Слободното движење во ЕУ повторно загрозено поради сојот омикрон


Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас, јавува дописничката на МИА од Брисел. Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и […]

Канадски експерти бараат итна акција поради омикрон


Варијантата омикрон брзо се шири во Онтарио, најнаселената провинција во Канада, а здравствените експерти предупредуваат дека без итни мерки, единиците за интензивна нега може да останат без слободни кревети на почетокот на следниот месец. Советодавната комисија за Ковид-19, која ја сочинуваат канадски здравствени експерти, објави модели според кои зголемената вакцинација нема да биде доволна за […]

Потврдени првите пет случаи на омикрон во Црна Гора


Црна Гора– Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата. Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена […]

Во Грција потврдени вкупно 17 случаи на омикрон


 Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон, со што вкупниот број се зголеми на 17 случаи, а најголемиот дел се неколку области на островот Крит, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите 24-часа, во земјата беа регистрирани 4.696 новозаразени, починаа 96 лица, […]

Во Полска регистриран прв случај на Омикрон кај патничка од Африка


Полските власти денеска соопштија дека првиот случај на инфекција со варијантата Омикрон е откриен кај патничка од Лесото. Министерството за здравство на Полска соопшти дека заразената 30-годишна жена се чувствува добро и е во изолација. Таа пристигнала во Полска минатата недела како учесник на Дигиталниот самит на ОН во Катовице на југот на земјата и тестирана е позитивна на […]

Франција ја спушта рампата за патувања кон и од Велика Британија


Англија – На британските туристи ќе им биде забранет влез во Франција поради загриженоста за зголемувањето на случаите поврзани со сојот Омикрон во Велика Британија, јави „Скај њуз“. Франција од сабота наутро ќе ја спушти рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини“. Париз изјави дека „посебните причини“ не ги […]

Омикрон присутен во 77 земји, во Северна Македонија засега не е забележан


Омикрон-сојот се шири исклучително брзо и досега е забележан во 77 земји. Во Северна Македонија сè уште не е регистриран случај на новиот сој, а состојбата со коронавирусот засега е стабилна. И во светот и кај нас остануваат клучните препораки за заштита и за вакцинација, иако Светската здравствена организација укажа дека вакцините би можеле да бидат […]

Омикрон ќе биде доминантна варијанта во Европа за еден месец, објави Фон дер Лајен


БРИСЕЛ – Шефицата на извршната власт на Европската унија во средата рече дека Омикрон се очекува да биде доминантна варијанта на корона вирусот во блокот од 27 нации до средината на јануари, додека трае загриженоста дека драматичниот пораст на инфекции ќе ја остави Европа обвиена во мрак за време на празничната сезона. Претседателката на Европската […]

СЗО: Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина


Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави   Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина и досега беше потценет, ова се најновите заклучоци на СЗО за новиот сој на Ковид-19. Според генералниот директор на организацијата Тедрос Гебрејесус, иако болеста е со полесни симптоми, […]

По потврденото присуство на варијантата омикрон, Словенија започнува нова кампања за вакцинација


Словенија ја интензивира кампањата за вакцинација поради првите потврдени инфекции со варијантата омикрон, стравувајќи дека позаразниот сој е сè поприсутен и може да предизвика нов бран од епидемијата, соопшти денеска владата. Во соопштението се наведува дека центрите за вакцинација на сегашните локации до 24 декември ќе работат од 8 до 20 часот, а граѓаните ќе […]

Во Словенија потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус


Словенија– Во Словенија е потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус, а трендот на смирување на епидемијата е забавен минатата недела. „Секвенционирањето го откри првото лице заразено со Омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ, потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот […]

Вирусот Омикрон стигна и во Кина


Континентална Кина го пријави својот прв случај на Омикрон во северниот град Тијанџин, додека источната провинција Жеџијанг во земјата се бори со пораст на нови инфекции на варијантата Делта во последните неколку недели. Кинеските власти известија дека случајот Омикрон бил откриен од повратник во странство, кој не покажал никакви симптоми по пристигнувањето на 9 декември. […]

Британија го потврди првиот смртен случај од Омикрон


Англија– Премиерот Борис Џонсон потврди дека во Велика Британија починал најмалку еден пациент заразен со новиот сој на коронавирусот, омикрон. „За жал, да. Омикрон доведува до хоспитализации и досега починал најмалку еден пациент“, кажа Џонсон при посетата на клиника за вакцинирање во близина на Лондон. Ова следува откако министерот за здравство Саџид Џавид кажа дека […]

Зошто вакцинацијата има смисла?


Падот на имунизацијата и потребата од дополнителна бустер вакцина повторно предизвикуваат сомнеж за ефикасноста на вакцината. Погрешно! Најважна работа при вакцинацијата е заштита од тешка болест.  Дали да се вакцинирам или не? Лекарите се сложни: Да, дефинитивно! Еве ги најважните аргументи:   Линк од целиот текст на Дојче веле тука

Омикрон се шири со ракетна брзина во Британија


Новиот сој на корона вирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи двојно вакцинираните лица се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид. Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, тој додаде дека околу 40 отсто од заразените во […]

СЗО: Омикрон варијантата на коронавирус утврдена во 63 земји во светот


Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември. Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци. Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во […]

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, нема регистриран случај со сојот омикрон


Бугарија – Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави за БНР епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство. Смртноста, според неа, се намалува, но и натаму таа е висока поради лошата здравствена состојба на Бугарите и проблемите во здравствениот систем. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кожухарова смета дека во […]

Три дози од Фајзер штитат од сојот омикрон, но четири пати помалку од делта сојот, тврди израелско истражување


Израел– Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон. Заклучоците од истражувањето се слични со оние шро претходно неделава беа презентирани од БооНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за […]

Британски лекари прогнозираат фатален крај за 25.000 до 75.000 лица од сојот омикрон во нивната земја


Англија– Ширењето на сојот омикрон на коронавирусот може да доведе до значително зголемување на морбидитетот и морталитетот, се наведува во  извештајот на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM). Авторите на документот претставија оптимистичко и песимистичко сценарио за пандемија во Англија од 1 декември до 30 април. Првиот сугерира дека имунолошкиот одговор кај населението […]

Британски научници: Доколку не се воведат мерки, не чека голем бран на заразени со омикрон


Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија во јануари ќе се соочи со голем бран на заразени лица со новиот сој омикрон, изјавија британски научници врз основа на спроведени студии и предвидувања, објави денеска Би Би Си. Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и еден од врвните […]