Зеленски во вторник со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана. Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот. […]

На Украина ѝ треба вистинско оружје за да победи, велат Блинкен и Остин


На Украина ѝ треба вистинско оружје за да победи, велат Блинкен и Остин Рускиот напредок во јужна и источна Украина е забавен. Лојд Остин вели дека на Украина ѝ треба оружје од висок дострел во оваа фаза на војната  неНајвисоките американски претставници во понеделникот ветија дека ќе помогнат да се обезбеди Украина да победи во […]

Зеленски се сретна со Блинкен и Остин во Киев, американска воена помош од 713 милиони долари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Киев, соопшти неговата администрација. Тоа е прва средба меѓу Зеленски и американски претставници од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. „Денес, украинскиот народ е обединет и силен, а украинско-американското пријателство и партнерство […]

Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден, вели Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир. Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје. Зеленски ги повика жителите на тие […]

Зеленски: ЕУ планира шести пакет санкции против Русија, тоа ќе биде болно


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија. – Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како […]

Ова е Украинецот кој стои зад говорите на Володимир Зеленски


  Во овие бурни времиња и напади на Украина, претседателот Володимир Зеленски успеа да допре до луѓето низ целиот свет. Го направи тоа на многу начини, па и со своите говори со силни пораки кои често имаме прилика да ги чуеме. Сега е познато и кој стои зад нив. Зад јавните обраќања на претседателот на […]

Џонсон и Зеленски разговарале за Мариупол


Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за рускиот напад на Мариупол, пренесуваат странските агенции. Според портпаролот на „Даунинг стрит“, британскиот премиер им оддал почит за храброста на украинските сили кои продолжуваат да ја бранат слободата на својата земја, објави британскиот весник „Гардијан“. Зеленски го информирал Џонсон за ситуацијата во […]

За седум недели војна загинале речиси 3.000 украински војници, на руска страна загубите многу поголеми


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници биле убиени во текот на седумте недели од војната со Русија и дека уште околу 10.000 биле ранети. Тој изјави и дека не е познат бројот на украинските цивилни жртви, пренесува Ројтерс. Зеленски рече дека меѓу 19.000 и 20.000 руски војници биле […]

Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата рече дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната. – Се разбира, и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации од некои медиуми за намерите и можностите на руската армија. За потенцијалот на руската економија. За емоционалната состојба на општеството во Русија, […]

Подољак: Состанок Зеленски-Путин по битката за Донбас


 Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас. „Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, […]

Зеленски денеска ќе се обрати во грчкиот Парламент


Во присуство на владејачката и неколку, но не и сите опозициски партии, претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска ќе има говор во грчкиот Парламент, преку видеоконференција, откако доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На специјалната седница во Парламентот, според најавите, присутни ќе бидат лидерите и пратениците […]

Зеленски: Има илјадници исчезнати луѓе – или биле депортирани во Русија или се убиени


Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање, пренесува ДПА. – Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе, рече тој во обраќањето објавено на Телеграм. Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со […]

Зеленски пред и потоа: Ужасите на војната му оставија траги на лицето


Украина– Фотографиите на Зеленски, направени со разлика од 41 ден, го покажуваат драматичниот биланс од војната на претседателот на Украина. Претседателот Володимир Зеленски во понеделникот, 4 април,  го посети киевското предградие Буча, каде што фотографиите го покажаа остарен, во војничка облека, со панцир и пуштена брада.  Неговиот нов изглед е во целосна спротивност со неговиот […]

Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН


САД – Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео конференциска врска се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Ова е негово прво обраќање пред Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија. Се очекува тој да ги повика членките на ОН да воведат нови, построги санкции кон Москва. Според информациите, Зеленски ќе зборува и за масакрот […]

Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча. На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските […]

Греми: Украинскиот претседател Зеленски го претстави настапот на Џон Леџенд


САД– Греми доби доза на реалност синоќа кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во претходно снимен говор среде тековната инвазија на неговата земја од страна на Русија. Претставувајќи ја изведбата на Џон Леџенд на „Free“, во која имаше песна прочитана од украинската бегалка Љуба Јакимчук, Зеленски зборуваше за моќта на музиката во мрачни времиња, […]

Зеленски: Повеќе од 3.000 луѓе евакуирани од Мариупол, ситуацијата во источна Украина исклучително тешка


 Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од украинскиот пристанишен град Мариупол, кој е под опсада на руската армија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во видео порака објавена ноќеска, Зеленски рече дека вчера работеле хуманитарните коридори во три украински области – Доњецк, Луганск и Запорожје. „Успеавме да спасиме 6.266 луѓе, од кои 3.071 од Мариупол“, рече […]

Зеленски на двајцата генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина. Зеленски рече дека тоа се Андриј Олекович, кој ја предводеше внатрешната безбедност во главната разузнавачка агенција на СБУ и Серхи […]

Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија. Во интервју за списанието Економист, тој рече дека „Британија дефинитивно е на наша страна“ и „не врши балансирачки чин“. – Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како […]

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето!


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат […]