Врз Запорожје и утринава истрелани нови 12 ракети, една жртва на новиот руски напад


 Едно лице утринава загина во новиот руски ракетен напад врз Запорожје, каде врз јавни институции беа истрелани 12 ракети С-300, објави на каналот Телеграм регионалната воена управа на овој украински град. Агенцијата Укринформ, цитирајќи ги локалните украински власти, наведе дека две ракети погодиле автосалон, при што загинало едно лице. Другите ракети погодиле една образовна и […]

Енергоатом: Повторно е во функција снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје


Надворешното напојување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, која е окупирана од Русија, денеска е повторно во функција, соопштија украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ и телото на ОН за нуклеарен надзор. Електраната го загуби последниот преостанат далновод поради гранатирање и мораше да користи резервни дизел генератори за свои потреби, како што е ладење […]

Седумнаесет загинати во нов напад на Запорожје


  Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот.   „Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени […]

Уште еден руски ракетен напад на Запорожје по првиот што беше в зори


  Смртоносните ракетни напади врз Запорожје беа проследени со уште еден напад врз украинскиот град, соопштија локалните власти во четвртокот. Наводното бомбардирање дојде неколку часа по ракетните напади пред зори на јужниот украински град, во кои едно лице загина, а седум се хоспитализирани, вклучително и едно тригодишно девојче. „Внимание! Има уште еден непријателски ракетен напад. […]

Русите го гранатираа Запорожје, има мртви


  Во руското гранатирање што траеше цела ноќ во четвртокот, убиени се најмалку двајца во украинскиот град Запорожје, а оштетени или уништени се неколкус танбени згради. Дојде и до пожар, вели регионалниот гувернер Олександр Старух утринава. Една жена загинала во гранатирањето, а другата починала на пат кон болница, откако Русите извршија седум напади. Старух потврдува […]

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под руски надзор


 Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин. Тој додаде дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. – Нуклеарната централа […]

Енергоатом: Руските сили повторно ја гаѓаа нуклеарната централа Запорожје


  Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом денеска ја обвини Русија за повторно бомбардирање на локацијата на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. – Во текот на ноќта руските терористи повторно ја бомбардираа нуклеарната централа во Запорожје, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм. Во бомбардирањето бил оштетен далновод, што предизвикало застој на неколку трансформатори на реакторот број шест и […]

Украина со повик до жителите околу Запорожје: Евакуирајте се!


  Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност. – Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје … евакуирајте се! Најдете начин да стигнете до територијата под (украинска) контрола. Ве чекаме и ќе ви помогнеме, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните […]

МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје. МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање […]

МААЕ: Резервниот далновод за Запорожје намерно исклучен


Резервниот далновод што ја снабдува руската електрана Запорожје (ЗНПП) во Украина намерно беше исклучен поради гаснење на пожар, но не е оштетен, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информации од Украина. ЗНПП продолжува да ја добива потребната енергија за безбедност од својот единствен оперативен реактор, се вели во соопштението на МААЕ. […]

Зеленски: Запорожје по вторпат на чекор од катастрофа


  Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација. Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање. – Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ […]

Исклучен и последниот реактор на нуклеарката Запорожје по гранатирање


Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“. Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“. „Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос“, соопшти „Енергоатом“ […]

„Енергоатом“: Исклучен еден од двата оперативни реактора во АЕЦ Запорожје поради руски минофрлачки напад


Еден од двата оперативни реактори на нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради руско гранатирање, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“, пренесоа британските медиуми. „Поради уште еден минофрлачки напад на руските сили врз нуклеарната централа Запорожје, активиран е системот за итна заштита, а петтата единица е исклучена“, соопшти „Енергоатом“  на социјалната мрежа Телеграм. Операторот додаде дека блокот шест […]

Повторно гранати во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје


Руски ракетни и артилериски напади погодија градови и области во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, соопштија денеска украинските власти. Гувернерот на Днепропетровската област Валентин Резниченко изјави дека делови од Никопол, поради силните ракетни напади во текот на ноќта, останале без електрична енергија. Во гранатирањето во Марханец оштетени се десет станбени објекти. Во градот […]

Енергоатом: Русите повторно го гранатираа Запорожје


 Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом денеска соопшти дека руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола од март. Во соопштението на каналот Телеграм на компанијата се наведува дека руските војници во изминатите 24 часа повторно ја гранатирале територијата на нуклеарната централа и дека се проценува штетата . Најголемата нуклеарна […]

Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ја изрази својата загриженост за можна несреќа во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина. – Електраната работи, но со потешкотии, така што во сегашните услови не може да се исклучи сценарио на несреќа. Недостигот на струја, проблемите со горивото ме загрижуваат, изјави Гроси […]

Не е забрането да се напаѓаат нуклеарни централи, под одредени околности: Што вели меѓународното право


  Руската армија во март ја окупираше нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, а од крајот на јули таа постојано е гранатирана. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите. Тоа предизвика страв од нуклеарна катастрофа во најголемата европска атомска централа. Советот за безбедност на ОН минатата недела одржа итен состанок за ситуацијата во Запорожје без да се доближи […]

Русија побара итен состанок на СБ на ОН за Запорожје


Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации за нуклеарната централа Запорожје, изјави рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански. – Во врска со актуелните украински провокации со нуклеарната централа, побаравме итен состанок на СБ со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“, напиша Пољански на Телеграм. Според него, средбата […]

Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео)


  Научници од Украинскиот хидрометеоролошки институт симулирале ширење на радијација во случај на нуклеарна катастрофа во електраната Запорожје, најголемиот нуклеарен реактор во Европа. Тие открија дека во случај на временските услови од претходните неколку дена, радиоактивниот материјал може да достигне северно дури до Балтичкото Море, а патем да се надвисне над Естонија, Латвија, Литванија, Полска […]

Украина и Русија повторно меѓусебно се обвинуваат за нападите врз Запорожје


  Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се обвинија за нападите врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која беше окупирана од руската армија и која е цел на напади веќе една недела. „Ограничете госвоето присуство на улиците на Енергодар! Добивме информации за нови провокации од страна на окупаторите“, објави на Телеграм украинската агенција за […]