Романот „Излегов“ на отец Пимен ќе биде промовиран на Европската ноќ на литературата во Софија


Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе се приклучи на деветтото издание на  Европската ноќ на литературата во бугарската престолнина. На настанот, кој ќе трае од 18 до 21.30 часот, македонскиот КИЦ во Софија во читателското гнездо MOVE.bg (ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе го претстави романот „Излегов“ на отец […]

МНТ jа почнува сезоната со претстава во чест на медицинските работници


Македонскиот народен театар преку соопштение ги поканува лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари, да ја гледаат првата претстава „Говорна мана“, по пауза од седум месеци поради пандемијата. Oд МНТ информираат дека претставата ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот. […]

Објавена монографијата „40: ИФФК Браќа Манаки“


По повод 40 години од основањето на фестивалот „Браќа Манаки“ (уште минатата година) од печат излезе монграфијата „40: ИФФК Браќа Манки“ во издание на Кинотеката на Република Северна Македонија. Ова е прво поголемо издание кое одбележува јубилеј на овој фестивал кој е еден од ретките во светот што е тематски определен – фокусиран на филмската […]

Ликови кои опоменуваат: Ретроспективна изложба на Павле Кузмановски во Чифте амам


По долгиот период на карантински денови, отсуство на понуда на културна програма, изолација и мерки за социјална дистанца, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Република Северна Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Од многуте настани е и оваа ретроспектива. Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета […]

Објавена книгата „Предизвици – автори, дела, настани“ од Раде Силјан


„Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „Предизвици – автори, дела, настани“ од Раде Силјан. Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот објавува педесет текстови пишувани во изминатите три децении по повод конкретни настани и значајни датуми од македонската историја, јубилеи на заслужни дејци и современи личности од литературата и науката за фолклорот. Прилозите се поделени […]

Расказ за пандемијата од Томислав Османли објавен на порталот Синхро во Србија


Расказот „Наредното евангелие“ од македонскиот раскажувач Томислав Османли вчера беше објавен на портал „Sinhro“ во Србија. Тоа е, инаку, прва објава на најновата прозна творба на авторот кој неодамна стана добитник и на престижното „Рациново признание“ за неговата збирка раскази „Парадоксикон“.  „Наредното евангелие“ е куса проза во која авторот ја испишува својата литературна рефлексија врз пандемијата. Тој […]

Тина Иванова е нова в.д. директорка на Филхармонија


Музикологот Тина Иванова е в. д. директорка на Филхармонија, откако досегашниот директор Виктор Илиески поднесе оставка од лични причини, потврди за сдк.мк, Иванова. Илиески, кој беше назначен за директор во јули 2017, на својот Фејсбук профил објави дека со семејството се преселил во Брисел, Белгија. „Огромна чест ми е да бидам избрана на оваа функција. […]

Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов ќе го отворат 39. Скопски џез фестивал, прв пат директен пренос на МТВ


Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 14 до 17 октомври годинава.  Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот. Од земјава ќе учествуваат специјалниот […]

Угледниот славист  Максим Каранфиловски објави две книги од својата област


Во издание на „Бата прес“ се објавени две книги од угледниот славист и лингвист, универзитетскиот професор Максим Каранфиловски. Станува збор за делата „Македонистика и славистика“ и „Полско-македонски разговорник“. Објавувањето на делата е со поддршка на Министерството за култура. Во предговорот за „Полско-македонскиот разговорник“, авторот Каранфиловски, меѓу другото пишува дека „современиот живот и современите начини на […]

Награда за животно дело „Анче Џамбазова“ за Ѓокица Лукаревски


Доајенот на Драмски театар и на македонското глумиште, актерот Ѓокица Лукаревски, е овогодинешен  добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ што се доделува на Фестивалот на комедијата Гола месечина. Лукаревски (Скопје, 29 април 1951), е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. -Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се […]

Бранка Катиќ на „Киненова“: Треба да нѐ поврзува нешто во што навистина сме добри


„Прво филм“ е мотото на меѓународен филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува од 8 до 18 октомври. Фестивалот изобилува со најбогата програма досега, а новост е што во текот на целиот месец ќе се емитува на телевизија 24 од 1 до 31 октомври. Годинашна ѕвезда на фестивалот е Бранка Катиќ, една од […]

Почна снимањето на „Денот на Жената” на Гоце Цветановски, ангажиран крими трилер со силен кастинг


Почна снимањето на филмот „Денот на Жената“, во режија на Гоце Цветановски. Денеска во Скопје падна првата клапа. Покрај главниот град, сцени од филмот ќе бидат снимани и на локации во Куманово. Неговото снимање треба да заврши до крајот на октомври. Станува збор за социјално ангажиран крими трилер кој се фокусира на темата трговија со […]

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби


Галеријата Остен, организатор на Светската галерија на карикатура и на Светската галерија на цртеж оваа година слави 75 години постоење, но  поради пандемјата јубилејот нема да го одбележи со доделување награди на изложба со дела од манифестациите што ги организира и во присуство на уметници од светот. -Но вирусот, сепак, не можеше да не спречи […]

Групна изложба „Panic Room“ во МСУ, уметност vs екологија


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена групна изложба „Panic Room или скок во мислењето“. Во поставката земаат учество уметниците: Искра Димитрова, Нехат Беќири, Верица Ковачевска, Нада Прља, Велимир Жерновски, Матеј Богдановски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Никола Узуновски и групата ОПА. Кураторка на изложбата е Љиљана Неделковска. Изложбата, која […]

Изложба како филмска премиера: Редица за „Таму“ на Милчо Манчевски во МСУ (галерија)


88 фотографии на нашиот најнаградуван режисер Милчо Манчевски сликани по цел свет од Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас… сите тие некаде Таму – не само географски, туку и визуелно, се телепортираа Тука и станаа дел од нас, ги гледавме како публика со насмевка вечерва на отварањето на изложбата и […]

Познатиот сликар Кирил Ефремов почина од корона вирусот


Почина познатиот ликовен уметник Кирил Ефремов, роден на 19 декември 1938 година во Штип. Битката со корона вирусот ја загуби синоќа на Инфективното одделение во Клиничка болница во Штип. Ефремов сликарство завршил во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, во класата на познатиот сликар и педагог Лазар Личеноски. Завршил Академија за ликовна уметност […]

Љупчо Петрески и анонимен автор добитници на наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман


Љупчо Петрески со ракописот „Лазарка“ и анонимен автор со „Мртвите знаат најдобро“ се победници на конкурсот за најдобар необјавен роман на годината „ПЕГАЗ“, кој веќе втора година по ред го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и фондацијата „Славко Јаневски“. На повикот кој беше отворен во јуни годинава пристигна 61 ракопис, а делата ги оценуваше тричлена […]

2021 – Година во чест на Блаже Конески


Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна […]

Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш: Милчо Манчевски пред изложбата во МСУ


Лејла Сабит „Во книгата и на изложбата имаме фотографии сликани по цел свет – 88 слики од Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас… и сите тие се некаде таму – не само географски, туку и визуелно, сите тие се на друго место, не се дел од нас, ги гледаме од […]

Цел октомври фестивал „Букстар-20 vs Ковид-19“


Шестото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“/„Книжевни ѕвезди“ ќе се одржува цел месец октомври, со различни настани и активности. Слоганот на фестивалот е „BOOKSTAR-20 vs. COVID-19“. Како што соопшти организаторот – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, првиот настан во рамки на Фестивалот ќе биде изложба на фотографии на македонскиот режисер Милчо Манчевски, која ќе […]