Игор Јосифов со уметнички перформанс во Темишвар


Уметникот Игор Јосифов, во рамките на проектот „Консуларт“ во почесниот македонски конзулат во Темишвар, се претстави со перформанс и изложба насловени „Огнот внатре“. Кустос на изложбата беше романскиот уметник Циприан Чирилеану, кој направи и звучни инсталации инспирирани од огнот. „Локациите што се избрани за овој проект се административни, претежно со дипломатски мисии, но сега ги […]

Коле Ангеловски: Телевизиите наскоро ќе ги снема, ќе бидат непотребни


Коле Ангеловски е театарски и филмски актер, режисер, сценарист, писател и раскажувач, драматург, чиј творечки опус е броен и разновиден, а многубројни се и наградите и признанијата што ги добил за петдецениската работа, меѓу кои наградата на Град Скопје „13 Ноември“ и државната награда за животно дело „11 Октомври“. Годинава Коле Ангеловски беше прогласен за […]

Aндреа Мирческа е добитник на „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар


Скопскиот џез-фестивал веќе трета година по ред ја доделува наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот пијанист/клавијатурист Филип Димишковски, а во 2017 година – тапанарот Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен орикс“ оди во рацете на басистката Андреа Мирческа. Наградата ќе ѝ биде врачена во вторник на […]

„Џифони Македонија“ да биде приказна без крај


Седмото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ вчеравечер во киното „Милениум“ се отвори со проекција на филмот „Несовршена доба“ во режија на Улисе Лендаро. Италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео рече дека фестивалот од година во година станува се поважен елемент во „Џифони“ семејството во цел свет. „На овој начин ги зајакнуваме културните […]

Филмот „Медена земја“ победник на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“


Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беше прогласен за најдобар филм на осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“. Наградата ја подигнаа снимателите на филмот Фејми Даут и Самир Љума. – Драго ми е што со филмот се прикажа тука во Тетово, каде беа моите филмски почетоци во драмското […]

„Џифони Македонија“: Актерот и пејач Лука Чиковани – специјален гостин на фестивалот


Со италијанскиот филм „Несовршена доба“ во режија на Улисе Лендаро, вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје, ќе биде официјално отворен 7.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе им посака топло добредојде на неколкуте стотици џифонци од десет земји, кои во наредните шест дена ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учат за […]

Доделена државната награда „11 Октомври“


На академик Љупчо Коцарев, научен работник, на актерот Петар Мирчевски и на писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски денеска во Собранието на Република Северна Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“. Наградата Коцарев ја доби за животно дело во областа на науката, а Мирчевски и Дурацоски за животно дело во областа на културата и […]

Нобеловата награда за литература за Питер Хандке и Олга Токарчук


Шведска-Австрискиот писател Питер Хандке е добитник на Нобеловата награда за литература за 2019 година, а одложената награда за 2018 година ѝ припадна на полската писателка Олга Токарчук, соопшти денеска Шведската академија, пренесе Ројтерс. Хандке ја освои наградата за 2019 година за за влијателно дело кое со јазична генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човечкото […]

Седмиот „Џифони Македонија“ со 650 деца и млади од десет земји


Oд 12 до 17 октомври на повеќе локации во Скопје ќе се одржува 7. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Во шесте дена ќе има богата филмска понуда, креативни работилници и едукативни активности кои ќе вклучат околу 650 деца и млади од 11 до 19 години од десет земји. Главна тема е заштитата на човековата […]

Унгарски филмови во Кинотека


Четири филма од современата унгарска кинематографија ќе бидат прикажани од вечерва до 13 октомври во Кинотеката, во рамки на фестивалот „Киненова“. Во фестивалската програма „Фокус на современата унгарска кинематографија“ вечер од 20 часот ќе биде прикажан „За тело и душа“ по сценарио и режија на Илдико Ењеди, снимен во 2017 година, а од истиот автор […]

„Најдоброто од Македонија“ во Будимпешта почнува со филмот „Панкот не е мртов“


Со проекција на филмот „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски, утре во Будимпешта ќе почнат серија настани од културата „Најдоброто од Македонија“ кои до крајот на наредната година ќе ги организираат македонски иселеници во Унгарија. „Панкот не е мертов“ е меѓу најуспешните македонски филмови, кој доби голем број меѓународни награди и победи во […]

„Љубовен автомобил“ – најдобар филм на „Киненова“


Германскиот филм „Љубовен автомобил“ по сценарио и режија на Елкe Маргарете Леренкраус е прогласен за најдобар филм во главната конкуренција на четвртиот фестивал за дебитантски филм „Киненова“. Наградата за најдобра режија му е доделена на Бабис Макридис за грчкиот филм „Сожалување“, рускиот филм „Човекот кој ги изненади сите“ ја доби наградата за најдобро сценарио напишано […]

ММИ бара од министерот за култура регулирање на музичките авторски права


Членови на Здружението за колективно управување на правата на произведувачи на фонограми и уметници – музички изведувачи, ММИ-Скопје упатија отворено писмо до министерот за култура, Хусни Исмаили, во кое бараат регулирање на музичките авторски права. Тие очекуваат враќање на лиценцата на ММИ-Скопје во најкус временски рок, а во спротивно велат, доколку продолжи игнорантскиот однос, ќе […]

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Софија


Скопскиот дувачки квинтет ќе одржи концерт  во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18:30 часот, на кој ќе изведе дела од Моцарт, Фаркаш, Лјадов, Бизе, Д’Агостини и Смокварски. Ќе бидат изведени и дела од музичарите Васил Атанасов (обоа), Марија Јакимовска (флејта), Ристо Ѓоревски (кларинет), Орце Ицковски (фагот) и Александар Гошев (хорна). Скопскиот дувачки квинтет […]

Биљана Тануровска Ќулавковски наградена за истражување во полето на културните политики и менаџмент


Водечката европска мрежа на универзитети за културни политики и менаџмент во култура ЕНЦАТЦ и ја додели наградата за истражување во полето на културна политика и културен менаџмент за 2019 година на д-р Биљана Тануровска Ќулавковски. Наградата на Тануровска Ќулавковски и е доделена за нејзината докторска теза „Теорија на институции и културни политики за современи изведувачки […]

Скопје танцов театар ја почнува новата сезона


Со претставата „Импулс#волумен13“, вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворена сезоната 2019/2020 на Скопје танцовиот театар. Претставата е составена од повеќе делови, според концепт и кореографија на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин. Со оваа претстава Скопје танцовиот театар најавува богата сезона, нови оригинални продукции, настапи на кореографи од странство, како […]

Скопската елита на изложбата на Рубенс Корубин: Волшебни слики на мајсторот на четката


Како скапоцени камења на накитот на една префинета дама, така и уметничките слики на мајсторот на четката, Рубенс Корубин синоќа во Чифте амам светеа и ја маѓепсуваа скопската културна елита која во огромен број дојде да му оддаде почит на великанот на македонското сликарство. Последниот рененсансен човек и сликар чија уметност ја плени душата и […]

Изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години во Неготино


Палеонтолошка изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години во Дисан, Неготинско, денеска беше отворена во Музејот на град Неготино. Публиката ќе може да ги погледне и фотографиите од досегашните истражувања на терен. Организатор на изложбата е Музејот од Неготино во соработка со Природонаучниот музеј. – На изложбата се поставени 40 професионални […]

Министерство за култура и премиерот ги поддржаа културните работници


Министерството за култура ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања. „Заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК подолго од една година работиме на подготвување на нормативните услови за донесување на модерни законски акти кои во што пократок временски период ќе овозможат остварувања на барањата на […]

Глумци, пејачи, археолози, библиотекари… со последно предупредување пред штрајк


Стотици културни работници од сите национални установи од земјава, предводени од Синдикатот на културата (СКРМ), маршираа со последно предупредувачко барање да се донесе Колективен договор. Доколку не се испочитува нивното барање, ќе има штрајк. Претседателката на Синдикатот и актерка од Драмскиот театар, Сања Арсовска, на стартната точка во паркот „Ибни Пајко“, порача: „Излеговме да маршираме […]