Skip to content
29/08/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Корубин: Талентот треба да се цени и негува, а уметникот да се натпреварува со себе

16/10/2019 12:53

Академскиот сликар Рубенс Корубин, кој 27 години беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, денеска повторно имаше средба со студенти на која зборуваше за своето творештво. Средбата се одржа во Чифте амам каде што од 8 октомври е отворена изложба со негови дела, насловена „Ателје, радоста на сликањето“. Таа е ретроспектива со која уметникот годинава одбележува два јубилеја –  70 години живот и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

Изложбата е организирана од Националната галерија и претставува 80-ина дела настанати во различни периоди и изработени во различни техники (акрилик, масло на платно, комбинирана техника…)

Корубин рече дека има три пораки за студентите гости на средбата кои го избрале сликарството за своја животна преокупација.

– Прво, да се ценат себеси и својот талент, тоа е сепак еден дар од природата и не е за отфрлање. Второ, да бидат постојани, талентот мора да се негува исто како што на едно цвеќе му давате вода и сонце, и трето – да учат цел живот, изјави Корубин.

Натпревар со самиот себеси, рече, е она што го следело цело време.

– Можеби имало и некои промени, не толку радикални, но никогаш не сум бегал од себеси и своите лични потреби. Едноставно, сметав дека морам да се следам себеси. И во тој контекст го развивам својот медиум, додаде Корубин.

Тоа им го кажа и на студентите кои го прашаа што е за него уметноста: „Чувство, мисла, емоционална интелигенција, кога човекот не се натпреварува со природата, туку со самиот себе“.

За сликарството рече дека е независна работа што му дава многу слобода, а визуелната меморија и перцепција ја развил од детството зашто, како што рече, припаѓа на генерација која растела без телевизија и светот го препознавал најмногу преку стрипот: „Стрипот беше сѐ – географија, историја, личности – познати и измислени, авантура…“. Тоа му ја поттикнувало фантазијата да црта, па подоцна не се разделувал од блокчето за скици, а на патување со себе секогаш носи кутија со бои.

Изложбата содржи дела од неговата колекција, некои создадени уште од 1975, една година по дипломирањето, како и десетина цртежи, штафелај на кој слика, а во една просторија во галеријата е претставено и неговото ателје.

Имал желба да го прикаже својот работен простор во кој поминува најмногу време, каде што прави креација од структурата, светлината и личните моменти. Во ателјето заборава на сѐ, рече, и има чувство на лична трансформација.

– Таму станувам друг човек, им рече Корубин на младите слушатели.

Тој потекнува од уметничко семејство. Негови колеги велат дека  талентот го наследил од татко му, Миле Корубин, познат сликар од повоената генерација македонски уметници, а дека со името Рубенс од раѓање му бил зацртан успехот на голем уметник.

На средбата со сликарот присуствуваа студенти од ФЛУ, Американ колеџ и од Европскиот универзитет, како и средношколци од училиштето за ликовна уметност.

Изложбата во Чифте амам може да се посети до 31 октомври. Националната галерија објави и каталог подготвен од историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски и покрај репродукции од делата на изложбата содржи и разговор со уметникот. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Комерцијална банка инвестира во културата и сцената – поддршка за јубилејот „35 години независност“
27/08/2026 10:08
„Капитализмот не носи слобода за сите“: Ексклузивно интервју со Леа Ипи
27/08/2026 08:08
ДПМ ги објави добитниците на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма
27/08/2026 07:08
Шпанскиот тенор Хозе Карерас со прв настап во Дубровник: Го знаев како фасцинантен град, сега ќе уживам лично
26/08/2026 18:08

„Џган“ на Вардан Тозија, 10 години подоцна – и сѐ уште не гледа право во очи
26/08/2026 14:08
Реставрацијата на Споменикот на слободата на Чемерски во Кочани документирана на филм со потпис на ќерка му
26/08/2026 14:08
Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026
26/08/2026 10:08
Во КИЦ-Скопје ќе биде отворена изложбата „Хоризонт на светлината“ на Марк Јанура
26/08/2026 07:08

Најчитани


  • Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни
    25/08/2026 14:49
  • Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“
    24/08/2026 11:36
  • Научници нурнаа на дното на океанот и се запрепастија од она што го открија
    23/08/2026 20:33
  • „Пародија“ во Струмица – МВР ќе ги казнува земјоделците што ќе протестираат со нерегистрирани трактори
    25/08/2026 10:46
  • Таткото на големата лага
    24/08/2026 08:08
  • На денешен ден пред 97 години, Скопје било погодено од големата поплава
    23/08/2026 15:17

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење