Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ


Креативна Европа – Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ на 8 ноември напладне во Младинскиот културен центар ќе организира отворени презентации. Македонскиот деск на оваа програма на ЕУ  потсетува и на тековните отворени повици за апликации. Темите на презентациите во склоп на „Синедејс“ ќе бидат: „10 најчести прашања и одговори“ – […]

Корубин: Талентот треба да се цени и негува, а уметникот да се натпреварува со себе


Академскиот сликар Рубенс Корубин, кој 27 години беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, денеска повторно имаше средба со студенти на која зборуваше за своето творештво. Средбата се одржа во Чифте амам каде што од 8 октомври е отворена изложба со негови дела, насловена „Ателје, радоста на сликањето“. Таа е ретроспектива со која […]

Изложба на накит изработен на традиционален начин „Белези од природата“


Неверојатната комбинација на боите, формите, изблиците на животинскиот свет на инсектите на тлото на нашата земја, е инспирација и предизвик, за изложбата на двоецот Елена Поповска и Матеј Поповски, насловена „Белези од природата“. Изложбата ја сочинуваат 41 оригинални, уметнички и со посебни традиционални вештини изработени парчиња накит, кои ќе бидат изложени вечер во Природно-научниот музеј […]

Монографија од истражувањата на локалитетот Градиште во Таор


Музејот на Град Скопје денеска напладне ќе ја промовира монографијата „Таор –  рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“ од  Киро Ристов. Монографскиот труд е резултат на повеќегодишни археолошки истражувања на Музеј на Град Скопје, почнати во 2000 година на локалитетот Градиште во село Таор во скопската општина Зелениково. -Со мали прекини, истражувањата […]

Изложба и научен собир за Дичо Зограф


Во Ликовниот салон на МАНУ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Иконите на Дичо Зограф“ посветена на еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во 19 век. Дичо Зограф (Димитар Крстев Дичов, познат и како Дичо Крстевиќ) во својот живот насликал повеќе од 2 000 икони за потребите на црквите во Македонија, […]

Скопски џез фестивал ја забавува, но и ја едуцира публиката


Годинашното издание на Скопски џез фестивал програмски ќе биде и одбележување на 50 години од основањето на германската независна издавачка куќа „ЕЦМ Рекордс“. Шест од деветте изведувачи кои ќе настапат се всушност нејзини заштитини ликови. Одбележувањето на овој јубилеј се случува на неколку фестивали низ Европа, но во југоисточна Европа лиценца за тоа доби само […]

Неда Арнериќ и Диме Илиев од „Исправи се Делфина”: Се сретнаа по 20 години во Битола


Македонскиот актер Диме Илиев и српската актерка Неда Арнериќ, познати по своите улоги во легендарниот филм „Исправи се Делфина“, по 20 години се сретнаа повторно во Центарот за култура во Битола. Актерката Арнериќ настапи во претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме”, а меѓу бројната публика во Битола беше и актерот Диме Илиев, со кого пред […]

„Првиот грев – првата доблест: ДЛУМ ја објави темата за 18. Зимски салон


„Првиот грев – првата доблест (Original sin – original virtue)“ е темата на 18. Зимски салон – престижната биенална изложба што ја организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Куратор на изложбата и селектор кој ќе одлучи за Гран-при од делата што ќе  пристигнат на годинашниот конкурс ќе биде уметникот и универзитетски професор Кирил […]

Македонски сликарки на меѓународна изложба во Трст


Четиринаесет сликарки и склупторки од регионот на Централна и Источна Европа, меѓу кои инеколку  од Македонија се дел од меѓународната изложба во Трст насловена како „Културните конекции – решение за иднината“. На изложбата , која се отвора утре а ќе трае до крајот на овој месец, се  преставени дела на Жани Гелевска, Симонида Филипова , […]

Светиниколскиот Музеј бара конзервација на локалитетот „Билазора“


По десет години истражување на археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Свети Николе, сега се бара конзервација на она што е пронајдено на самиот терен. Музејот на Свети Николе има проект, а акцент ќе се стави на акрополот и кралската палата, каде што се пронајдени и фрески кои се четири века пред Христа. Директорот на Музеј на […]

