Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и бале


 Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи традиционалниот концерт „Василица 2025“ со што ќе се одбележат 30 години од првото одржување на концертот по повод празникот Василица којшто првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година.  Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и […]

Од „И јас сум Сирма“ на Ѕоф до бајките на Андерсен: Најпродавани изданија од „Арс Ламина“ во 2024


Издавачката куќа „Арс Ламина“ бележи успешна книжевна година, со објавени 190 нови наслови, од кои – 50 книги за возрасни, 70 публикации за деца и 70 образовни изданија и списанија. Најпродавана книга за возрасни во 2024 година е „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Ѕоф. Најпродаваното издание за деца е „Си беше еднаш“ – […]

Атина домаќин на Европските филмски награди во 2027 година


Атина – За две години, на средината на јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди, кои, според општината, првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа, „факт што претставува значајно признание за Атина и за позицијата на градот како единствена дестинација за меѓународни филмски продукции“, јави дописничката на МИА […]

Манаки прикажува: Бесплатни проекции на филмови на Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион


Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи од 17. до 26. јануари 2025 година.   Публиката од земјите чии фестивали […]

Филхармонија за отказот на маестра Дијана И. Илкоска: Никогаш не ѝ беше ветена работа на неопределено време


Откако маестра Дијана Имери Илкоска, со отворено писмо објавено на Фејсбук, соопшти дека не ѝ е продолжен договорот за работа и дека и е забранет влез во Филхармонија, со демант се јави НУ Филхармонија на РС . Го објавуваме демантот во целост: „Неосновани, невистинити, неаргументирани и паушални се наводите, кои авторката на текстот Дијана Имери […]

Недела на претстави од независната продукција во Драмски


Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Театарот ги отстапува за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање  на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.На сцените на Драмски театар публиката од 14 до […]

Филхармонија ја отпушти маестра Дијана Имери-Илкоска, таа вели дека и е сторена институционална неправда


Филхармонија ја отпушти познатата диригентка Дијана Имери Илкоска, етаблирана дома и на меѓународната сцена, а од завчера ѝ бил забранет пристап во зградата на Филхармонијата. Денеска, таа на својот фејсбук-профил објави писмо во кое посочува дека и е сторена институционална неправда и бара од надлежните и од Синдикатот на културата (СКРИМ) да го разгледаат нејзиниот […]

„Галимар“ ја објави „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска


Престижната француската издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“  (Je ne bouge pas d’ici) од писателката и универзитетска професорка Румена Бужаровска, во превод на Марија Бежановска, информираат од Издавачки центар ТРИ. „Француското издание на ‘Не одам никаде’ од Бужаровска следува откако претходно ‘Галимар’ ја издаде и ‘Мојот маж’, […]

Почина писателот и новинар Наум Бајо


  Друштвото на писателите на Македонија информира дека денес почина писателот и новинар и публицист Наум Бајо (81), роден е во април 1943 во Долна Белица, Струшко. Наум Бајо беше член на ДПМ од 2001 година. Помеѓу другите дела, автор е на романите „Живот“ (1994), „Црвените птици над Рим“ (1995), „Часовник од цвеќе“ (1997), „Камено […]

На 90 години почина Стипица Калоѓера, еден од најзначајните хрватски композитори


Загреб – Почина Стјепан Стипица Калоѓера, еден од најзначајните хрватски композитори, аранжери, диригенти и продуценти. Имаше 90 години. Хрватското друштво на композитори известува дека тој починал пред неколку дена. Стипица Калоѓера уште од мали нозе покажал исклучителен талент за музика. Во Загреб најпрвин почнал да свири на виолина, а подоцна и на труба и пијано. […]

Сликите на Сергеј Андреевски ќе ги красат плакатите за концертите на Националниот џез оркестар


„Сликам како џез музичар,“ ќе рече за себе Сергеј Андреевски.  “Јас сум сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето.  Светот е моето ателје.  Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето.  Звукот е мојот партнер при создавањето.  Особено џезот; оти јас кога […]

Нова Горица и Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025 година


Брисел – Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури.  Како што соопшти денеска Европската […]

Веќе се чита второто издание на „Тони“ од Румена Бужаровска


Откако пред еден месец се запознавме со „ТОНИ“ – првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска, јавноста веќе го чита неговото второ издание, информираат од Издавачкиот центар ТРИ. „Многу добар начин да се каже ‘патријархатот е отепувачка’ и како генерации мажи и жени се оштетени до таа мера што со самото свое (навидум беневолентно) […]

Скопјанката Агнеса воодушеви со „Tomorrow“ без микрофон во Карнеги Хол


На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27ми декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre. 12-годишната Агнеса настапи во Бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а […]

Македонски документарни и кратки филмови и „Кино Утро“ дел од јануарската програма на Кинотека


Кинотека соопшти дека ја почнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. Во текот на јануари, за најмладите Кинотека организира утрински проекции во рамки на тематот „Кино Утро“, а исто така ќе се одржат и проекции на македонски документарни и кратки филмови, како и зимското издание на Интернационалниот фестивал на […]

Високите потпетици се мој интимен симбол на родовата различност: Интервју со маестра Ѓурѓица Дашиќ


„Виенскиот новогодишен концерт претставува симбол на нов почеток, исполнет со радост и надеж и да се диригира на таков настан носи одговорност но и голема привилегија – да се биде дел од глобална прослава . Самиот концерт не е само музички настан; тоа е културен феномен кој бара издржливост, искуство и уметничка визија“, вели во […]

Виола Дејвис и Тед Дансон славеа со исклучителни награди на Златен глобус 2025


Лос Анџелес – Патувањето на Виола Дејвис да стане една од најпочитуваните актерки во Холивуд беше поттикнато од јасна мантра: Прегрнете ја секоја улога, користејќи ја секоја како  шанса да истражувате нови ликови додека ги усовршувате своите вештини. Дејвис одржа трогателен, 16-минутен говор при прифаќањето на престижната награда Сесил Б. Демил на Златната гала вечер […]

Андреј Ал-Асади добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“’ за 2024


Андреј Ал-Асади е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем” што под шифрата „Хидаспес” беше избрана на конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев” за 2024 година што секоја година се доделува во чест на големиот македонски поет и преродбеник. Андреј Ал-Асади е роден во 1996 година во Лондон, а дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот […]

Адриен Броди на чекор до Оскарот: „Бруталист“ го споредуваат со „Кум“ и „Беше еднаш во Америка“


  Адриен Броди имаше само 29 години кога го освои Оскарот за најдобар актер за „Пијанистот“, прогонувачкиот филм на Роман Полански, сместен во варшавското гето. Тој беше најмладиот добитник досега, рекорд кој сè уште стои. Неговиот напор да се подготви за улогата, да се исели од неговиот стан во Њујорк, да ги избегнува пријателите и […]

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“


 Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди. Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар […]