Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот „Борис Трајковски“
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот „Борис Трајковски“, денеска од 16:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, ќе бидат корисниците од краците 8, 10 и 12, кои се приклучени на булеварот „Борис Трајковски“.
Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санирање на дефектот.