Солунската, софиската и скопската филхармонија заедно ќе ја изведат „Кармина Бурана“


Националната филхармонија, заедно со Софиската и Солунската филхармонија, на 17 февруари во салата на НДК во Софија ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.Како што соопштија од Филхармонијата, овој проект беше договорен кон средината на минатата година на иницијатива на маестро Тодоров како своевиден симбол […]

Вевчанскиот карневал и годинава сатирична пресметка со македонското секојдневие


Вевчанскиот карневал е слика и прилика на тоа што се случувало во општествено – политичкиот живот, од претходната година, на специфичен начин, изјави денеска градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, на прес-конференцијата во Скопје, посветена на овој традиционален настан. Тој се осврна на традиционалните маски и додаде дека секое издание на карневалот има и нови маски. […]

Книгата раскази „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија


Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претхподно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.  Во текстот кон објавената книга се вели дека […]

Канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт во 2026


За прв пат, Виенската филхармонија го покани канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин да го диригира Новогодишниот концерт во 2026 година. Уметничката соработка помеѓу Јаник Незе-Сегуин и Виенската филхармонија започна на Неделата на Моцарт во Салцбург во 2010 година. Оттогаш, Незе-Сегуин редовно диригира со оркестарот на концерти во Виена и Салцбург, како и на турнеја. Еден посебен […]

„И јас сум Сирма“ на Зоран Спасов-Ѕоф за еден месец стана најпродавана книга за 2024 година


Романот „И јас сум Сирма“ на хит-авторот Зоран Спасов-Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според податоците на најголемиот издавач во државата „Арс ламина“ и неговиот синџир книжарници „Литература.мк“. Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди незапаметен интерес кај широката публика и за еден месец стана бестселер за 2024 година. Да потсетиме дека станува […]

Во Скопје доаѓа музичкиот трилер „Емилија Перез“ кој води со 10 номинации за 82. Златен глобус


Музичкиот трилер „Емилија Перез“ на Жак Одијар, за мексикански наркобос кој ќе го смени полот во жена, доаѓа во Скопје. Од 9 јануари е на репертоарот на Синеплекс. Филмот води со 10 номинации за 82. Златен глобус, кој ќе се одржи в недела,  пред конкурентите како мјузиклот „Злобница“, папскиот трилер „Конклава“ и повоениот еп „Бруталистот“. […]

Филхармонии и солисти од Македонија, Грција и Бугарија ќе ја изведат „Кармина Бурана“ во Софија


Во сала 1 на НДК под диригентство на маестро Најден Тодоров ќе биде изведена сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, информираат од Софиската филхармонија. Според нив, овој концерт е симбол на културната соработка во регионот. На 17 февруари на концертот ќе учествуваат и Филхармонијата на Република Северна Македонија и Државниот симфониски оркестар од Солун, […]

Кинотека ја започнува годината со „Кино утро“ – иницијатива за деца и млади


Во рамки на јануарската програма, во Кинотека ќе се одржува „Кино утро“ – иницијатива за деца и млади. – Тематот „Кино утро“ има за цел да ги доближи најмладите до филмската уметност и да го разбуди нивниот интерес за киното како посебно доживување. Овие проекции не се само забава – тие се и можност за […]

Одисеја на Штраус


Виена- Виенската филхармонија денес го одржа својот традиционален новогодишен концерт, воведувајќи ја 2025 година со порака за мир, убавина и хармонија. За прв пат во историјата на гала настанот, на престижниот концерт беше прикажано дело на жена композитор. „Валцерот Фердинандус“ на австриската композиторка Констанзе Гајгер беше премиерно прикажан во Златната сала на Музиквераин во Виена, […]

Мути ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари


Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија 2025 година ќе се  се одржи на 1 јануари 2025 година, под диригентската палка на маестро Рикардо Мути во Златната сала на Музиквераин во Виена. Новогодишниот концерт во 2025 година ќе се емитува во над 90 земји и ќе го следат милиони телевизиски гледачи ширум светот. Традиционално, МТВ ќе врши […]

Роксана Стојанов, балерина од Македонија е нова главна танчерка во Париската национална опера (видео)


Во саботата на 28 декември, Роксана Стојанов, балерина по потекло од Македонија, блесна во главната улога на балетот „Пакита“ во кореографија на Пјер Лакот, во Националната опера на Париз, Франција.  Како што налага традицијата, директорот на Националната опера во Париз, Александар Неф, излезе на сцената за самиот да ја соопшти веста пред публиката која присуствуваше […]

Во македонскиот КИЦ во Тирана самостојна изложба на скулпторот Џелил Руфати


Тирана – Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана отворена е самостојна  изложба  на скулпторот Џелил Руфати, на која присуствувал и присутните ги поздравил и  вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу. -Беше привилегија да се биде дел од организираната изложба на КИЦ во Тирана. Гостите можеа да ги почуствуваат емоциите, идеите и приказните на Џелил […]

„Темната страна на Римската историја“ ги обедини германските и македонските археолози во Франкфурт


Археолошките откритија од пред милиони години ни служат да добиеме повеќе одговори поврзани со развојот на цивилизацијата и општествата, со начинот на кој што функционирало човештвото некогаш. Франкфурт, освен што е дом на бројни големи банки и брокерски куќи е и дом на значајни културни институции. Во Франкфурт се сместени три многу значајни институции, кои […]

Oхриѓанката Ениз Хилми ја доби наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите“


Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“, на конкурсот што традиционално го распишува Издавачката куќа Темплум од Скопје, годинава ја доби охриѓанката Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“. „Станува збор за мемоар, односно патописна проза која гравитира меѓу „утописката“ потрага по загубениот југословенски простор и западниот сенс за организирање […]

Драмски театар со попуст од 50 отсто за блок билети за седум претстави


Драмски театар Скопје годината ја заврши со премиерата на претставата „Фамилијата Адамс“ и со желби за среќна и успешна Нова 2025 година за својата публика подготви празнични блок билети за репертоарот во месец јануари. По дочекот на Новата 2025 година и по обележувањето на Божиќ во своите домови, Драмски ги отвора вратите за публиката со […]

Штраус за новогодишна магија – Филхармонија во празничен дух ја заокружи 2024 (фото)


Фоајето во ледено сина боја и огромна накитена елка ги дочека дотераните гости во Филхармонија, а сцената во црвена боја ветуваше празнична музичка магија, синоќа на новогодишниот концерт насловен  „Слушни! Доаѓа Новата…“, под диригентската палка на маестра Елена Митревска, која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска.  Во празнична атмосфера, со традиционалните валцери и […]

Румена Бужаровска го потпишува „Тони“


На само неколку дена до Новата година, еуфоријата е со ТОНИ. Првиот роман на нашата современа писателка Румена Бужаровска ги освои и ги шокира читателите. Или, како што кажаа многумина, „ги тресна од земја“. По промоцијата, подготви се за уште еден неодминлив книжевен настан годинава. Румена го потпишува ТОНИ – само овој петок во ТРИ, […]

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ – музичка претстава во Скопје


Во продукција на „Музичка кутија“, денеска во Скопје во 18, 30 часот ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“. „Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) […]

Зоки Поки, Сказна за детето Вилен и Белото Циганче на Брајово писмо


 Во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска во 12 часот ќе бидат промовирани на книгите на Брајово писмо Приказни за Зоки Поки од Оливера Николова, Сказна за детето Вилен од Глигор Поповски и Белото циганче од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото […]

Самостојна изложба „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес


амостојна изложба насловена „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес ќе биде отворена денеска во Касарна хаб од Охрид. Изложбата ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела. – После самостојните излагања во  Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени […]