Утре без струја дел од општина Центар


  Од 08.00 до 14.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците од улицата „9 Мај“, дел од „Рузвелтова“, „Христо Смирненски“ и дел од „Теодосиј Гологанов“, додека од 09.00 до 09.20 часот, корисниците на улицата „Васил Главинов“ бр.7Б.

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД


Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше […]

Герасимовски до „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“: Чистете и во Центар!


Општина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето. До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни […]

Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла


Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се […]

На денешен ден пред 97 години, Скопје било погодено од големата поплава


Ноќта меѓу 22 и 23 август 1929 година, Скопје било погодено од голема поплава предизвикана од обилните врнежи во Скопската Котлина. Според извештајот објавен непосредно по настанот, најкритично било околу 21:30 часот. Водата од северните и северозападните делови на котлината се движела кон Радишани и Бутел, а потоа се разлевала кон Чаир, Топанско Поле и […]

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии


Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на диви депонии и отстранување на последиците од невремето. Вчера и денеска, со два багери и два камиони, општинските екипи работат на расчистување на натрупан отпад во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало. Паралелно се продолжува и со расчистување на локациите зафатени од невремето, […]

ЦУК: Со авиони, хеликоптер и „пинцгауери“ се гаси пожарот кај Палиград и Китка


Сите расположливи ресурси се ангажирани во гаснењето и ставањето под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како […]

СДСМ: „Сè може да чека, само авионот не“


СДСМ ја ккритикува Владата на Христијан Мицкоски поради најавите за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека власта покажува погрешни приоритети и дека, како што велат, избира луксуз за функционерите наместо подобар животен стандард за граѓаните. Од партијата се повикуваат на изјавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, дека идејата за нов владин авион не […]

Избегната катастрофа во прилепско Бонче – спасени куќите (видео)


Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна. „Утрово околу 4 часот, ветер како […]

Осум активни пожари во осум општини, вкупно 31 пожар во изминатото деноноќие


Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на […]

Многу топло – попладне можно невреме


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до […]

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола


Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото […]

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор


Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина […]

ЕБР одбележа 25 години постоење


Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна […]

Обвинителството заврши со собирање докази за случајот „Пулс“, Министерството за економија нема поврзаност со трагедијата


По девет месеци, фазата на докази предложена од Обвинителството во случајот „Пулс“ е завршена и одговорноста за случајот полека се разјаснува. Во овој период, сослушани се сведоци и спроведени се материјални и вербални докази во врска со случајот. Еден од главните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, […]

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор


Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. […]

Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот „Борис Трајковски“


Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот „Борис Трајковски“, денеска од 16:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, ќе бидат корисниците од краците 8, 10 и 12, кои се приклучени на булеварот „Борис Трајковски“. Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санирање на […]

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“ се преуредува во зелена оаза


Просторот на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, кој изминатите години беше запуштен и меѓу граѓаните познат како „ливада“, се наоѓа во фаза на целосно хортикултурно и инфраструктурно уредување, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според информациите, на просторот веќе се изведуваат активности за поставување ново зеленило и хортикултурно обликување, со цел површината да се […]

МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот на Табановце нормализиран


Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци. Како дополнителна мерка, во функција е […]

Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино


На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина […]