Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега


 Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.  -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот […]

Општина Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска


Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи […]

Герасимовски контра ВМРО: За изработка на мобилната апликација Општина Центар не потроши ниту еден денар


Очигледно, во недостаток на конкретни идеи, предлози и проекти за граѓаните на Центар, ВМРО-ДПМНЕ одлучи и денеска да продолжи со истата манипулација што ја пласираше вчера, реагираше со соопштение градоначалникот Горан Герасимовски. Иако фактите им беа јасно и прецизно соопштени, повторно ја повторуваат лагата дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за изработка на мобилната […]

Возовите денеска ќе возат побавно поради високите температури


Екстремните горештини донесоа привремено ограничување во железничкиот сообраќај во земјава. Возовите денеска во периодот од 11 до 17 часот ќе се движат со максимална брзина од 50 километри на час. Мерката е превентивна и има за цел да се намали ризикот од деформации на железничката инфраструктура предизвикани од високите температури. При силна топлина металните шини […]

Без вода дел од Горно Лисиче и село Лисиче


Од 11:00 часот денеска вода нема да имаат корисниците на дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче и село Лисиче. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа на „Ѓорги Капчев“. Вода нема да има до завршување на зафатот. 

Ратевските бамбурци прогласени за нематеријално културно наследство на Македонија


„Ратевските бамбурци“ се прогласени за нематеријално културно наследство на Македонија, што претставува значајно признание за една од најавтентичните традиции на Ратево и Малешевијата. Според Општина Берово, традицијата на Бамбурците се негува повеќе од пет века и се пренесува од генерација на генерација. Преку препознатливите маски, обреди и симболика, Ратевските бамбурци претставуваат живо сведоштво за богатото […]

На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час


На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.  Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на […]

Вториот пензиски столб е ставен во ризик – власта сака да посегне по парите, вели Филипче


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, синоќа во интервјуто во „Тема на денот“ на телевизија Сител, предупреди дека вториот пензиски столб е ставен во ризик и дека власта размислува да посегне по средствата што граѓаните ги издвојуваат за своите идни пензии. Филипче потсети дека во време на Владата на СДСМ пензискиот систем се менаџираше одговорно […]

Петровец и околината седум часа без струја


Поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа, жители од неколку скопски приградски населби и села денеска се соочуваат со повеќечасовен прекин на струјата. Од ЕВН Македонија АД соопштија дека струја нема да има во делови од општините Петровец и Гази Баба, при што на одредени локации исклучувањата ќе траат и до седум часа во текот на […]

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати


Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и […]

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон


 Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до […]

Сончево и многу топло


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 22 август 2026 година, 234-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 131 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 24 минути. Денов трае 13 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

AI Tech Summit „Filip Avramchev“ повторно ги носи глобалните ВИ лидери во Скопје


Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал. На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот […]

По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието


  Да се провери дали персоналот вработен во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на водата за пиење спроведена од страна на овластени правни лица. Ова е една од препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Гостивар, еден месец откако во […]

Пожарот над Никушак е под контрола (видео)


Пожарот над Никушак е под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојачнче Ангелов.  Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите […]

Утре портокалова фаза секаде – температурите до 41 степен Целзиусов


Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до […]

Вандализам на Попова Шапка: Со брусилица уништиле или оштетиле над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв


Здружението за Одржлив Развој САТ – Скопје информира дека повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на релација Попова Шапка-Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Столбовите биле сечени со брусилица. Овој вид на зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со […]

Училишна кошничка со попуст до 15 отсто – предлага Министерството за економија и труд


Производите во рамки на т.н. училишна кошничка ќе бидат означени и поставени на видно место, со јасно истакнати цени, а попустот ќе биде прикажан и на самата фискална сметка Пред стартот на новата учебна година, Министерството за економија и труд до Владата достави предлог-одлука за воведување училишна кошничка за попуст на училиштен прибор до 15 […]