Зеленски го одбележа украинскиот Ден на независноста со повик да се натера Русија „да завива“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето обраќање до нацијата по повод 35-годишнината од независноста на земјата за да му упати директен предизвик на рускиот претседател Владимир Путин, изјавувајќи дека Москва мора да биде турната на колена преку единството на меѓународната заедница. Додека европските лидери се собраа во Киев за да ја одбележат годишнината, Зеленски […]

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина. Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече […]

Руските сили со беспилотни летала го нападнаа Кривиј Рог, родниот град на Зеленски


Најмалку пет лица се убиени, а 52 повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз југоисточниот украински град Кривиј Рог, објави денеска воениот гувернер на регионот Дњепропетровск, Олександр Ханжа, на платформата Телеграм. Меѓу погодените цели е и најголемиот трговски центар во градот. Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир […]

Зеленски бара од САД да купи пет отсто од американските залихи на ракетите за системите „Патриот“


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден […]

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји. „Ги предадовме нашите предлози на […]

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери. – Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со […]

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија


Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на […]

Вучиќ по средбата со Зеленски – мали се шансите Србија брзо да влезе во ЕУ, Украина си ја турка европската агенда


Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, по денешната средба во Белград порачаа дека двете земји сакаат да ја зајакнат економската и политичката соработка. Вучиќ е скептичен околу можноста за брзо членство на Србија во Европската Унија, додека Зеленски најави напредок во преговорите за договор за слободна трговија. Посетата е исклучително значајна […]

Што пишуваат руските медиуми за најавената посета на Зеленски на Белград?


Руските медиуми „Супутњик“ и „РТ Балкан“ на своите портали на насловната страница ја објавија најавата за посетата на Володимир Зеленски, претседателот на Украина, на Србија. Додека „Спутњик“ има само кратка најава дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде домаќин на Владимир Зеленски во сабота, 8 август, дека тоа е негова прва посета на Белград, дека […]

Зеленски во сабота доаѓа во Белград


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа медиумите во Србија. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија. Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. кога […]

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се трипати помали од 2025 година и ги повика политичарите во сојузничките земји да одобрат повеќе испораки. – Ова се однесува не само на овој летен период, туку и на кој било период во првата половина од оваа година, наведе Зеленски […]

Зеленски: Украина собори само еден руски балистички проектил, бидејќи не поседува пресретнувачки ракети „Патриот“


Украина собори само една од 27 руски балистички ракети за време на денешниот голем руски напад, бидејќи земјата нема пресретнувачки ракети, што се користат за американските противвоздушни системи „Патриот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведе дека Русија истрелала вкупно 35 ракети, од кои 27 балистички и 185 беспилотни летала врз Киев и регионите на […]

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание […]

Зеленски: Украина погоди нафтен објект и големи логистички центри длабоко во Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили погодиле два големи логистички објекти во Московската и во Тамбовската област во Русија, како и руски нафтен објект, како одговор на руските напади врз украинската цивилна инфраструктура. „Денеска нашите удари со оружје со долг дострел погодија цели во три региони на руската територија, како и на […]

Трамп импресиониран од Украина, најавува поголема воена помош


  Неодамнешните успеси на Украина во војната со Русија го импресионираа Доналд Трамп. На самитот на НАТО во Анкара, тој дури ја спореди моменталната ситуација со неговата средба со Володимир Зеленски во Белата куќа во февруари 2025 година, кога Трамп изјави дека украинскиот претседател „нема карти“ да игра против Русија. „Тешко е да се поверува, […]

Италија го блокира огромниот пакет помош на НАТО за Украина


Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот за воена помош на НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ), повикувајќи се на дипломатски извори. Ова го доведе во прашање продолжувањето на обврските за финансиска поддршка за Киев за следната година, пишува The New Voice […]

Зеленски предлага национален пантеон за украинските херои


Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон до парламентот за воспоставување национален пантеон во чест на хероите на земјата, јави ДПА. „Денеска, до парламентот поднесов закон за украински национален пантеон“, рече Зеленски вчера во обраќањето по повод Денот на уставот. „Имињата на сите херои, низ различни векови и епохи, кои се бореле за Украина и ја […]

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот


Украина повторно ја потврди подготвеноста за можни разговори на лидерско ниво и за преговори за прекин на војната, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање. „Украинските војници секој ден ја докажуваат прецизната сила на Украина. Нашите удари со долг и среден дострел […]

Кремљ тврди дека во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски


Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин […]

Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето […]