Зеленски најави нова воена помош за Украина: Очекуваме нови договори


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека очекува одреден број нови договори за испорака на оружје за Украина, кои треба да бидат потпишани следниот месец. -Подготвуваме нови договори со партнерите. Силни билатерални договори. Треба да имаме резултати во јануари и февруари. Има одредени датуми кога може да се очекуваат нови и силни договори, рече Зеленски во […]

Зеленски ги повика своите сонародници да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да преземат иницијатива во свои раце за да го решат текот на војната со Русија, која трае речиси 23 месеци, и да обезбедат поддршка ширум светот. Зеленски ова го изјави во своето редовно вечерно видео обраќање по враќањето од Светскиот економски форум во Давос, каде што апелираше […]

Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировен самит за Украина


Владата на Швајцарија денеска соопшти дека се согласила со барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјата да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина. – На барање на украинскиот претседател, Швајцарија се согласи да биде домаќин на самитот за мировна формула. Сега се разработуваат други детали, се наведува во соопштението на швајцарската Влада. Зеленски […]

Зеленски не сака прекин на огнот: Русија ќе добие шанса за прегрупирање и вооружување


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Естонија ја отфрли можноста за прекин на огнот во војната против Русија, изјавувајќи дека Кремљ ќе ја искористат таквата пауза за повторно вооружување и прегрупирање. -Пауза на украинското бојно поле нема да значи пауза во војната. Паузата би и одела на рака на Русија. Тоа подоцна може да не […]

Зеленски ќе се обрати на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска


Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе земе учество преку видео линк на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, кога е планирано да има „специјално обраќање до учесниците“. Тој ќе има онлајн средби и со извршните директори на компаниите кои учествуваат на форумот, изјави претседателот на СЕФ, Борге Бренде, пренесе Гардијан. -Тоа се должи на […]

Зошто Зеленски не сака мир


  Украинскиот дневен весник на англиски јазик „Киев индипендент“ ги објави неверојатните резултати од анкетата спроведена од Фондацијата за демократски иницијативи „Илко Кучерив“ и „Центарот Разумков“. Анкетата е објавена на 27 декември, а според неа дури 58 отсто од Украинците сметаат дека Украина наскоро ќе победи. Од нив, шест отсто веруваат во победа во следните […]

Зеленски: Обезбедувајќи ни оружје и пари, Европа ги спасува своите деца


Армијата на рускиот претседател Владимир Путин не успеа да освои ниту еден голем град во 2023 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украина успеа да ја пробие руската блокада на Црното Море, овозможувајќи транспорт на милиони тони жито, рече тој во интервју за Економист, истакнувајќи дека тоа е „огромен резултат“. Според украинскиот претседател, Западот го […]

Зеленски ги повика Украинците да не потклекнат во одбраната на земјата


Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на неговите сонародници да не потклекнат во одбраната на земјата. – Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео-обраќање. – Времето за одмор ќе […]

Украинската одбрана се повеќе се потпира на дронови


Украина се повеќе се потпира на различни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на редовното видео обраќање до Украинците. – Тоа е очигледен приоритет на Украина и конкретен начин за заштита на животите на нашите борци, рече Зеленски за развојот на борбената тактика со беспилотни […]

Зеленски задоволен од новите санкции кон Русија – ќе ја намали економската сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера. – Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз […]

Зеленски пристигна во Осло на средба со лидерите од петте нордиски држави


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во Осло на средба со лидерите на пет нордиски земји, што се меѓу главните донатори на Украина во војната против Русија, соопшти норвешката влада. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе изјави дека му посакал на Зеленски „топло добредојде во Норвешка“ и додаде дека Норвешка „ќе продолжи да ја поддржува одбраната […]

Зеленски во американскиот Конгрес побара продолжување на помошта за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американски конгресмени со цел во последен момент да апелира да продолжи воената помош во борбата против Русија. „Претседателот Зеленски ни стави до знаење дека му треба помош и дека може да победи во оваа војна доколку ја добие“, изјави демократот Чак Шумер по средбата. Сепак, некои републиканци […]

Зеленски го откажа говорот пред американскиот Конгрес


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа за денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан „во последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер. – Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг во 15 часот, нешто се случи во последен момент, изјави Шумер на новинарите. Украинскиот претседател требаше преку видео […]

Кличко повторно го нападна Зеленски: „Ќе станеме како Русија, каде сè зависи од еден човек


Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко уште еднаш го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека Украинците ја губат довербата во него поради неговите постапки за време на руската инвазија и додаде дека владеењето на Зеленски станува сè поавтократско. Кличко, поранешен боксерски шампион во тешка категорија, е во несогласување со Зеленски од минатата зима, кога […]

Зеленски: На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити извозните рути


На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да заштити рутите за извоз на жито, како и регионите што граничат со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во вчерашното обраќање на Меѓународниот самит за безбедност на храната „Житарки од Украина“ што се одржа во Киев посочи дека „не е тајна“ оти Украина се соочува […]

Зеленски: Преживеав 5-6 обиди за атентат. Сега имаат нов план, го знам кодното име


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека веќе не брои обиди за атентат. Тој ги спореди со инфекцијата со Ковид-19. Тој рече дека најмалку пет или шест обиди за атентат биле спречени од украинските разузнавачки служби. „Првиот (атентат, оп.а.) е многу интересен, бидејќи е прв пат, а после тоа е исто како Ковид“, рече тој во […]

Зеленски го разреши командантот на медицинските сили и најави големи промени


Украинскиот претседател Володимит Зеленски побара брзи промени во операциите на украинската армија и го најави разрешувањето на командантот на нејзините медицински сили. Одлуката беше објавена вчера по неговата средба со министерот за одбрана Рустем Умеров. Потегот на Зеленски доаѓа во време на засилена дебата за спроведувањето на 20-месечната војна против Русија, со посебен акцент на […]

Зеленски најавува војна на Балканот (Видео)


Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот треба да ѝ посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот бидејќи, според него, постојат информации дека Русија планира таму да покрене војна за да го оттргне вниманието од Украина. „Русија може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија за да го оттргне вниманието на светот од […]

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена. Во меѓувреме, Русија изврши два ракетни напади врз украински цивилни цели. Законите што вчера ги усвои украинскиот Парламент ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 14 февруари 2024 година. Воена состојба беше воведена во Украина […]

Зеленски: Украина ќе биде дел од Европската унија


Украина „ќе биде дел од Европската унија“, изјави нејзиниот претседател Володимир Зеленски пред објавувањето на извештајот за напредокот на Украина, која има статус на кандидат за прием во членство во Унијата. -Утре е важен ден, кажа тој синоќа во своето редовно обраќање со некаква порака до сонародниците, оценувајќи го за „историски“ извештајот што денеска ќе […]