Зеленски повикан да дојде на НАТО самитот во Мадрид


  Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е повикан да учествува на Самитот на Алијансата во Мадрид што се одржува за две недели. Како што рече Столтенберг, за две седмици сојузниците ќе се состанат на историски и трансформативен самит во Мадрид. „Тука ќе се донесат одлуки НАТО да остане […]

Зеленски до Пендаровски: Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки


Претседателот на Украина Володимир Зеленски упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Стево Пендаровски во текот на месец мај 2022 година. – Ваша Екселенцијо, Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето […]

Зеленски: Руската инвазија на Украина е „Ковид-22“, а оружјето е вакцина


Володимир Зеленски ја спореди руската инвазија со Ковид и ги опиша оружјето и санкциите како вакцина, бидејќи воената позиција на Украина во Донбас се влошува, пишува „Гардијан“. Украинскиот претседател, говорејќи преку видео врска на гала настан по повод 100-те највлијателни луѓе на годината на магазинот Тајм, повторно лобираше за поголема помош однадвор бидејќи „украинската војска […]

Зеленски: Украина отвора „книга на крвниците“ со докази за воените злосторства


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се […]

Зеленски го посети Запорожје, продолжуваат борбите во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје, соопштија од неговиот кабинет. Украинската војска информираше за експлозии вчераутро во Киев, последица на напад со руски крстосувачки проектил. – Сакам да ви се заблагодарам за вашата работа, за вашата служба, за тоа што нè штитите нас и нашата држава, истакна Зеленски, […]

Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија


Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација […]

Уништена клучната инфраструктура во Северодоњецк


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека целата клучна инфраструктура во градот Северодоњецк во областа Луганск е уништена во руското гранатирање. Тој тврди дека заземањето на градот е „главна цел“ на Русија. – Како резултат на руските напади на Северодоњецк, уништена е целата клучна инфраструктура на градот, истакна Зеленски. Украинските власти претходно соопштија дека украинските […]

Ердоган утре ќе разговара со Путин и со Зеленски


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека има намера утре телефонски да разговара со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски. – Се разбира, Русија нема да гледа позитивно на тие работи (приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО). Русија, пред сè, е загрижена за финското прашање. Зошто? Затоа што ова е погранична […]

Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ). Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница. -Оваа […]

Зеленски: Борбите на истокот се брутални, дневно гинат меѓу 50 и 100 украински војници


Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли  на воените жртви на конфликтот. Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која […]

Зеленски предлага формален меѓународен договор за надомест на штетата со конфискација на рускиот имот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера предложи да се воспостави формален договор со сојузничките земји за обезбедување компензација од Русија за штетата што нејзините сили ја предизвикаа за време на војната. Зеленски, кој вели дека Русија се обидува да уништи што е можно повеќе од инфраструктурата на Украина, кажа дека таквиот договор ќе покаже дека државите […]

„Диктаторот ќе изгуби“: Зеленски со емотивен говор на отворањето на Канскиот филмски фестивал


Франција– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги надмина сите ѕвезди на 75. Кански филмски фестивал, откако се обрати на  актери и режисери на отворањето вечерва упатувајќи емотивна молба во име на неговата земја разурната од војна. Појавувајќи се преку видео-врска, Зеленски ги натера посетителите на фестивалот да го слушаат внимателно. „Продолжуваме да се бориме“, рече Зеленски. […]

Зеленски: На цел свет му е јасно дека Русија претрпе пораз


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и оти тоа му е јасно на целиот свет. – На Русија и недостасува храброст да го признае тоа, посочи Зеленски. Тој додаде дека руските сили се кукавици кои се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетни, воздушни и […]

Зеленски: Русија ќе загуби затоа што злото секогаш губи


 Во пресрет на Денот на победата, претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“. Тој нагласи дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“. Како […]

Зеленски: Во руските напади уништени се стотици болници, нема ни лекови


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции. Зеленски во видео порака до хуманитарна медицинска организација рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што […]

Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари


На Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал. – Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо, рече Зеленски. Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска […]

Бејзбол-топче потпишано од Зеленски ставено на наддавање


Бејзбол-топче потпишано со црно пенкало од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година, е ставено на аукција заради собирање пари за земјата разурната од војна. Тоа досега беше во сопственост на Ренди Каплан – познат колекционер на топчиња потпишани од светските лидери, а дел од приходите ќе бидат наменети за воени цели и за помош […]

„Немам зборови…“: Зеленски за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло


Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“. – Немам зборови…, рече Зеленски во своето вообичаено ноќно обраќање. Никој не слушна никаков демант или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк… тоа значи […]

Зеленски: Мариупол е руски концентрационен логор среде урнатини


Во своето редовно ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша уништениот град Мариупол како „руски концентрационен логор среде урнатини“. Тој додаде рече пристанишниот град во јужна Украина „бил еден од најразвиените во регионот“ а руските сили „целосно го уништија“. Зеленски истакна и дека „окупаторите во Донбас прават се за да го уништат целиот живот“ […]

Зеленски за малку ќе бил заробен или ликвидиран во првите часови на инвазијата


  Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, опиша како руските сили дошле блиску да го заробат или убијат во раните часови на инвазијата. Зеленски беше широко пофален за неговиот одговор на инвазијата во 65-те дена откако првите руски трупи влегоа во Украина. Тој се обрати пред Конгресот на САД, Светската банка и Греми наградите; Борис Џонсон е […]