53. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“: Таневска, Дац и Новаков во жири-комисија


Комплетирана е жири-комисијата за 53. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 8 до 15 јуни во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Членови на жири-комисијата се: Мими Таневска, актерка и професор на ФДУ, Драган Спасов- Дац, актер и Јасна Новаков, театролог и извршен директор на театарот „Звездара“ од […]

„Слушни ме со срце“ – хуманитарен концерт во чест на Меѓународниот ден на детето


По повод 1 јуни, Меѓународен ден на детето се организира хуманитарен концерт денеска со почеток во 18 часот во Македонската филхармонија. Концертот насловен како „Слушни ме со срце“ е во организација на „Македонија добредојде“ центарот заедно со амбасадите од Унгарија, Јапонија, Србија и Шведска во соработка со македонската филхрамонија. Настанот ќе трае еден час, а […]

„Ден на германски јазик“ во Градски парк на 2 јуни


„Ден на германски јазик“ е насловен културниот настан, што ќе се одржи во Градски парк во Скопје на 2 јуни, а го организира амбасадата на Германија, во соработка со Гете-институтот, Германската служба за академска размена, Здружението на професори по германски јазик, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и училиштата кои имаат специјални паралелки со поголем фонд на […]

Битолскиот театар гостува на Фестивал на националните театри во Црна Гора


Ансамблот на Народен театар-Битола на покана на црногорскиот Народен театар, во Подгорица учествува на Фестивал на националните театари. На првото меѓународно фестивалско издание од ваков карактер ќе бидат презентирани актуелни и најзначајни продукции од театарите од регионот, а Битолскиот театар, вечер пред публиката во главниот црногорски град ќе ја изведе претставата „Коцкар“ од Ф.М. Достоевски […]

„Фајтинг виндмилс“ и „Диртмјузик“ на втората вечер од 17. „ОФФест“


Фестивалот на музика од светот ОФФест денеска продолжува со два концерта во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Втората фестивалска вечер ќе ја отвори петчлениот македонски состав „Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) кои се единствени учесници на 17. ОФФест и на настапот концертно ќе го промовираат најновиот албум „An Exercise in Surprise“ што го објавија во […]

„Отаде црнилото“ – самостојна изложба на Велимир Жерновски


„Отаде црнилото“ е насловена самостојната изложба на ликовниот уметник Велимир Жерновски која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност. Изложбата се состои од видеоинсталации, како и од неколку скулптури со кои се претставени астронаути во различни позиции, изработени со 3Д печатење и обоени со златна боја. – Изложбата е критика […]

Обезбедени се средства за споменик на гробот на Есма Реџепова


Формирана е работна група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена. – За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за […]

„Архангел“ ќе настапи на Д фестивал во Дојран


Легендарниот рок состав „Архангел“ на 7 јули ќе настапи во Дојран во рамките на „Д фестивал“, соопшти Пасворд продукција. „Архангел“, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија. Групата оформена во 1988 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), […]

„Остен“ ќе ги соопшти наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури


„Остен“ вечер во Музеј на Град Скопје ќе ги соопшти наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018 и ќе информира и за плановите за одбележување на полувековниот јубилеј. Првата селекција на учесници на 50. Светска галерија на карикатури ја направи познатиот карикатурист од Турција Ердоган Басол, кој беше и член на жири, […]

(ВИДЕО) Концерт на „Гогољ Бордело“ во МКЦ: Енергија до плафон


Џипси-панк составот од Њујорк, „Гогољ Бордело“, во вторникот првпат во својата 20-годишна кариера настапи во Скопје. Концертот се одржа во Дансинг-салата во Младинскиот културен центар, како дел од одбележувањето на 20. издание на фестивалот „Таксират“. Спојувањето на двата поединечни 20-годишни јубилеи ѝ донесе неверојатно задоволство на македонската публика. Како предгрупа настапи регионалниот бенд „Маика“, кој […]

