„Сатански стихови“ на Салман Ружди се врати во индиските книжарници по 36 години


Романот „Сатански стихови“ на Салман Ружди повторно се појави во индиските книжарници 36 години откако беше забранет во 1988 година, објавија денеска британските медиуми. Како што објави Гардијан, повторното појавување на ова дело во книжарниците нема врска со слободата на говорот, туку со изгубен документ со кој се забранува. Оригиналниот документ со кој индиската влада […]

Поемата „Никогаш пред ил’ потем“ на авторот под шифра „Хидаспес“ лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2024


Поемата „Никогаш пред ил’ потем“ пријавена под шифра „Хидаспес“ е избрана за најдобра на отворениот конкурс што секоја година се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Одлуката посочената поема да биде избрана за најдобра на конкурсот била донесе едногласно од страна на Комисијата во состав Славе Ѓорго Димоски – […]

Канал 103 ќе го слави 80. роденден на Mакедонското радио


Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови прозвучија во етерот на 28 декември во 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. Утревечер (27 декември), од 21 часот, во клубот „Ла кања“ […]

80 години МНТ- Зоран Кардула автор на новото лого


Македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде логото „80 години Македонски народен театар“ по повод 80-годишниот јубилеј на најстарата национална професионална театарска институција Македонски народен театар (МНТ). – Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот […]

Отворање на изложбата „Херметичен простор“ од Билјана Билбилоска во Струмица


Изложбата на слики „Херметичен простор“ од Билјана Билбилоска вечер, во 19 часот, ќе биде отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Авторката ќе се претстави со слики изработени во периодот 2023-2024 година. Билјана Билбилоска досега има остварено 11 самостојни изложби во државава, како и во Србија, Хрватска и Франција, а учествувала на повеќе […]

Објавена книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај)


Од печат излезе специјалното издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти. Ова специјално издание беше подготвено за објавување кон крајот на минатата 2023 година и со него требаше да […]

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус


Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“ на македонската филхармонија ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс, информираат […]

Одбележување 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски


Сто години од раѓањето на Ристо Лозаноски ќе бидат одбележани денеска во Скопје. Како што информираат од НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, настанот ќе биде отворен вечер во 19 часот во „Даут пашин амам“. 

Ќе се обезбедат средства и за манастирот во Матејче


Министерството за култура и туризам и Националниот конзерваторски центар ќе обезбедат средства за манастирот во Матејче и ќе ја разгледаат иницијативата на група граѓани за санација на конаците во Карпинскиот манастир, информираа денеска надлежните од двете институции при посетата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане. Двата сакрални објекти едниот сместен во Липковско, вториот во […]

Започнува конзервацијата на вредното сликарството од византискиот период на „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, која е ремек-дело од XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла. „Она што е особено значајно за ова вредно културно наследство е тоа што по 10 години негрижа и застој во работата, започнаа подготовките за реализација […]

Новогодишен концерт на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”


Вечерва, во 19 часот, во Музејот на македонската борба и самостојност, новогодишен концерт ќе имаат учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”. Настапуваат:   1.АДА БОГОЕВСКА, виолончело, I година, средно Е.Елгар – Поздрав на љубовта класа: Александра Јаневска пијано соработник: Ива Виденовиќ 2.ЕЛЕНА ЧОЧОСКА, флејта, II година, средно Ж.Муке – Пан флејта класа: Симона Марочковска Манојловска пијано […]

Традиционалниот концерт за Василица во НОБ со гости од Шпанија


На 11 и 13 јануари 2025 во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ 2025. Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа, тој стана препознатлив, […]

Премиера на претставата „Фамилијата Адамс“ во Драмски театар Скопје


 „Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе биде изведена вечер во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. Во програмската белешк а за претставата таа истакнува дека Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното. -Како Светот да се претворил во […]

Промоцијата на книгата „Ретки птици“ од публицистот и музички новинар Ненад Георгиевски


Промоција на книгата „Ретки птици“ на публицистот и музички новинар Ненад Георгиевски ќе се одржи вечер во Лабараториум со почеток во 19.30 часот. Промотори се Александра Јуруковска и Милан Дамјаноски. Книгата е збирка интервјуа создадени во период од десет години со најразличен профил на луѓе. Поделена е на два дела: „Мелодии“ и „Зборови, слики и […]

Промоција на книгата „Многуимените Други“


„Многуимените Други- Македонија како пресечна точка на Другоста на средновековниот Балкан (Идентитетски Јазли)“ од проф. д-р Стојко Стојков ќе биде промовирана денеска напладне во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите во организација на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија. Книгата е планирана како прво издание во новата едиција на Комитетот – […]

Обама ја објави традиционалната листа на омилени филмови, книги и песни на годината


Како што е традиција од неговото претседателствување, поранешниот американски претседател Барак Обама (63) ја објави својата традиционална годишна листа на омилени книги, филмови и песни.     Обама на својот Инстаграм профил ги сподели своите 10 најдобри филмови и книги и 25 омилени песни.   „Секогаш со нетрпение очекувам да ја споделам мојата годишна листа […]

Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“


Новогодишната едукативна и забавна музичка претстава „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“, од  „Чудесна продукција“, ќе ја збогати предновогодишната понуда на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Инспиративната претстава, која ги води децата низ магична авантура, ќе се одржи на 27 декември (петок) во 18:30 часот. Приказната ги следи трите смешни самовили Муза, Нота и Песна, кои […]

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус


Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата…“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.   Eлена Митревска завршува […]

46 поднесени дела на конкурсот за традиционални годишни награди на ДПМ


На конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија оваа година се пријавени вкупно четириесет и шест дела, единаесет повеќе од делата пријавени на конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г. Оваа година, за разлика од минатата, доминира поетската продукција, но и книжевноста за деца и млади.   За наградата „Стале […]

Во Велс, „Глувци и луѓе“ и „Да се убие птицата подбивница“ исфрлени како лектири


Американските романи „Глувци и луѓе“ и „Да се ​​убие птица подбивница“ се отстранети од наставната програма за средно училиште во Велс поради загриженост за расизам. Новата програма за англиски јазик и литература, издадена од најголемиот испитен одбор во земјата WJEC, ќе се спроведува од септември 2025 година и не ги вклучува овие книги. „Глувци и […]