Реставрацијата на Споменикот на слободата на Чемерски во Кочани документирана на филм со потпис на ќерка му


Македонската премиера на дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, на фестивалот МакеДокс помина со силен аплауз во преполниот Куршумли ан.

Филмот е топла и искрена лична историја во која Чемерска го документира деветгодишниот макотрпен процес на реставрација на споменикот и сите бирократски пречки, но и нејзината врска со татко ѝ и браќата – филмаџијата и параглајдерист Филип и преведувачот Огнен кој го преведе „Моби Дик“ – кои починаа во кус период еден по друг, со мајката на браќата Каќа и мајка си Рајна. Во големата слика, филмот ги истражува темите на справување со личната загуба и личниот залог за зачувување на дело кое не е само семејно туку и светско културно наследство.

„Првичната идеја беше само да направиме значенска реставрација на Споменикот на слободата, да му го вратиме значењето кое го има, но во текот на процесот открив голема видеоархива и други документи, па се зафативме со проектот за целосна реставрација. Тогаш решив да го документирам целиот процес и морав да научам да правам филм за да го сторам тоа“, рече на премиерата режисерката и визуелна уметница Чемерска и додаде дека во еден за неа тежок периодот често одела кај Споменикот и го доживувала како прибежиште.

Таа се заблагодари на приказните дека споменикот живее споделени од публиката во разговорот по проекцијата, за кочанскиот средношколски фестивал Расплет што две години се одржува токму на Споменикот на слободата, како и дека во месеците по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63 жртви, активистите кои им помагаа на протестите на родителите заминуваа кај Споменикот и таму наоѓаа утеха.

„Секој споменик живее само тогаш кога луѓето се покрај него, односно кога има парче уметност, тоа предизвикува емоции и ги повикува луѓето да се поврзуваат со него“, рече Чемерска.

Светската премиера на „Руини“ беше на 14 јуни во конкуренцијата за награди на филмскиот фестивал во Шангај, Кина.

„Руини” во продукција на „Синема футура“ беше поддржан со 800 илјади денари (13 илјади евра) на Конкурсот за финансирање на проекти на Агенцијата за филм во втор рок на одлучување во 2018. 

Кинематографери се Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата е на Владимир Гојун и Горјан Атанасов, композитор е Игор Василев Новоградска, а дизајнер на звук Лука Гамулин. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија имплементиран од „Хартефакт фонд“. 

Реставрираниот Споменик на слободата беше претставен во декември 2024, по двегодишна обнова со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД за зачувување на културата. Грантот го доби Општина Кочани од Амбасадата на САД во Скопје и беше прва поддршка од овој фонд за реставрација на споменик од современата македонска уметност што ја чествува и борбата против фашизмот.

Кочани, па и Македонија се збогатени со едно уметничко ремек-дело

Споменикот е граден во периодот 1975-1977 година, од страна на тогашното Собрание на општина Кочани. Преку самоуправна спогодба биле собрани финансиски средства за таа намена во противвредност од околу 800.000 тогашни германски марки. На распишаниот јавен конкурс за уметничко и архитектонско решение се јавиле повеќе автори од тогашна Југославија. Комисијата го избрала уметничко-архитектонското решение на авторите Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ.

Во 1981 г. споменикот бил целосно завршен, а на 28 ноември 1981 г. (Денот на Републиката) со голема свеченост и присуство на граѓани, гости, уметници од културата, политичари и други, бил предаден во употреба.

1280px-Spomenik4_right

Со неговата изградба Кочани, па и Македонија се збогатени со едно уметничко ремек-дело. На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период, па до НОВ. Посебно во споменикот со пиетет се ставени имињата на загинатите борци во НОАВМ од Кочани и Кочанско.

1280px-Spomenik4_right

Покрај историската и уметничка вредност, споменикот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која се користела за свечености, театарски претстави и други собири. Споменикот е прогласен за споменик на културата и како таков е влезен во регистарот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

1280px-Monument_to_Freedom_in_Kocani_028

За жал, по осамостојувањето на Македонија, споменикот е препуштен на забот на времето и значително оштетен. Оштетувања се направени и од несовесни граѓани кои откорнале дел од мозаикот или нанесувале графити на споменичната површина. Дел од оштетувањата се поправени во 2004.

1280px-Monument_to_Freedom_in_Kocani_025

800px-Monument_to_Freedom_in_Kocani_023

Другите рекоа:

Пред 30 години угледниот архитект Богдан Богдановиќ за Меморијалниот комплекс во Кочани вели: “Во време кога во Европа и во Југославија се сметало дека се е кажано на темата монументални споменици во Кочани се покажани нови иницијации кои монументалното творештво го врзуваат за антиката, пред антиката и за нашата современост и во него препознаваат не само сегашност туку и иднина. Мајсторе сега си протомајстор.“

Споменик на слободата_1

Споменик на слободата_2

Познатиот уметнички критичар Стеван Станиќ во одделот “Автори и дела“ (НИН – Белград 13.12.1981 г.) во сериозната презентација за реализираниот комплекс во Кочани напишал : “Со купола од право небо. Во далекото Кочани на брдото Лакобија е дело со ретка вредност – храм на слободата. …..ова некому е како оддишка од укоченоста на современата архитектура.

Споменик на слободата_4

Одеднаш пред него е можноста да полета во поетиката на просторот, бидејќи и кај него одамна преовладува чувството на архитектурата како оној празен “лаоцеовски“ простор. Сега наеднаш може да се оствари идеалот. Сликарството и скулптурата да не бидат окована лушпа на архитектурата, ниту апликација, туку заеднички да се зачнуваат, и почетна идеа заедно да растат и хармонизираат. По некој закони и чувства на музиката, а помалку по она што би го нарекле синтеза на сите уметности.“

Споменик на слободата_3