„Слугинките“ на Агнес Нокшиќи и ВР перформанс вечерва на 50 МОТ


Текст и танц низ 15 сцени, вешто споени во кореографско – драмско дело кое ја има улогата на театарско огледало, во кое не само што ќе се огледаат „Слугинките“ на Жан Жане, туку режисерката Агнес Нокшиќи овозможува да се огледа и секој еден од публиката. Приказната го истражува сложениот однос љубов-омраза помеѓу две слугинки, госпоѓа […]

Гала оперски концерт во НОБ со оперската дива Инва Мула на 28 ноември


  На сцената на Македонската опера и балет на 28 ноември 2025 година, во 20 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан […]

Две проекции во Кинотека по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Австралија и Македонија


Австралиската амбасада во Белград, Србија, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија ја има честа да ве покани на краткиот Фестивал на австралиски филм на 28-ми и 29-ти ноември. Настанот се организира по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Во петок, 28-ми ноември, […]

„Александар јава на запад“: Венко Андоновски со нов роман, различен од сѐ што напишал досега


Во издание на Издавачки центар ТРИ денес пристигна најновото дело на Венко Андоновски, . Андоновски е автор, меѓу другото, на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 5 романи, 1 прирачник за креативно пишување, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм. И покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“ не припаѓа во […]

Зоран Кесиќ со „Приказни и песни“ во Филхармонија


Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“. Во Македонска Филхармонија во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност. -„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, […]

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево


Во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, вечер во 19 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при УКИМ во Скопје. Проектот […]

„Коштана“ на Народен театар Ниш на 50. Млад отворен театар


Во МКЦ Скопје, сала Фросина, вечер во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Коштана“ на Народен театар Ниш, во режија на Јана Маричиќ,  како дел од програмата на 50. Млад отворен театар, што се одржува од 19 до 25 ноември во Скопје.  Во претставата играат Уна Костиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Александар Маринковиќ, Данило Миленковиќ, Евгенија […]

Концерт на Фолтин вечерва во Филхармонија


Македонската група Фолтин, која годинава одбележува јубилејни 30 години постоење вечерва во 20 часот во салата на Македонска Филхармонија ќе одржи концерт, во организација на МГ Мјузик Продукција. Фолтин е основана во 1995 година во Битола и има десетина студиски изданија, како и потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени”, […]

Со едицијата „Големи зборови за мали уши“ тешките зборови стануваат лесни приказни


Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, синоќа, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана едицијата „Големи зборови за мали уши“ од издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на едицијата „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, […]

„Инфраред – уметност на иднината“: Групна изложба на осум хрватски уметници на 25 ноември во Мала станица


Во рамките на Годишната програма на Националната галерија на Македонија, на 25 ноември, во 20 часот, во објектот Мала станица ќе биде отворена групната изложба под наслов „Инфра ред – уметност на иднината“. Во рамките на изложбата, на 26 ноември 2025 година (среда), во 19 часот (објект Мала станица), Ивана Ожетски ќе одржи презентација под наслов […]

Ретроспектива на Марк Рапапорт во Кинотеката


Кинотеката на Македонија, во соработка со Ми Филм, од утре до 27 ноември ќе организира  ексклузивна ретроспектива  посветена на американскиот режисер, сценарист и пионер на експерименталниот есеистички филм – Марк Рапапорт. Ретроспективата ќе опфати секојдневни проекции со почеток во 20 часот. -Рапапорт е еден од најоригиналните автори на независната киносцена, познат по својот уникатен пристап […]

„Госпоѓа Бовари“ во МОБ – балетски спектакл во два чина


 Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон […]

Скопје со 55 милиони евра ќе се трансформира во Европска престолнина на културата за 2028, вели Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. […]

Љутков од Брисел: Одблокиран е проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел остварија работна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф. Главна тема на средбата беше проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, при што делегацијата го информираше еврокомесарот Микалеф за моменталната состојба, предизвиците и неопходните чекори за негово понатамошно унапредување. Министрите Љутков и Муцунски, заедно […]

Промоција на едицијата „Големи зборови за мали уши“ во „Дајмонд мол“


Едицијата „Големи зборови за мали уши“, на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе биде промовирана вечерва, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Со овој настан се одбележува Светскиот ден на детето (20 ноември). Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред публиката ќе се обратат авторите на сликовниците По минатогодишното претставување […]

ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат


Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат, заклучува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за 2024 година, што денеска го објави  на својата веб-страница. -Склучените договори за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен […]

Промоција на монографијата „75 години Танец“


Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 18 часот во мултимедијалната читалница на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје ќе ја промовира монографијата „75 години Танец“ која содржи материјали од архивата на ансамблот. – Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница […]

Љутков, Муцунски и Ѓеорѓиевски во Брисел: Презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.  Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

Промоција на „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева во Даут пашин амам


 Најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева – „На ти со Ерос и Танатос“ ќе биде објавена вечер од 19 часот во Даут-пашин амам. Стихозбирката е  издание на Издавачкиот центар ТРИ и беше финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. – „На ти со Ерос и Танатос“ се издвојува по својата зрелост и […]

„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта и предизвика емотивна дискусија со публиката


 Македонскиот народен театар синоќа на големата сцена на Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта ја изведе наградуваната претстава „Ничија земја“, која, како што соопштија од МНТ, беше пречекана со неколкуминутен громогласен аплауз од унгарската публика. Гостувањето е прв резултат од новопотпишаниот Договор за соработка меѓу директорот на МНТ, Никола Кимовски, и Атила Видњански, директор на […]