Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на Ковид-19 од новиот сој омикрон


Јужна Африка– Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека сојот омикрон на коронавирусот предизвикува потешка болест. Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за новиот сој на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции. […]

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани


САД– Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми. […]

Потврдени три случаи на варијантата Омикрон на Кипар


Кипар– Три случаи на варијантата Омикрон се потврдени на Кипар, а од Министерството за здравство соопштуваат дека сите се поврзани со претходно патување и не е потребна хоспитализација на заразените лица, јави дописничката на МИА од Атина. Ова се први случаи на Омикрон на островот, со што Кипар веќе е на листата земји во кои […]

Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година


Белгија– Белгискиот кризен штаб за Ковид-19 на прес конференција соопшти дека се очекува сојот омикрон на коронавирусот да стане доминантен во јануари или февруари, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт, изјави дека за сега во Белгија омикрон сојот претставува еден до два отсто од сите заболени од Ковид-19 но […]