Гран-при за грчкиот филм „Ветеран“ на фестивалот Киненова
Двете меѓународни жири-комисии ги соопштија наградените филмови во сите натпреварувачки категории на петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА 2020“. Главното фестивалско жири, составено од полскиот режисер Кшиштоф Зануси како претседател, Драгомир Шолев, режисер од Бугарија и Керем Ајан, актуелен директор на Истанбулскиот филмски фестивал, одлучи во категоријата „Меѓународна конкуренција“, наградата Гран-при за најдобар филм […]