опишува себе си како традиционална, прогресивна и егалитарна заедница, околу 14 […]