Премиерата на „Утре наутро“ на Јани Бојаџи наполни четири сали во Синеплекс


Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи, синоќа ја доживеа својата премиера пред голем број публика која исполни четири сали во Синеплекс. Приказната за две жени кои бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска, ја […]

Времето запира…..кога позира Никола Ристановски


Со својот маркантен изглед и поглед, нашиот најнаградуван актер во театарот и на филмот, Никола Ристановски, раскажува што значат секунда храброст, минута љубов и еден час надеж во кампања за швајцарски бренд на машки рачен часовник. Секој маж заслужува часовник со кој ќе се гордее. Дури и Ристановски. Никола Ристановски со уште една награда во […]

„Јазикот“ од Михајло Свидерски се рецитираше во вагоните и станиците на Софиското метро


Македонскиот културно-информативен центар во Софија годинава повторно е дел од европската поетска сцена на 10-то јубилејно издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“, кое се реализира од 18 ноември до 15 декември 2025 година, велат од КИЦ во Софија. Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од […]

„Тринаесеттиот“: Лидија Димковска со нов роман за големи и мали


Во издание на Издавачки центар ТРИ пристигна ново дело од познатата авторка Лидија Димковска. „Тринаесеттиот“, со поднаслов „Современа бајка за мали и големи“, е прв роман на авторката од овој жанр. За квалитетите на прозата на Лидија Димковска сведочат многубројните читатели и наградите, од кои се издвојуваат – двапати „Стале Попов“ на Друштвото на писатели […]

„Оган и ништо“ – по речиси половина век, нов избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик


По речиси половина век од објавувањето на претходниот, прв избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик, објавен е нов избор од творештвото на големиот српски и јужнословенски поет што меѓу првите ја ослободи книжевноста од пригодноста и дидактичноста, од практицистичките и прозаични, чисто фолклористички потреби. „Матица македонска“ го објави изборот „Оган […]

Промоција на романот „Татковите книги“ од Луан Старова во Букурешт


Во Библиотеката „Ион Креанга“ во Букурешт, се одржа промоцијата на романот „Татковите книги“ од академикот и истакнат книжевник Луан Старова. Настанот, како што се наведува во соопштението, беше организиран од издавачката куќа Аздрени од Крајова и асоцијацијата Лига на Албанците во Романија (АЛАР), во партнерство со Библиотеката „Ион Креанга“. На промоцијата присуствуваа пратеникот Богдан-Алин Стоика, […]

Гала изложба: Музејот Метрополитен во мај ќе ја истражува врската меѓу облеката и телото


Њујорк – Метрополитен музејот на уметност ја објави својата голема изложба на Институтот за костуми за пролетта 2026 година, Уметност на костуми, и инаугурацијата на значителни нови галериски простори. Отворајќи се на 10 мај 2026 година, изложбата ќе ја истражи централната улога на облеченото тело преку создавање динамичен дијалог помеѓу облеката од Институтот за костуми […]

„Охридско лето“ и „Профундис“: Безвременско музичко патување под магија на свеќите во Филхармонија


Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“  на 29 ноември во Македонската филхармонија  преку концертот на  Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Оваа национална установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден  пост-фестивалски концерт на 20 декември  во Центарот за култура во […]

Солистички концерт на пијано на Дуња Иванова, со музика од Давор Јордановски


Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од македонскиот композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата […]

МНТ со „Ничија земја“ гостува во Националниот театар во Будимпешта


Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе гостува на сцената на престижниот национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија, со наградуваната претстава „Ничија земја“, соопшти националната установа. – Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, што го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила […]

Почнува јубилејното 50. издание на МОТ


Под насловот „Нашите во светот“, од денеска до 25 ноември ќе се одржува јубилејното 50. издание на Млад отворен театар (МОТ). Фестивалот ќе понуди внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, а годинава го насочува вниманието кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и постојано отвораат нови сценски хоризонти. -Јубилејното издание ја […]

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја […]

Објавен конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР  за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година. Како што информираат од […]

Свечено отворање на Мултимедијалната читалница во НУБ и промоција на фототипни изданија за македонскиот јазик


Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје денес (вторник/18.11.2025 год.) во 12:30 часот ќе биде свечено отворена Мултимедијалната читалница и истовремено ќе биде промовирана едицијата на фототипни изданија „НУБ за македонскиот јазик“. Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски […]

Почнуваат информативните сесии низ Македонија за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“


Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, од денеска почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ („Култура“ и „МЕДИА“) во просториите на „Europe House“ во повеќе градови во земјава.  Првата сесија се одржува денеска од 12:00 до 14:00 часот во Струга, утре е […]

Балетската претстава „Госпоѓа Бовари“ вечер и на 21 ноември на сцената на НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од романот на Гистав Флобер. Балетот ќе има уште една изведба на сцената на НОБ – на 21 ноември. – Балетот инспириран од истоимениот роман ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и […]

Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи утревечер премиерно во „Синеплекс“


Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи утревечер премиерно ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“. По премиерата, ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија и веќе се закажани проекции во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка. Сценариото е на Јани Бојаџи, кој е и продуцент и композитор. Извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на […]

Отворање мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“


Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде отворена новата мултимедијална читалница каде што ќе се одржи промоција на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“. Како што информираат од НУБ „Св. Климент Охридски“, датумот за отворање на новата мултимедијална читалница е симболично избран поради роденденот на Крсте Петков […]

Отворање на 15. Биенале за млади уметници во МСУ – „Утрото започна вчера“


 Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворено 15. Биенале на млади уметници (БМУ), двегодишна меѓународна манифестација курирана од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки. Како што информира МСУ-Скопје,  годинашното биенале се развива низ четири поглавја под заедничката тематска рамка „Утрото започна вчера“, инспирирана од циклусите на […]

Режисерот Иштван К. Сабо е добитник на наградата „Јон Карамитру 2025“ во Битола


Во Народниот театар во Битола, на отворањето на „Шекспир фестивал“, Академија Балканика Европеана ја одржа својата свечена церемонија за доделување на наградата „Јон Карамитру 2025“.   Наградата, која Академијата ја доделува во соработка со Романскиот институт за култура, (IRC) е именувана по Јон Карамитру — познатиот романски актер, режисер и прв претседател на академијата. По […]