Југословенско драмско позориште гостува во МНТ со „Ајнштајновите соништа“


Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград вечер и утревечер во 20 часот ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Ајнштајновите соништа“ според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман во режија на Слободан Унковски. На матичната сцена во ЈДП претставата премиерно беше изведена во октомври минатата година. – Тоа не е драма. Нема приказна која е […]

Романската оперска дива Елена Мошуц го отвара „Охридско лето“


Повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и светот, славни имиња од светската музичка елита и врвни театарски креации, ќе бидат дел од годинешното издание на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која на 12 […]

Хрватскиот филм „Устав“ најдобар на фестивалот SEE Berlin 2018


Во култното кино Бабилон во Берлин синоќа, со прогласување на победниците во повеќе категории, заврши годинешното издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – SEE Berlin 2018. Како што соопшти Универзитетот ЕФТА, интернационалното жири за најдобар филм на фестивалот го прогласи филмот Устав на Република Хрватска, во режија на Рајко Грлиќ, чиј копродуцент е […]

Богато музичко лето во Македонија: Фестивали од различни стилови во различни градови


Десетина музички фестивали кои ова лето ќе се одржуваат на македонска територија нудат најразлично музичко доживување со домашни и странски изведувачи. Доколку подетално ги разгледате понудите, секој може да си одбере каде ќе ги гради спомените ова лето. Фестивалите може да ги селектирате според локација, содржина или цена. Еве кои ви ги препорачуваме ние: Таксират […]

Македонската литература тешко се пробива на големиот книжевен пазар


Нема заинтересираност од странските издавачи за превод на македонски книги или процедурите за нивниот избор се во застој? Конкурсот на Министерството за култура за финансирање странски издавачи е отворен во текот на целата година за поднесување апликации, но се чини динамиката на проектот не е иста. Или, пак, впечатокот е таков затоа што резултатите не […]

Почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“


Шестото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во Скопје. Петмина актуелни писатели од исто толку земји од Балканот ќе и бидат претставени на публика. Добитникот на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“, српската легенда Светислав Басара нема да биде во нивно друштво. Од здравствени причини тој не можеше […]

Интервју со Џон О’Брајан: Македонската литература ќе се промовира во САД


Повеќегодишна едиција на македонската литература, издавање по пет книги годишно, проследено со проширена маркетинг-програма и престој на нашите писатели во САД и во Ирска. Ова го најавува Џон О’Брајан, основач на американската издавачка куќа „Далки архив прес“, кој ќе биде годинешен гостин на програмата „Скопје фелоушип“ во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“. Фестивалот […]

„Синедејс“ стана членка на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти


Фестивалот на европски филм „Синедејс“ успеа да се акредитира во Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF) и да се здобие со големото признание „Competitive film festival specialized in European first and second feature films”. Ова го соопштија од Град Скопје, кој традиционално дава финансиска поддршка на овој фестивал, чиј организатор е Младинскиот културен […]

(ВИДЕО) Драмски театар повторно прокисна: Во салата врне исто како надвор


Драмскиот театар повторно има проблеми кога времето е врнежливо, па така и вечерва кровот прокисна и дождот врнеше исто како и надвор. Од видеото кое се споделува на социјалната мрежа Фејсбук може да се види, но и да се слушне дождот кој врне внатре во театар. Луѓето кои се затекнати внатре се обидуваат брзо да […]

Објавена целата програма за Скопје синема сити


Од 6 – 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Оваа година ССС влезе во својата четврта година откако се организира и по тој повод, во текот на годината организираме 4 филмски настани. Централно место во програмата на Синема Сити зазема музиката и нејзиното филмско претставување. […]

Концерт на Феми Кути со филхармонија и проекција на филмот „Исцелител“ под отворено небо во парк


На 6 и 7 јуни ќе се одржат два атрактивни настани кои што ќе се случат под отворено небо, во Градскиот парк во Скопје. Македонската филхармонија по завршувањето на официјалната концертна сезона, ќе го реализира настанот „Филхармонија на отворено“, кој ќе ја донесе нигериската музичка ѕвезда Феми Кути. На спектакуларниот музички настан којшто ќе се […]

Оффест од 31 мај до 5 јуни во Скопје


17-то издание на фестивалот Оффест ќе се одржи од 31 мај – 5 јуни. Програмата, како и секогаш, вклучува актуелни и врвни имиња од т.н. музика на светот (world music), од Европа, Африка, САД и Австарлија. Jupiter & Okwess од Конго ќе гостува по вторпат. Fighting Windmills е единствената домашна група, со одличен нов албум, […]

Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева


„Патот за Итака“ од Мирјана Тренчева е победник на конкурсот за најдобра поетска книга напишана од писателка која членува во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и објавена во текот на изминатата година (од  мај 2017 – април 2018). Селекторката Билјана Станковска во образложението истакнува дека меѓу кориците на оваа книга „поезијата е на високо […]

„Златна палма“ за јапонската драма „Shoplifters“


Франција– Јапонската драма „Shoplifters“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма, а филмот „Blackkklansman“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гран при наградата, вчера, на завршницата на 71. Кански филмски фестивал. Наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки. Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за […]

Македонски групи учествуваа на Фестивалот на мултијазичност во Солун


Со македонскиот фолклор, македонската изворна музика и македонски детски песни се запознаа посетителите и учесниците на Шестиот меѓународен фестивал на мултијазичност, што викендов се одржа во Солун. Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“, изворниот оркестар „Рудина“ и детскиот хор „Ѕвончиња“, сите од Битола, изминатиот викенд учествуваа на фестивалот што секоја година, традиционално го организира општина Солун. Претставници […]

Светислав Басара добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“


Српскиот писател Светислав Басара е годинашен добитник на „Прозарт“ – наградата што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ од Скопје ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Тој е авторот на романот „Фама за велосипедистите“, кој според многу ранг-листи на критиката се смета за еден од најдобрите српски романи на 20 век. […]

Одбележување 69 години од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“


Шеесет и девет години од основањето ќе одбележи денеска Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. По повод одбележувањето на основањето на Универзитетот и на Денот на светите Кирил и Методиј ќе се одржат неколку манифестации. Предвидено е одржување молебен посветен на браќата Кирил и Методиј, а со молебенот ќе чиноначалствува г. г. Стефан, архиепископ охридски и […]

Францускиот режисер Лук Бесон обвинет за силување


Франција–  Славниот француски режисер Лук Бесон (59) е обвинет засилување од страна на анонимна актерка. Бесон тврди дека станува збор за измислици.Полицијата во Франција ги истражува наводите на актерката, која ги искажа во полициска станица викендов. – Лук Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување, рече неговиот адвокат Тјер Марембер. Според адвокатот, тоа се обвинувања […]

Нов проект на „Браво сине“: Бајки од Македонија за цела година


„Бајки од Македонија за цела година” е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ  – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ што денес беше промовиран во Скопје. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во прилагодена јазична форма исо модерни илустрации е проектот кој […]

Именувани шест нови директори на национални установи од културата


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата, по завршување на постапката од јавните конкурси. Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директор на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари за директор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, Гордан Николов – на Музејот на […]