„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп


Наградуваниот македонски документарен филм „Медена земја“ од четврток до 22 овој месец од 20 часот ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стоун“. „Медена земја“ со победа во три категории на почетокот од годинава триумфираше на филмскиот фестивал „Санденс“, а е во трка и за најдобар документарец на Европските филмски награди. „Медена земја“ е и македонски кандидат за „Оскар“. […]

Писателките Атвуд и Еваристо ја поделија Букеровата награда за 2019


Англија– Лауреатката на Струшките вечери на поезијата за 2016, канадската писателка Маргарет Атвуд и британската авторка Бернардин Еваристо, се прогласени за заеднички добитници на наградата „Букер“ за 2019 година, откако судиите ги прекршија правилата со тоа што прогласија двојна награда. Романот „Завети“ (The Testaments) на канадската писателка Атвуд, што е продолжение на „Приказната на слугинката“ […]

Македонската литература на 71. Саем на книгата во Франкфурт


Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. Саем на книгата во Франкфурт, кој  ќе се одржува од утре до 20 октомври под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“.  Земја – почесен гостин годинава е Норвешка. – Нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни […]

Избор поезија на млади македонски автори објавен во Словенија


Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана  објави избор од поезијата на млади македонски автори, насловен  „(Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature“. Во изборот се опфатени 22 песни заедно со био-библиографски белешки на поетите: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски. Изборот е во превод на група преведувачи под менторство […]

Кога допирот и слухот се очи: Достапност на книгите за слепите луѓе


Како ќе се снајдете во продавница ако на производите не пишува ништо и сите изгледаат исто? Нема да знаете дали сте зеле шеќер или сол. Пред неколку години се изборивме за Брајова азбука на лековите, но далеку сме од поширока употреба – на производи, декларации, на менијата во рестораните. Таа битка трае, вели Коце Димов, […]

„Вујко Вања“, „Волшебното самарче“, „Алиса“ и „Коста е наш“ отпечатени на Брајово писмо


Локалната библиотека заедно со Здружението на слепи и Општина Велес отпечатија и денеска промовираа четири нови книги на Брајово писмо наменети за слепите лица. Со нив, Брајовата библиотеката „Ратко Пајдаков“ во склоп на велешката библиотека сега има 38 книги. Четирите книги промовирани денеска се испечатени во тираж од осум примероци: „Коста е наш“ од Сашко […]

Саем на книга на албанските издавачи во Гостивар


Десетина издавачи од земјава, Албанија и Косово денеска и утре ќе се претстават пред љубителите на пишаниот збор во Гостивар во рамки на патувачкиот саем на книгата. На штандовите ќе бидат изложени најновите и постари изданија на книги од повеќе области. – Ние од 2000 година учествуваме на саеми во земјава и надвор од неа. […]

Предавање на Рубенс Корубин во Чифте амам


Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, в среда, во 10 часот, авторот на изложбата „Ателје, радоста на сликањето“, сликарот Рубенс Корубин ќе одржи предавање. Предавањето ќе биде извонредна можност ликовната јавност да се запознае со ликовното творештво на Рубенс Корубин преку непосредна средба со авторот, по огромниот интерес за неговата јубилејна изложба […]

Светот лут што Хандке доби Нобелова награда за литература


Шведска– Одлуката, годинешната Нобелова награда за литература, покрај на полската писателка, Олга Токарчук, да му се додели и на австрискиот писател, Питер Хандке, предизвика лути реакции, поради поддршката што Хандке му ја даваше на режимот на Слободан Милошевиќ. Амбасадорката на Косово во САД, Влора Читаку, ја оцени одлуката како „апсурдна и срамна“. Британскиот историчар и […]

Чешки денови по повод 30 години од „Кадифената револуција“


Амбасадата на Република Чешка деновиве организира серија настани по повод 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка. На Меѓународниот фестивал „Богородичен покров“ што почнува денеска и ќе трае до 19 октомври, ќе бидат прикажани два чешки документарни филма „Црвена“ од режисерката Олга Сомерова и ,,Мојот век“ од режисерката Теодора Ремундова. На 29 октомври амбасадата на […]