Нови правила за влез и во Шведска


  Поради ширењето на корона вирусот особено на сојот микрон, се повеќе земји ги менуваат правилата за влез. Меѓу нив и Шведска. Имено, од 28 декември, сите патници кои се постари од 12 години, а влегуваат во Шведска мора да приложат негативен ОЦР тест, без оглед дали се вакцинирани или не, или имаат потврда за […]

Први случаи на омикрон во Албанија


Првите два случаи на новиот сој омикрон се потврдени во Албанија, изјави денеска Еугенa Томини, директорка на Институтот за јавно здравје. Таа прецизира дека овие случаи се потврдени со лабораториска дијагностика, пренесуваат албанските портали. Според неа, делта-сојот сè уште е доминантен вид на корона вирусот во Албанија.

Во Србија потврден прв случај на омикрон


Првиот случај на омикрон сојот на корона вирусот е потврден денеска во Србија, изјави за „Блиц“ д-р Тања Јовановиќ, а е откриен кај патник кој допатувал од Боцвана. „Примерокот е земен од пациентка која дошла од Боцвана. Во земјава влезе како ПЦР негативна, беше во изолација и беше позитивна на контролниот ПЦР тест, па тоа […]

Британски студии: Заразените со Омикрон поретко хоспитализирани


Англија– Две студии во Велика Британија покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта. Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе […]

АстраЗенека развива вакцина која ќе нуди заштита од новата омикрон варијанта


Англија— Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд соопштија дека развиваат нова верзија на нејзината вакцина со две дози која ќе обезбеди заштита конкретно од новата омикрон варијанта на коронавирусот. Вакцината е базирана на аденовирус, која, според клиниката Мајо, е изменета така што не може да се интегрира во ДНК-то на една личност и […]

Веран: Франција веројатно ќе има по 100 илјади случаи на корона вирус дневно


Франција може да има околу 100.000 нови случаи на корона вирус дневно, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран. Сега, додека земјата се бори со петтиот бран на пандемијата, има околу 70.000 случаи на дневна основа. – До почетокот на јануари доминантна ќе биде варијантата омикрон, изјави Веран за телевизијата BFM. Министерот рече дека […]

СЗО со предупредување за „нова бура“ низ Европа поради сојот Омикрон


Австрија – Светската здравствена организација предупреди дека „се подготвува уште една бура“, опишувајќи го драматичното ширење на сојот Омикрон низ Европа, јави ДПА. – Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, изјави регионалниот директор на ОН Ханс Клуге […]

Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон


Англија – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот. – Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го […]

Нов Зеланд поради сојот омикрон го пролонгира отворањето на границите


Властите во Нов Зеланд денеска соопштија дека го одложуваат планираното постепено отворање на границите до крајот на февруари, поради сојот омикрон на коронавирусот. Островската држава во јужниот дел на Пацификот само што почна со укинување на мерките против пандемијата, а ограничувањата за меѓународно патување требаше постепено да се укинат од почетокот на јануари, со целосно […]

Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас


Швајцарија– Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот […]

Д-р Пановски: Да се воведе ПЦР тест за сите патници


Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава. -Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во […]

Во Грција има вкупно 26 случаи на Омикрон и се очекува зголемување на бројот


Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути, јави дописничката на МИА од Атина. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со […]

Учебната година нема да заврши порано поради омикрон


Учебната година за учениците во основно и средно образиование ќе трае како што е предвидено,  а распустот ќе почне на Нова година. – Сериозен систем и сериозни институции пристапуваат кон проблематиката најодговорно. Уште на почетокот н учебната година разработивме три сценарија, од кои она со физичко присуство се спроведува со спроведување на сите епидемиолошки мерки […]

САД донира дополнителни 1,78 милиони дози од вакцината на Фајзер на Бангладеш


САД донираа уште 1,78 милиони дози вакцина против коронавирус од Фајзер/БиоНТек на Бангладеш во обид да и помогнат на јужноазиската земја да ја зајакне својата кампања за имунизација на младите над 12 години, соопшти американската амбасада во Дака. „Американскиот народ донираше вкупно 18,5 милиони дози вакцини за Ковид-19 на Бангладеш“, се вели во соопштението на […]

Германија ги затвора границите за патниците од Велика Британија поради Омикрон


Германија вечерва, заради заштита од варијантата Омикрон, се придружува на Франција и ќе ги затвори своите граници за повеќето патници од Велика Британија. Ограничувањата за патување стапуваат на сила во недела навечер. Повеќето патници од Обединетото Кралство нема да можат да влезат во земјата, освен германските државјани, кои ќе мора да имаат негативен тест при […]

СЗО: Случаите на Омикрон се удвојуваат за 1,5 до 3 дена


Варијантата Омикрон на корона вирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување на вирросот во заедницата, објави во саботата Светската здравствена организација (СЗО). Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа […]

Холандија воведува строго затворање поради омикрон


Холандија воведува божиќно затворање поради загриженоста од омикрон варијанатата на корона вирусот. Сите продавници, освен оние со потребни намирници, како и училиштата, баровите, рестораните и другите јавни простори ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека овие ограничувања се неизбежни. Ова се најстрогите мерки која една земја ги воведе поради […]

Нема потврден случај на омикрон во земјава, доминантен се уште е делта сојот


Иако во државите низ светот забрзано се шири омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата. Новиот сој омикрон вчера за […]

Париз ги откажа новогодишните прослави


Париз го откажа новогодишниот огномет и другите настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на Омикрон варијантата на коронавирус, објави телевизијата БФМ. Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури […]

Британски научници ги утврдија симптомите на омикрон варијантата на корона вирус


Најчести симптоми на новата варијанта на корона вирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот. Научниците посочуваат дека симптомите […]