Летен саем на книгата во Скопје


Од денеска до 13 јуни во Скопје ќе се одржи Летен саем на книгата во „Сити мол“. Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и посетителите во наредните шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи. Станува збор за изданија на: […]

МАНУ и ФДУ утре ќе одржат комеморативна седница за академик Матевски


Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека нејзиниот редовен член, академик Матеја Матевски почина вчера, 6 јуни 2018, на 89-годишна возраст. Погребот на акад. Матевски ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 12 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата од 11 до 12 часот. МАНУ заедно […]

(ВИДЕО) Кино на отворено: Филмот „Исцелител“ собра околу 6 илјади посетители


Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески вчеравечер се прикажуваше на отворено во Градскиот парк во Скопје. На настанот се собраа околу 6 илјади посетители кои го проследија филмот, а дел од нив го гледаат и по неколку пати. Тоа покажува дека филмот кој и во светски рамки привлече внимание, кај нас сè уште останува […]

Ликовна изложба на македонските уметници Емилија и Стојче Тоциновски во Задар


Во атрактивниот галериски простор на Научната библиотека во Задар отворена е ликовната изложба ”У залјеву мора “ на македонските ликовни уметници, уметничката и брачна двојка – Емилија и Стојче Тоциновски, единствените во Македонија и пошироко кои создаваат како ликовно дуо. Организатор на изложбата е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, Задарската жупанија – „Биљана”, додека […]

Уличното шоу „Баскерфест“ во повеќе општини од утре до 24 јуни


Фестивалот на улични уметници „Баскерфест“ традиционално ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 12-ти до 17 јуни, но претходно карванот на ова улично шоу ќе помине низ неколку градови во државата. Ќе почне утре во Охрид (8-ми и 9 јуни), в недела, 10 јуни, ќе помине во скопската општина Ѓорче Петров, на 15-ти и 16 […]

Се санира платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“


Започна санација на дел од платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, соопштија денеска одговорните од установата. Санацијата опфаќа замена на дотраените мермерни плочи, на чие место ќе бидат поставени нови мермерни плочи. – Санацијата мораше да се реализира, бидејќи забележавме дека дел од плочите се рунирани, еден дел недостаува, така што сметаме дека […]

Почина истакнатиот поет и академик Матеја Матевски


Во 89-тата година од животот ноќеска почина истакнатиот поет и академик Матеја Матевски. Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Работел како наставник по македонски јазик, а потоа бил новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радиотелевизија Скопје, […]

Изложба на македонски автори во Созопол во рамки на проектот „Поврзување“


Во Центарот за уметности, локални занаети и традиции, сместен во стариот дел на Созопол, синоќа во 18.30 часот беше отворена групна изложба на автори кои се од Македонија но живеат, работат или студираат во Бугарија. Се работи за проектот „Поврзување“ со кој Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија четврти пат учествува на Меѓународниот франкофонски […]

Прва самостојна изложба на Геновева Качуркова


Сестраната уметница Геновева Качуркова на 8 јуни во галерискиот простор на Младинскиот културен центар ќе ја реализира својата прва самостојна изложба. Таа во нејзините дела манипулира со колоритот и нанесувањето на бојата, секој нејзин гест има сопствена експресивна моќ, една нејзина линија во однос на останатите визуелно возбудува и дава асоцијации за одредено расположение. Нејзината […]

Кирил Џајковски, САФ, „Фанк Шуи“ на Скопје стрит фестивал


По шести пат овој викенд во Градски парк во Скопје ќе се одржи Скопје стрит Фестивал. Фестивалот е отворен, без карти, и оваа година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, отворени до 9 јуни, 01.00 часот. Организаторите најавуваат огромен број на креативни, забавни и едукативни концепти, врзани […]

„Остави ме да си доиграм“ – четиринаесетта книга на Јовица Ивановски


Промоција на новата книга поезија на авторот Јовица Ивановски вечерва во МКЦ – Клуб ресторанот во 20 часот. „Остави ме да си доиграм“ е четиринаесетта книга на Ивановски и е во издание на „Или-Или“. За книгата ќе зборува д-р Соња Стојменска-Елзесер, а песни ќе читаат актерите: Петар Арсовски, Драгана Костадиновска и Јовица Михајловски. Диета нека […]

Агенцијата за филм и ДФРМ – партнерски ќе го унапредуваат македонскиот филм


Агенцијата за филм на Република Македонија и Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги зајакнуваат заложбите за подобрување на условите за работа, квантитетот и уметничките дострели на македонското филмско производство. За таа цел Меморандум за соработка  денеска потпишаа директорот на Агенцијата Горјан Тозија и претседателот на ДФРМ Игор Иванов-Изи. – Филмови кои се случуваат […]

Феми Кути пред настапот со Филхармонија: Ми се остварува сонот во Скопје


Првпат работам со голем оркестар и ова е мојот најпосакуван сон, рече големиот африкански музички уметник Феми Кути на денешната прес-конференција, кој заедно со неговиот фантастичен бенд „Позитив форс“ и оркестарот на Македонската филхармонија, ќе одржи концерт под отворено небо на 7 јуни (четврток) во Градскиот парк во 21 часот. Македонската филхармонија, Кино Милениум и […]

Висар Вишка потврди, ќе биде советник во министерство за култура


Актерот Висар Вишка ќе биде дел од новиот кабинет на министерот за култура Асаф Адеми. Информацијата за „Независен весник“ ја потврди лично актерот. Тој ќе биде советник на новиот министер, но подетално не кажа кои ќе бидат неговите надлежности. Асаф Адеми вчера ја презеде функцијата министер за култура од неговиот претходник Роберт Алаѓозовски.

Уму Сангаре го затвора 17. ОФФест


Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори 17. ОФФест. Суперѕвездата од Мали, како што наведува организаторот на фестивалот, е добитник на наградата „Греми“, амбасадор е на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО […]

Адеми седна во култура, Алаѓозовски се сели во кабинетот на Заев


Асаф Адеми и официјално седна во министерската фотелја за култура. Досегашниот министер Роберт Алаѓозовски денеска му ја предаде функцијата на Адеми кој доаѓа од Беса. Адеми стана дел од кабинетот на премиерот Зоран Заев во владината реконструкција при што во Владата освен Беса влезе и ДПА на Мендух Тачи. Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, […]

„И коњите ги убиваат зарем не?“, 3Д Мапинг шоу во Македонската филхармонија


Во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио вечерва во 20 часот за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?“. Покрај аудио и видео сензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. […]

„Инкубатор“ со јавен повик до млади неафирмирани уметници


Проектот „Инкубатор“ на Интерарт културен центар поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија го отвори вториот јавен повик за аплицирање на млади неафирмирани уметници кои под менторство на реномирани уметнички имиња ќе имаат можност да работат на свои авторски проекти. На отворениот повик може да аплицираат уметници на возраст од 16 до 30 години, во […]

Македонска џез-тетика: Изложба и концерт како најава за „Скопје синема сити“


Покрај филмската програма, филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“ најави претфестивалска програма, која вклучува изложба на фотографии на истакнати македонски џез-музичари на Татјана Ранташа насловена како „Македонска џез-тетика“. Како дел од изложбата, свој настап ќе има Квинтетот на Гоце Стевковски. „Македонска џез-тетика“ е избор од фотографии од различни генерации на македонски џез музичари почнувајќи од Џијан […]

„Баскерфест“ почнува на 12 јуни: Шест дена фестивал на улични изведувачи


„Баскерфест 2018“ ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа. Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди забава за сите возрасти. „Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, […]