Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Сплит


Претставата „Синиот портокал“ на велешкиот  Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва ќе ја гледа публика во Градскиот реатар во  Сплит, Хрватска. Гостувањето на „Синиот портокал“ е дел од програмата на манифестацијата „15. Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во Хрватска и од Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Претставата е по […]

„Синедејс“ во МКЦ од 3 до 10 декември – повикт за дводневен хакатон за филмски маркетинг


Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со престижните европски маркетинг-агенции „Алфанда“ (Alphapanda) и „Лакитајм“ (Luckytime), го објави повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг којшто ќе се одржи од 4. до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на […]

НЏЗ со „Македонски сновиденија“ вечерва во Виена


Националниот џез оркестар ќе настапи во реномираниот џез клуб Porgy & Bess вечерва во 20.30 часот, како дел од турнејата „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams). Ова е третиот и последен настап на македонските џезери предводени од диригентот Владимир Николов, како дел од мини-турнејата што ги опфати и Будимпешта и Прага. Macedonian Dreams е уникатна фузија на […]

„Јазикот“ од Михајло Свидерски ќе се чита во вагоните и станиците на Софиското метро


Десеттото издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“ ќе се реализира од 18-ти ноември до 15-ти декември 2025, кога во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Македонскиот културно-информативен центар за втори пат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија, […]

„Диџеј Ахмет“ на Унковски доби шест награди на три различни фестивали во еден викенд


Филмот „Диџеј Ахмет“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, овој викенд постигна исклучителен меѓународен успех, освојувајќи шест престижни награди на три европски филмски фестивали во само два дена. -Од својата премиера, „Диџеј Ахмет“ постојано добива одличен прием кај публиката – гледачите по проекциите со ентузијазам споделуваат дека филмот ги изненадил, трогнал и воодушевил. […]

МНТ со „Ничија земја“ излегува на европската сцена и ќе гостува во Националниот театар во Будимпешта


Македонскиот народен театар в среда ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“.  Гостувањето, како што информираат од МНТ, е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и […]

Пијано рецитал „Скопје во петолиние 2028“ на Давид Павиќ


 Во Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе се одржи пијано рецитал „Скопје во петолиние 2028“ на  Давид Павиќ. Преку својот личен уметнички израз, Павиќ ќе ги претстави делата на македонските композитори во ново светло.  Како што информира КИЦ-Скопје, се работи за македонска музичка приказна во чест на Скопје, Европска престолнина на културата 2028 век.  – […]

Промоција на книгите „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами


Книгите  „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“ денеска ќе бидат промовирани во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгите  ќе ги промовираат проф. д–р Димитар Пандев и проф. д–р Мишел Павловски. Бобан Карапејовски е роден во 1987 година во Тетово, каде завршил основно и средно образование. […]

„Јон Вардар“ награден со „Сребрен Чин“ на фестивал во Њу Делхи


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата „Сребрен Чин“ доделена од детското жири на 19. издание на CHINH India Kids Film Festival & Forum, што се одржа од 9 до 14 ноември во Њу Делхи, Индија. CHINH фестивалот е една од водечките азиски платформи посветени на детски филм и медиумска […]

Јубилеен концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“


Градскиот мешан хор „Вардар“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи за завршен концерт од проектот „Од Вардар за Вардар“ по повод 25-годишниот јубилеј. Како гости на концертот ќе настапат: Градскиот камерен хор „Астибо“ –Штип и Градскиот мешан хор „Балтепе“ –Тетово. Диригенти на концертот ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска – […]

Приказната за Силјан на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors


Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните Cinema Eye Honors, едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција. Филмот ја освои номинацијата за Audience Choice Prize, признание со особена тежина во документарниот свет. Од Cinema Eye Honors истакнуваат дека „Audience Choice […]

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани


Младинскиот хор од Солун вечер во 18:30 часот,  во малата сала на Филхармонијата во Скопје ќе одржи концерт насловен „Wandering Echoes“. Хорот на Музичкото училиште во Солун ќе се претстави со посебна програма за ова прилика која вклучува широк спектар од традиционални грчки и модерни мелодии. Во пресрет на концертот во Скопје што воедно ќе […]

Мишел Јео ќе добие почесна Златна мечка на Берлинале 2026


Добитничката на Оскар, актерката Мишел Јео, ќе биде наградена со почесна Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал како признание за нејзините извонредни достигнувања во филмот и киното, објави фестивалот во петок. Ѕвездата на „Сè насекаде одеднаш“ ќе ја прими наградата на церемонијата на отворањето на 76-тото Берлинале на 12 февруари 2026 година. „Мишел Јео е […]

„Варвари“ на Горки и Милчин ја собра скопската елита во МНТ (фото)


Премиерата на „Варвари“ на Максим Горки, последната претстава на режисерот Владимир Милчин во МНТ , која за првпат се поставува на театарска сцена, и актуелна во сегашниов миг, иако напишана во 1906 година, ја собра скопската елита од сите сфери и генерации, синоќа, во Македонскиот народен театар, во годината кога одбележува 80 години од постоењето. […]

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ во НОБ на 18 и 21 ноември


Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноемвриво 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – […]

„Арс-Ламина“ со нова едиција: Промоција на „Големи зборови за мали уши“ на Светскиот ден на детето


На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата „Големи зборови за мали уши“, на издавачката куќа „Арс Ламина“. Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред публиката ќе се обратат авторите на сликовниците. По минатогодишното претставување на првата книга од едицијата, […]

Со театарската претстава „Макбет“ почнува „Битола Шекспир фестивал“


Со роденденска премиера на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Иштван Сабо од Унгарија, Битолскиот театар денеска одбележува 81 година од денот на формирањето и почетокот на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Главната улога, ликот на Макбет го игра Мартин Мирчевски, а заедно со него во најновиот проект вклучени се четириесеттина професионалци, актери и […]

Изложба „Стопен град“ на Игор Сековски во Чифте амам


Изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски вечер ќе биде отворена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам.  Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам и Националната галерија на Република Северна Македонија и ќе биде поставен до 27 ноември. Кураторот Ана Франговска пишува дека со проектот „Стопен град“, Игор Сековски […]

Почина поетесата и лектор Славица Свидерска


Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека вчера, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на […]

Недела на јапонски филм по 18.пат во Кинотека


Од 13 до 18 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, […]