(Видео) Зеленски го опцу Путин за време на гостувањето на американска телевизија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опцу рускиот лидер Владимир Путин за време на гостувањето во Meet the Press на американскиот телевизиски канал NBC News. Тој рече дека Украинците не се подготвени да ја предадат својата слобода на „е.аниот терорист“ Владимир Путин. „Имам многу сила, но дури и да се чувствувам силен и имам многу енергија, […]

Зеленски: Украина повеќе нема со својот суверенитет да плаќа за илузорните ветувања за мир


 Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“. -Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност […]

Познат фудбалер стана советник на Володимир Зеленски (фото)


Андриј Шевченко, легендарниот фудбалер на репрезентацијата на Украина и на италијанскиот клуб  Милан, е новиот советник на Володимир Зеленски. Во декретот не се наведени деталите за улогата на Шевченко, пишува Киев Индипендент. Како што беше најавено со претседателскиот декрет објавен на 26 септември, Шевченко беше назначен на позицијата „надворешен советник“. Zelensky appoints former footballer Andriy […]

Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на Генералното собрание на ОН потсети дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео-обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН. Тој рече дека планира да ги изнесе деталите на утрешниот Совет за безбедност на ОН и оти повеќе од 140 земји и меѓународни организации […]

Повеќе од 140 светски лидери доаѓаат идната недела во Њујорк, Зеленски го зазема централното место


Повеќе од 140 светски лидери ќе се упатат во Обединетите нации следната недела во време на голем број кризи, а главната улога на украинскиот лидер може да ја истакне растечката глобална фрагментација. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обрати пред Генералното собрание на ОН практично пред една година, ќе им се придружи на светските лидери, […]

Зеленски ќе го посети Вашингтон по Генералното собрание на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА. За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини […]

Зеленски бара разрешување на Резников од функцијата министер за одбрана на Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и ќе побара од парламентот да го замени со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд, пренесоа вечерва новинските агенции. Најавата за разрешување што ја објави Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно […]

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада. Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ. Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на […]

Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за поддршката


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина. „Благодарен сум ѝ на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори […]

Зеленски ги посети војниците на источниот фронт


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека го посетил источниот фронт, каде се сретнал со украинските војници кои со големи напори го ослободиле подрачјето на градот Бахмут, разурнат од војната од Русите. „Ги посетив (…) баталјоните кои извршуваат борбени задачи во околината на Доњецк, разговаравме со командантот за проблемите со кои се соочуваат војниците и […]

Зеленски: Борбите на фронтот се тешки, нападите се многу силни, а украинските сили доминираат


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно ноќно обраќање до нацијата изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат. -Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка. Јужниот правец. Секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, […]

Зеленски: Москва сака глобална прехранбена катастрофа


Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно  редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз. -Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба […]

Зеленски: Меѓународните експерти подготвуваат тешки одлуки


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓународните експерти подготвуваат прилично тешки одлуки за државата и армијата. „Меѓународните експерти подготвуваат доста тешки одлуки за Украина, за нашите војници. Сега даваме се од себе, не го правиме тоа јавно – за резултатите на нашите војници, кои сите ќе ги видат, да станат најдобри“, рече претседателот. на Украина. […]

Зеленски го потпиша законот со кој Божиќ во Украина ќе се слави на 25 декември


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон за промена на датумот на државниот празник Божиќ во Украина од 7 јануари на 25 декември, како дел од напорите за „откажување од руското наследство“, јави Киев Индепендент. Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28 јули на 15 јули, а на 1 октомври […]

Зеленски: Победата на Украина ќе го одреди патот на нацијата за генерациите што доаѓаат


Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека победата на Украина сега ќе го одреди патот на нацијата за генерациите што доаѓаат и ќе ја докаже исправноста на вредностите основани пред илјада години, објави Укринформ. „За нас да победиме сега значи да го дефинираме патот на нацијата за генерациите што доаѓаат, да победиме значи да ги држиме […]

Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море


Претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито. – Со г. Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море, наведува Зеленски во кратката објава на […]

Зеленски вели дека безбедноста на Европа почнува со суверенитетот на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја истакна силата на неговата земја во отпорот на руската воена инвазија, 33 години по усвојувањето на Декларацијата за суверенитет на Украина. – Нашата земја никогаш нема да се откаже од суверенитетот. Ова веќе им е јасно на сите во светот, рече тој во својата дневна видео порака, емитувана синоќа […]

Ердоган со целосна поддршка за Украина


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев. Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори. Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито […]

Зеленски во ненајавена посета на Словачка


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Словачка, соопшти Кабинетот на словачката претседателка Зузана Чапутова. Зеленски вчера беше во Бугарија и Чешка, а вечерава е предвидено во Истанбул да сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Украинскиот претседател го засилува притисокот врз членките на НАТО за поголема помош и поддршка за членството […]

Резилот на Радев пред Зеленски


Однесувањето на Румен Радев на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски може да се изрази само со еден збор: резил. Кој, за жал, е и резил за Бугарија – бидејќи тој е бугарски претседател и во ова својство е симболична личност која ја претставува нашата земја пред светот. Има и добра вест – по оваа […]