Нуклеарката „Запорожје“ по 23-ти пат од почетокот на војната во Украина остана без струја


Нуклеарна електрана Запорожје денеска, по 23-ти пат во текот на воениот судир, остана без надворешно напојување со електрична енергија, соопшти директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Тоа уште еднаш укажува на несигурната ситуација во поглед на нуклеарната безбедност на таа локација“, предупреди Гроси во објава на Х. За време на исклучувањето […]

МААЕ: Нуклеарната централа „Запорожје“ повторно поврзана со електричната мрежа


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека НЕ „Запорожје“ (ЗНПК) денеска повторно е поврзана со мрежата по успешните поправки на резервниот далновод „Фероплавна“, што беа извршени за време на локалниот прекин на огнот постигнат со посредство на МААЕ. Во соопштението објавено на платформата Икс се наведува дека ЗНПК во средата го изгуби  напојувањето со […]

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави дека од ноќеска нуклеарната централа Запорожје привремено останала без надворешно напојување, што е 16-ти пат од почетокот на воениот конфликт во Украина. МААЕ во објава на Икс соопшти дека дизел генераторите за итни случаи автоматски се вклучиле за да обезбедат напојување на клучните безбедносни системи за време […]

Руски напад во Запорожје: Најмалку петмина загинати и тројца повредени


Најмалку пет лица загинаа и тројца се повредени во југоисточниот украински град Запорожје по руски напад, објави гувернерот Иван Федоров на Телеграм доцна синоќа. Федоров не го прецизираше типот на оружјето што било употребено, иако властите претходно издадоа предупредувања за напад со наведувана бомба. Запорожје, индустриски град, се наоѓа на нешто повеќе од 20 километри […]

Русите го нападнаа регионот Запорожје. 60 илјади луѓе без електрична енергија


Снабдувањето со електрична енергија за околу 60.000 луѓе е прекинато по рускиот напад во текот на ноќта врз украинскиот регион Запорожје, во кој две лица беа ранети, а зградите беа уништени, објави регионалниот гувернер. Како што се приближува зимата, Русија ги засилува нападите со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура за да предизвика прекини […]

Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје


Седумгодишно дете загина, а три лица се ранети во синоќешните руски напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев, соопштија украинските власти. Киев синоќа беше цел на голем руски напад, по што источниот дел од главниот град на Украина остана без електрична енергија. Министерството за енергетика соопшти дека низ […]

МААЕ: Нуклеарната централа во Запорожје не е опасна за околината и покрај прекинот на електричната енергија


Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е окупирана од руската армија, не претставува непосредна опасност додека работи со помош на резервни генератори, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси. „Најголемата европска нуклеарна централа е без надворешна електрична енергија најмалку една недела, што е убедливо најдолгиот ваков настан во повеќе од […]

Се заканува катастрофа: Нуклеарната централа Запорожје е без надворешно напојување седми ден


Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, во Украина, е без надворешно напојување седми ден, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето вечерва изјави дека катастрофа од големи размери е неизбежна. Зеленски рече дека ова е „закана за апсолутно сите“. Тој ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје „критична, вонредна“. „Нуклеарната централа Запорожје е во вонредна […]

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер


Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри. Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови. Воен портпарол изјави […]

Пожар во близина на нуклеарната централа Запорожје


Гранатирањето од страна на украинските вооружени сили предизвика пожар во индустриската зона во близина на нуклеарната централа Запорожје, кој е локализиран, соопштија денеска претставници на централата. – Како резултат на артилериското гранатирање од страна на украинските вооружени сили во областа на нуклеарната централа Запорожје, избувна пожар во индустриската зона. Благодарение на брзите и координирани акции […]

Деветти пат од почетокот на војната нуклеарната централа Запорожје остана без струја и работи на дизел генератори


Сите надворешни далекуводи што ја напојуваат со струја украинската нуклеарна електрана Запорожје се прекинати, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Украинската нуклеарна централа во Запорожје целосно остана без надворешно електрично напојување денеска во 17:36 часот. Ова е деветти пат од почетокот на воениот конфликт и првпат од крајот на 2023 година“, објави МААЕ […]

МААЕ: Се уште не се исполнети условите за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје


Во моментов не постојат услови за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје поради недостиг на вода за ладење и стабилно снабдување со електрична енергија, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Во интервју за Ројтерс, дадено од Киев, Гроси изјави дека водата за нуклеарната централа Запорожје, која во […]

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје


Руските сили извршија нови напади со дронови врз источниот украински град Харков во текот на ноќта, насочени кон станбени области, соопшти денеска градоначалникот Ихор Терехов. ДПА пренесува дека нема други дополнителни детали. Нападот дојде само еден ден по рускиот ракетен напад врз градот во кој загина еден човек, а повредени беа најмалку 50 други. И […]

Најмалку шестмина повредени во руски напад врз Запорожје


Руските сили во текот на ноќта го гранатираа украинскиот град Запорожје, при што биле повредени шест лица, меѓу кои и едно четиригодишно дете, соопшти началникот на Воениот административен округ Запорожје, Иван Федоров. Според неговата објава на Телеграм, две куќи се уништени, а три се оштетени, а на местата на нападот избувнал пожар, пренесува Укринформ. Како […]

МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ. Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната. – Нема жртви ниту оштетувања на […]

Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица


 Во Запорожје, како резултат на рускиот напад со наведувани воздушни бомби, осум лица загинаа, а 42 се повредени, меѓу кои и едногодишно момче, соопшти денеска началникот на воената управна област, Иван Федоров. Во вчерашниот руски напад на Запорожје, петкатница беше погодена од касетни бомби (КАБ), а три бомби погодија приватни куќи, пренесуваат украинските медиуми. Од […]

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје


Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени синоќа во воздушните напади на руските сили врз Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров. Федоров на Телеграм објави дека се повредени седум жени, пет мажи и едно 15-годишно момче, пренесува агенцијата Укринформ. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, според првичните информации од теренот, […]

Гроси: Ќе мора да се урне кулата за ладење во нуклеарната централа Запорожје


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека кулата за ладење во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, е тешко оштетена во пожар и најверојатно ќе мора да биде урната. – До денеска не успеавме да стигнеме до оваа точка, високо во кулата, но денеска можеме на многу подобар […]

Украина: Руси запалија гуми во кулите на нуклеарната централа. Русија: Украинците ја погодија


Москва и Киев вчера меѓусебно се обвинија дека предизвикале пожар во областа на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русите. Украина ги повика жителите да останат смирени и известија дека нема знаци на зголемена радијација, а пожарот во меѓувреме е изгаснат. Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), која има присуство во […]

Пожар во нуклеарката Запорожје, нема промени на нивото на радијација


Пожарот во окупираната нуклеарна централа Запорожје нема никакво влијание врз безбедноста на локацијата, уверуваат руските власти. Руското раководство на фабриката соопшти дека екипите работат на гаснење на пожарот, што избувна во близина на разладните кули на централата и дека пожарот немал никакво влијание врз самата централа и нејзината безбедност. Евгениј Балицки, назначен од Русија началник […]