Би-Би-Си не ги плаќа исто мажите и жените


Одборот на британскиот Парламент денеска соопшти дека јавниот сервис Би-Би-Си не ја исполнил својата обврска еднакво да ги плаќа мажите и жените за исти работни места. Во соопштението на парламентарниот Одбор се наведува дека во Би-Би-Си системот на плати е заснован на „опасен систем на дискрециско право на менаџерот“. Би-Би-Си настојува да го реши овој […]

Во Њујорк пронајден сомнителен пакет адресиран до Роберт де Ниро


Њујоршката полиција денеска интервенирала во врска со информации за „сомнителен пакет“ пронајден на Менхетн, по серијата пакети бомби испратени до високи функционери демократи и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп. – Ве молиме, избегнувајте ја областа и очекувајте полициско присуство и густ сообраќај, напиша њујоршката полиција на Твитер. За сега не е познато дали инцидентот […]

Хрватска го доби „првото куче“: Кика ќе ја чува Колинда


Хрватска го доби своето „прво куче“. Шестмесечната Кика, микс од лабрадор и териер го освои срцето на претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ при нејзината неодамнешна посета на засолништето за животни во Вировитица. Таа одлучи да го земе за себе, па кучето од вчера е официјален жител на Пантовчак. Загрепските медиуми пишуваат дека претседателката самата ја […]

Голем шумски пожар на Халкидики


Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики, а силниот ветер бргу ги прошири огнените јазици. Како што јави дописничката на МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони. Гори борова шума, а […]

(ВИДЕО) Вицот на Путин на кој се насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД


Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон се нашали поради нетрпеливоста на САД кон Русија. „Ако добро се сеќавам, на американскиот грб е прикажан орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, што претставува симбол на мирољубива политика“, рече Путин […]

Принц Салман: Случајот Кашоги е мачен, но правдата ќе победи


Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“. – Убиството на Кашоги е гнасно злосторство што не може да се оправда, посочи принц Салман. Тој во обраќањето на инвестицискиот Самит во Ријад истакна дека виновниците ќе бидат казнети, а Саудиска Арабија и […]

Трамп најави истрага за сомнителните пакети во САД


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во Америка нема место за закани со политичко насилство. Тој притоа вети целосна истрага за сомнителните пакети испратени на познати политички личности во САД. – Целата сила на нашата Влада ќе биде искористена за оваа истрага и за изведување на одговорните пред лицето на правдата. Нема да штедиме […]

Путин се сретна со италијанскиот премиер


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте со кого се заложија за јакнење на економските врски и покрај санкциите на ЕУ кон Русија поради украинската криза. Конте за време на првата посета на Москва откако дојде на власт, рече дека Русија е еден од главните актери на меѓународната политичка […]

Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции за одговорните за убиството на Кашоги


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со саудискиот крал Салман изјавил дека Франција е подготвена, во соработка со партнерите, да воведе „меѓународни санкции“ против одговорните за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Како што соопшти Елисејската палата, Макрон побарал од кралот да ги расчисти сите околности кои довеле до убиството на новинарот. – […]

Чешка повлекува дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија


Чешка ќе повлече дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија, како реакција на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек. Според портпаролката на Министерството, човекот за врска за земјоделство на чешката амбасада, кој бил поставен од чешкото Министерство за земјоделство ќе ја напушти амбасадата. Убиството на Кашоги во Конзулатот […]

Голем број сомнителни пакети испратени на адреси на американски демократи


Демократскиот гувернер на државата Њујорк, Ендрју Куомо, изјави денеска дека  сомнителна експлозивна направа била испратена и во неговиот кабинет, со што стана уште едно име на листата демократи, на кои им беа испратени такви закани кои ги осудија и републиканските челници и Белата куќа. – Не би ме изненадило да се појават и други експлозивни […]

Трамп го осуди испраќањето на пакети цо екслозив


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го осуди испраќањето сомнителни пакети во домовите на Бил и Хилари Клинтон, Барак Обама, како и во седиштето на Си-Ен-Ен и компанијата „Тајм Ворнер”. Трамп ја сподели пораката на американскиот потпретседател Мајк Пенс напишана на Твитер и рече дека „целосно се согласува”. Белата куќа, исто така, издаде соопштение во кое […]

Сомнителни експлозивни направи испратени до семeјствата на Обама и на Клинтон


Федералните власти ги испитуваат сомнителните пакети со експлозивни направи испратени до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон, соопшти Тајната служба. Сомнителен пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата. Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше […]

БиХ: Украдени 30 метри од челичен мост


Неидентификувани лица украле околу 30 метри од челичен мост во Зеница, соопшти компанијата „БХ-гас“. За време на редовната инспекција на гасоводот, на подрачјето на општина Зеница, било забележано дека на преминот преку реката Босна недостигаат околу 30 метри од мостот. Преку овој мост минува магистралниот гасовод во последните 40 години, а преку него гас добива […]

Индонезиските полицајки принудени на „инвазивен тест за невиност“


Индонежанките кои сакаат да станат полицајки, принудени се за време на регрутирањето да направат „инвазивен тест за невиност“. Една од нив изјави и дека тестовите не ги извршуваат медицински експерти, стои во извештај на меѓународната организација Хјуман рајтс воч. – Секогаш кога ќе се сетам на тоа, плачам. Тогаш се чувствувам како да не ми […]

Саудискиот крал и принц се сретнаа со семејството на Кашоги


Саудискиот крал Салман и неговиот син престолонаследникот Мохамед бин Салман вчера го примија семејството на убиениот новинар Џамал Кашоги, јавија саудиските државни медиуми. Тие се сретнаа со синот на Кашоги, Салах Кашоги и братот Сахел. Како што е соопштено, саудиските лидери му изразиле сочувство на семејството на новинарот. Фотографијата на која принцот му изразува сочувство […]

НАСА објави фотографии од санта мраз со совршена правоаголна форма


НАСА објави фотографии од огромна ледена плоча на Антарктикот со совршен геометриски правоаголен облик. Се работи за совршено четириаголно парче мраз, долго околу еден километар, кое научниците го нарекоа „брег табла“. Вакви совршени рабови и агли од 90 степени ретко се гледаат во природата, коментира списанието „Сајенс Алерт“. Ледената плоча се наоѓа на источниот брег, […]

БМВ повлекува околу 1,6 милиони возила поради ризик од пожар


Германскиот производувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милиони дизел возила во Европа и Азија заради потенцијална опасност од пожар во нивните мотори. Повлекувањето доаѓа по истрагата на БМВ, со која е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот може да доведе до […]

„Вашингтон пост“: Арапските земји се плашат дека случајот со Кашоги ќе направи нестабилност


Во арапскиот свет се шират брутални шеги како што е популарната карикатура на Твитер насловена „Саудиска дипломатска чанта“ која прикажув дрвена кутија полна со пили, бормашини и длета, пишува „Вашингтон Пост“. Во владите во регионот сепак на малкумина им е до смеење откако Саудиска Арабија и нејзиниот престолонаследник принцот Мохамед Бин Салман се соочи со […]

Абе: Јапонија сака да потпише мировен договор со Русија


Јапонската Влада планира да потпише мировен договор со Русија, изјави денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Обраќајќи се пред јапонскиот Парламент, тој рече дека тие односи моментално се во „абнормална состојба“, како и дека двете држави немаат потпишано мировен договор повеќе од 70 години. – Врз основа на односот на доверба со рускиот претседател Владимир Путин, […]