Се санира покривот на Драмски театар


Покривот на Драмскиот театар конечно ќе биде саниран за во иднина да не се повторува проблемот со прокиснувањето. Како што информираше директорот на театарот Сашо Тасевски, од денеска почнува поправката и ќе трае 30 дена. „По успешно спроведениот тендер во изминатиот месец, од денес, па во наредните 30 дена, покривот на Драмски театар ќе биде […]

Алаѓозовски – Валенса: Словото, единствен начин за решавање на демократските проблеми


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој се наоѓа во работна посета на Полска, денеска се сретна со легендарниот водач на „Солидарност“, нобеловец и поранешен претседател на Република Полска, Лех Валенса, на која разговараа за актуелните состојби во Македонија и регионот и глобалните политички и демократски предизвици… Како што соопшти Министерството за култура, на средбата, која […]

Лани помалку изложби и уметници, повеќе посетители


Во текот на минатата година организирани се 575 ликовни изложби, и во однос на претходната година бројот е намален за два процента, објави Државниот завод за статистика. Во тој период, за 1,9 отсто е намален бројот на ликовните уметници – учесници на изложбите, а за 20,7 отсто е зголемен бројот на посетители на ликовните изложби. […]

Заврши литературниот фестивал „Про-За Балкан“


Во Даут-пашиниот амам во Скопје вчера беше затворено 6. издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“. Добитникот на наградата „Прозарт“ Светислав Басара поради здравствени проблеми не беше во можност лично да ја подигне наградата, но испрати писмо во кое се заблагодарува. „Многу ми е жал што не сум во можност овие редови, кои најверојатно ќе […]

Како да се победат времето и просторот


Публиката во регионот не е навикната на текст и претстава која се занимава со победата над времето и просторот. Тоа се филозофски прашања, кои веројатно сите ние секојдневно си ги поставуваме, но тоа не се гледа често во театрите. Претставата „Ајнштајновите соништа“, според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман, во режија на Слободан Унковски се занимава […]

„Залив во ноќта“ – нова книга на Игор Поп Трајков


Вечерва во електронско издание ќе биде промовирана новата поетска збирка на Игор Поп Трајков – „Залив во ноќта“. Како што се вели во предговорот,  „низ песните и строфите кои се претопуваат една во друга, формирајќи наративна целина, е искажана тенденцијата на цивилизацијата да напредува и по војна, да продолжува и по смртта“. Оваа силина се […]

Три концерти на Филхармонијата од утре до 3 јуни


Од утре до 3 јуни Македонската филхармонија ќе организира три концертни настани. „Класиката го сретнува џезот“ е насловен утрешниот концерт од 20 часот на Квартетот тромбони на Филхармонијата, во состав: Димче Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски – тромбони и Александар Ниниќ – туба. Гости на концертот ќе бидат Маријана Николовска на пијано и Славчо Коцев […]

Џипси-панк бендот „Гогол Бордељо“ вечерва со концерт во Скопје


Во рамките на „Seekers And Finders“ турнејата за истоимениот нов албум, вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје, концерт ќе одржат „Гогол Бордељо“. Концертот се реализира за одбележувањето на 20 години од фестивалот „Таксират“. Комбинирајќи ги панк и ромската музика со хумор и ефектни, хаотични и енергични сценски настапи, „Гогол Бордељо“ (Gogol Bordello) ја раскажува […]

Почна 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани


Со изведбата на краткиот драмски текст „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на културното друштво „Шатор Шторје“ од Сежана, Словенија, синоќа во Кочани почна 55. Драмски аматерски фестивал. Во рамки на фестивалската програма, што годинава се одвива под мотото „Уметноста е долга, животот е краток“, драмската група од гимназијата од Велес се претстави со адаптацијата на […]

„Ајнштајновите соништа“ во режија на Унковски, вечерва и утре во МНТ


Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград вечер и утревечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Ајнштајновите соништа“ според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман во режија на Слободан Унковски. На матичната сцена во ЈДП претставата премиерно беше изведена во октомври минатата година. – Тоа не е драма. Нема приказна која е едноставна. Но има […]