Досега потврдени 44 случаи на западнонилска треска


Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на […]

Ноќна дезинсекција низ Карпош


Вчеравечер, стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Ноќеска се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината, поточно на улица Ловќенска 4 во населбата Козле и на […]

Специјализирано возило вечерва ќе прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода


Градоналаничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ќе спроведат редовна акција за дезинсекција. Третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. Како што посочи градоначалничката, прскањето ќе се реализира во периодот од […]

Објавената фотографија за телето што е спасено во Македонија е – од Калифорнија


Tелето од фотографијата што ја испрати директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али е од Калифорнија.  Откако дел од новинарите му укажаа дека испратил фотографија која не е од Македонија, туку е од пожар во Калифорнија што се случил во 2020 година, директорот Али се извини. Според него, случката е вистинита иако фотографијата […]

Сиљановска-Давкова се сретна со Славески, во фокусот макроекономската стабилност и финансиите


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика, соопштија од Кабинетот на Претседателката. Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и […]

Чадот од пожарот на Жеден се спушти до Скопје (видео)


Зачаденоста на Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во близинана селото Бојане, и од тетовска сега се префрла на скопска страна, потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Тој со хеликоптер го надлета Водно и потврдува дека ништо не гори на планината до Скопје.  Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево Ангелов преку видео-порака. […]

Се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа, вели Николоски


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово, кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира […]

Пет активни пожари на отворено во државата


Пет пожари од вкупно 14 регистрирани на отворен простор денеска до 13 часот, се сè уште активни. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општините Студеничани и Зелениково. – Во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во […]

Се обновува пешачката патека крај Вардар од Ново Лисиче до Влае


Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото […]

Почна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници


Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите – посочи министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на првата работна сесија со тимот што ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на […]

Во штипските основни и средни училишта новата учебна година ќе ја почнат 5.569 ученици


Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека  вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика.  -Што […]

УХМР најавува невреме попладнево


Денес, времето претпладне же биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне кон крајот на денот. Во […]

Уништени над 27,5 тони млеко од Косово со зголемено присуство на афлатоксин


Млеко увезено од Косово е запленето и уништено поради зголемено присуство на афлатоксин. Млекото е запленето на граничниот премин Блаце. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство […]

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди Филипче


ПЕТ скенот од кој зависи животот и здравјето на најболните пациенти од рак работел само еден ден, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој ја повика власта ведшаш да биде поправен бидејќи веќе два ипол месеци им го загрозува лекувањето на болните од рак. -Само еден ден работеше ПЕТ скенот и сега повторно е надвор […]

ЛДП ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот


Либерално-демократска партија ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот додека се фали дека обезбедува нови летови за Македонија, а реално ја сопира конкуренцијата.   -Под превезот на фалењето на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за „новите 28 авиодестинации“ се крие исклучително опасна состојба во македонскиот авиосообраќај. Наместо слободен пазар, еднакви можности и подобри услови за патување, македонското […]

Левица: ​​​​Една година без исплати за лицата со попреченост


Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да […]

Артан Груби седна во обвинителна клупа


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почна предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги […]

Македонското слово како мост меѓу културите на 59. Меѓународен семинар во Охрид


Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамки на 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид. На Семинарот учествува и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, […]

Регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни


Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и […]

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната […]