„Мојот маж“ на сцена во Словенија: Бужаровска е балканската Симон де Бовоар


Во Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана беше поставена претставата „Мојот маж“ според расказите на Румена Бужаровска. Во согласност со здравствените протоколи, минатата недела се одржаа три претпремиери и три премиери (на 8, 9 и 10 октомври) пред публика од по 80 гледачи по претстава. Според критиката, претставата моќно ја доловува положбата на жените соочени […]

Враќање во детството: 200 илустрации на книги од Димитар Кондовски на изложба во Мала станица


Илустрациите на книгите како „Зоки Поки“, „Колибата на чичо Том“, „Белото циганче“, се дел од 200-те илустрации од големиот ликовен уметник Димитар Кондовски (1927-1993), еден од доајените на македонското сликарство, кои ќе бидат изложени в среда во Мала станица, на отворањето на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца Литера. Со […]

Велес по 20 години доби кино: Проекција на новиот филм „Стела“ за сефте


Со проекцијата на новиот македонски игран филм „Стела“, синоќа се отвори ново кино во Велес. Киното е инвестиција на Општина Велес од 67.000 евра и се наоѓа во просториите на поранешната сала „Бели мугри“, која работеше во рамките на Градската библиотека „Гоце Делчев“. Салата која инаку има капацитет за 240 гледачи, согласно протоколите за работа […]

Театрите на Бродвеј затворени барем до крајот на мај 2021 година


САД – Театрите на Бродвеј ќе останат затворени барем до крајот на мај 2021 година, соопшти денеска здружението Бродвеј лига. Тоа е нов сигнал дека следната сезона 2020-2021 година во САД ќе биде празна. Тоа е уште едно одложување на манифестациите во светот на спектаклите во САД, две недели по откажувањето на следната сезона на Метрополитен […]

„Фантомско стапало“ нов роман од Блаже Миневски


„Фантомско стапало“ е новиот роман од Блаже Миневски во издание на „Матица македонска“. Академик Митко Маџунков за најновото прозно дело на познатиот современ македонски писател, вели, е лоцирано во време во кое мислиме дака целиот свет е наш, а всушност ништо не е наше, па луѓето повеќе живеат во она што го немаат одошто во […]

Ермитаж повторно отворен – дневно прима до 4.000 посетители


Русија – Со продолжувањето на работата Ермитаж, најголемиот музеј во Санкт Петербург и цела русија, што беше затворен поради пандемијата на коронавирусот, почна да прима и до 4.000 посетители дневно, изјави генералниот директор на музејот Михаил Пјотровски. Тој во интервју за британското Би-би-си Радио 3, изјави дека воибичаено, во летните месеци музејот има околу 22.000 посетители на ден, […]

Гала оперски концерт во НОБ


Гала оперски концерт ќе се одржи вечер, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет. Диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ. Ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, […]

Стефоска: Дел од културните проекти од ланските конкурси не се реализирани


Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција информираше дека дел од минатогодишните проекти од конкурсите за национален интерес во културата не се реализирани, посочувајчи дека во текот на последните две недели ги работат пресеците и анализите на реализираните, односно нереализираните проекти, и на средствата што им биле доделени како на националните установи, така и […]

Бигорскиот манастир крие богатство: Изложба во МАНУ на ретки предмети и одежди


По повод големиот јубилеј, 1000 години од основањето на манастирот Бигорски, Македонската академија на науките и уметностите денеска ја организираше изложбата „Од ризницата на Бигорскиот манастир“. Како што изјави денеска авторот на изложбата Сашо Цветковски, изложени се околу 30 дела – оригинални дела кои датираат меѓу крајот на 16 век и почетокот на 20 век. […]

Германски стручњаци ќе учествуваат во конзервацијата на црквата во Курбиново


Министерската за култура, Ирена Срефоска, денеска најави дека двајца германски стручњаци ќе учествуваат во конзервацијата на драгоцената црква „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, на која ѝ треба итна заштита. Црквата, изградена во 12 век, иако скромна по изглед има неверојатно вреден фрескоживопис, кој претстваува еден од врвовите на византиската уметност од раниот Среден век. […]

„Врба“ во Москва, а во Луксембург ретроспектива на Манчевски


Реномираниот Московски филмски фестивал го прикажува „Врба“ на Милчо Манчевски на годинешното 42. издание. Филмот е селектиран во Мастерс програмата и беше прикажан на 7 октомври. Во исто време, фестивалот Синеист во Луксембруг прави мини-ретроспектива на Манчевски. Во специјалната програма Фокус на Манчевски, публиката во Луксембург ќе може во живо и онлајн да ги проследи […]

Американската поетеса Луиза Глук ја доби Нобеловата награда за литература


Поетесата Луиза Глук стана првиот американски писател што ја освоил Нобеловата награда за литература во последните 27 години. Глук, цитирана за „нејзиниот непогрешлив поетски глас што со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“, е 16-та жена што го добила Нобелот, и прва Американка откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година. Еден од […]

МАНУ домаќин на изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“


Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ денес напладне, ќе биде отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е по повод  јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од […]

Филмовите во Кинотеката ќе се прикажуваат во кино салата


Филмовите во рамки на програмата на Кинотеката од денеска ќе се прикажуваат во нејзината киносала. Од Кинотеката информираат дека задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното, маската е задолжителна за цело времетраење на посетата на киното, во сите простории: хол, тоалет, кино сала за цело времетраење на проекцијата, задолжително е […]

Филхармонија со концерт „Поле за игра“ и настап на казахстанската виолинистка Мусахоџаева


Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Поле за игра“ на кој како солист ќе настапи виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн. Виолинистката Мусахоџаева, како што информираат од Филхармонијата, е на листата на […]

Министерката Стефоска во самоизолација


Министерката за култура, Ирена Стефоска, е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19. Таа вели дека ќе ги извршува работните обврски од дома. „Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чијшто термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме […]

Турскиот театар ја отвора сезоната со премиера на „Човек перница“


Турскиот театар од Скопје, утре, се враќа пред публиката по паузата поради корона кризата, со премиера на претставата „Човек перница“ . Претставата е работена по наградуваниот текст на ирскиот драматичар Мартин Мекдона, а ја режира Сибел Абдиу. „Човек перница“, е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се […]

„Здравјето на конец“, документарен филм за горчливиот живот на текстилните работници во време на пандемија


Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ во продукција на Види Вака е вториот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Kовид-19. -Како е да се биде работник во фабрика во време на пандемија? Колку кризата од коронавирусот им го загорчи животот на […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава во Скопско


Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе одржи проекции само во неколку скопски села, со почеток од 19 часот. Првата проекција е утре, во паркот во Драчево, а в петок во Радишани, во ОУ „Ацо Шопов“. В сабота ќе има проекција во Волково, во СРЦ „Бранители“, в недела во Горна Матка, а на 12 октомври во селото […]

Гледај филмови, учи и создавај: Проект „Филмска училница“ на Кинотека


Кинотека на Македонија започнува со проектот ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА, проект за креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство наменет за ученици од средните училишта. Проектот започнува на 10 октомври, и ќе трае 10 недели. Проектот е замислен како интерактивна филмска училница, каде младата популација ќе може да се запознае со нематеријаното богатство, пред сè, […]