Македонија стана полноправна членка на ТРАДУКИ


Македонија едногласно беше примена како полноправна членка на Европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ. Деновиве во Базел, Швајцарија се одржува редовната годишна средба на претставниците на земјите – членки на оваа мрежа. На настанот, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ги потпиша формалните документи за членство, а нашата делегација веќе учествува полноправно во работните тела […]

Отворена најголемата библиотека со 1.2 милиони книги


Во Кина отворена е библиотека со неверојатни 1,2 милиони книги. Оваа зграда изгледа неверојатно со сферичниот аудиториум во самиот центар на библиотеката која потсетува на големо око. Таа се наоѓа во Бинхаи областа во Тианјин и има пет ката. Дизајнирана е од холандксата дизајнерска компанија MVRDV. Зградата има 34.000 квадратни метри и градена е четири […]

Во Илинден изложба на слики од ликовната колонија во Ораовица


Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија во манастирскиот комплекс „Свети Георгиј” во радовишкото село Ораовица, е отворена во Домот на културата во општина Илинден. На изложбата се претставени над 40 слики од 18 автори од земјата и од странство, создадени за време на ликовната колонија. Посетителите на изложбата имааат можност да видат повеќе дела […]

Македонската филхармонија ќе донира за лекувањето на малата Валерија


Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекувањето на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, која боледува од тумор на мозокот. Приходот од продадените билети за симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија, стои во […]

Премиера на „Бракот е брак“ во Театар Комедија


Претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска, работена според „Просидба“ од Антон Павлович Чехов ќе биде премиерно изведена вечер во Театар Комедија во Скопје. Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката е на Енес Беговски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска. Ова […]

Заврши првиот театарски фестивал во Гостивар, најуспешна „Вечера од трошки“


Со прогласување на најуспешните синоќа во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше затворено првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Отело“. Театарската претстава „Вечера од трошки” во изведба на Албанскиот театар од Скопје ја доби првата награда. Стручното жири во состав Музафер Етеми, Сулејман Рушити и Музафер Етеми ги прогласи и најуспешниот режисер, актер и […]

Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп


Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп почнува денеска во Драмскиот театар во Скопје во организација на Здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“ од Скопје. Во рамки на програмата ќе има повеќе претстави, чија изведба денеска почнува во 11 часот. На фестивалот ќе учествуваат аматерски […]

Детска ликовна работилница во Кумановскиот музеј


НУ Музеј Куманово денеска организира „Детска ликовна работилница“, во рамки на проектот „Сподели богатство“ поддржан од Министерството за култура. На работилницата учествуваат деца на возраст од 7 до 11 години од основните училишта во Куманово. – Проектот има за цел да ги запознае децата уште од најрана возраст со музејската дејност, значењето на музејските предмети […]

Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ и објавен промотивен спот


Снимена е првата сезона од играната серија „Македонија“ која ги промовира темелните човекови вредности и објавен е промотивен спот, соопшти денеска Друштвото за филмска и видео продукција Јадран филм. – Објавувањето на спотот е првиот чекор што го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста и во транспарентен процес ќе ги надминеме сите […]

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов“ од архитект Живко Поповски


Книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ утревечер ќе биде промовирана во Музејот на Град Скопје. Книгата е приредена од Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја, а во издание на Приватен принт Скопје. За книгата, а и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин […]