Руските трупи ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје


Руските војници ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана. -Единиците на оперативната група „Исток“ го ослободија селото Загорноје во регионот Запорожје и зазедоа поповолни борбени позиции, се наведува во извештајот, додавајќи дека воената формација го уништила персоналот и опремата на 58-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените […]

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата. Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба. МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е […]

Русија тврди дека Украина повторно се обидела со дрон да ја нападне нуклеарката Запорожје


Украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, вчера соопшти дека украински дрон е соборен над покривот на реакторот број шест. – Денеска над нуклеарната централа беше соборен камиказе дрон. Падна на покривот на единицата 6, соопшти нуклеарната централа, под фотографијата на реакторот број шест. Реакторот број 6 во моментов е исклучен, велат од […]

Пробиена првата руска линија кај Запорожје, тврди украински генерал


Украинските сили ја пробија првата и најсилна одбранбена линија во регионот Запорожје, изјави украинскиот генерал Олександр Тарнавски, кој ја предводи контраофанзивата во јужна Украина. Во интервју за „Обсервер“, Тарнавски вели дека по неколкунеделно чистење на земјиштето од мини, пробиена е првата линија и сега се очекува побрз напредок кон втората послаба руска линија на одбрана. […]

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје


Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ […]

МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје


Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади. Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на […]

Зеленски алармира: Русија е подготвена да предизвика експлозија во нуклеарната централа Запорожје


Украинскиот претседател Владимир Зеленски во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон изрази загриженост поради намерата на Русија да изврши „опасни провокации“ во нуклеарната централа Запорожје, која моментално е под контрола на Москва. Централата, најголемата во Европа, е предмет на постојани безбедносни грижи поради руската инвазија на Украина, која трае повеќе од една година. Зеленски ја […]

Опаѓа нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторите во НЕ Запорожје, се заканува катаклизма, вели директорот на МААЕ


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторот во нуклеарната централа Запорожје опаѓа за пет до седум сантиметри на час и посочи дека доколку најголемата нуклеарна централа во Европа остане без вода, тоа би било многу сериозна ситуација. -Таму има резервоар […]

Нуклеарната централа Запорожје без струја – префрлена на резервно напојување


Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување на територијата на Украина и е префрлена на дизел генератори, се наведува во соопштението од нуклеарката објавено на Телеграм. – Поради исклучувањето на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го загуби надворешното напојување со електрична енергија. Моќта за сопствени потреби ја обезбедуваат дизел генератори … […]

Украинската нуклеарка Запорожје исклучена од електричната мрежа по руските напади


 Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија по големиот бран руски ракетни напади низ целата земја, соопштија операторите. Постројката окупирана од Русија во јужниот град Енерходар сега се напојува со дизел генератори за итни случаи, соопшти утрово украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом на Телеграм, додавајќи дека снабдувањето со гориво може да трае 10 дена. […]

Москва: Засега не се можни директни трилатерални разговори за нуклеарната централа Запорожје


Русија смета дека директни трилатерални разговори меѓу Москва, Киев и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за заштитената зона околу нуклеарната централа Запорожје не се можни поради моменталната состојба на руско-украинските односи, изјави рускиот постојан претставник во МААЕ Михаил Уљанов. – Се разбира, напредокот по ова прашање би можел да биде побрз доколку се одржат […]

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната централа Запорожје, таа се наоѓа на руска територија


  Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола. Нејзината изјава уследи откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје и истата да биде под контрола на „трета страна“. – Не може да стане збор […]

Баербок: Руските напади врз енергетските постројки е „брутален крах на цивилизацијата“


 Руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура „се брутален крах на цивилизацијата“, изјави денеска во Букурешт шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок. Нападите се „најбруталното кршење на меѓународното право што може да се замисли“, рече Баербок. -Кога инфраструктурата е намерно бомбардирана, тогаш доброволно прифаќате децата, старите луѓе и семејствата да смрзнуваат до смрт, да умираат […]

МААЕ: По гранатирањето не е нарушена безбедноста во нуклеарната централа Запорожје


  Претставници Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа соопштија минатонеделното гранатирање не ја наруши безбедноста во украинската нуклеарна централа Запорожје, управувана од Русија. Четворица експерти на МААЕ, стационирани во нуклеарната електрана Запорожје, тврдат дека кон крајот на минатата недела се случило најголемо гранатирање во изминатите неколку месеци, но дека клучните безбедносни системи не се […]

Гроси: Нападите врз нуклеарната централа „Запорожје“ се апсолутно намерни и насочени


  Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси (Гроси) ги оцени вчерашните напади врз украинската нуклеарна централа во Запорожје како „апсолутно намерни и насочени“ и додаде дека ситуацијата е „сериозна“. -Повеќе од десет напади беа насочени директно кон разводната табла, рече Гроси во интервју за француската онлајн телевизија BFMTV. Гроси не […]

Нуклеарната централа „Запорожје“ е исклучена, оштетени се високонапонски водови при руски напад


Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако во руско гранатирање оштетени се преостанатите високонапонски водови, оставајќи во употреба само дизел генератори, соопшти денеска украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. Украинскиот нуклеарен оператор објави дека централата има залихи од гориво за генераторите уште 15 денови. 

Украина тврди дека Русија „киднапирала“ две лица од нуклеарната централа „Запорожје“


Украинската државна агенција за нуклеарна енергија   ја обвини денеска  Русија дека привела двајца вработени од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина. Во соопштение на социјалните мрежи, Енергоатом нагласи дека руските сили синоќа го „киднапирале“ шефот на информатичката технологија Олег Костјуков и помошникот генерален директор на фабриката Олег Ошека. Според Енергоатом, […]

Руските сили повторно го ракетирале градот Запорожје


  Руските сили извршиле уште еден ракетен напад врз градот Запорожје, а во еден од окрузите избувнал пожар, пренесуваат украинските медиуми. Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександар Старух, ја потврди информацијата дека во раните утрински часови Русите уште еднаш истрелале ракети кон украинскиот град Запорожје. Старух подоцна појасни дека нападот бил извршен со […]

Шефот на МААЕ гледа напредок во разговорите со Киев и Москва околу нуклеарката „Запорожје“


Постигнат е одреден напредок во разговорите по прашањето за нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина што е под руска контрола, соопшти шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Работата продолжува и верувам дека добро напредуваме”, рече Гроси доцна синоќа во врска заложбите на Агенцијата за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарниот капацитет, за што […]

И утринава експлозии во Николајев и Запорожје, тревога за воздушен напад во Киев


  Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад. -Експлозиите се во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува Тасс. Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во […]