Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг


Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на […]

Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила


Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно […]

Јаневска: Ќе биде надминат во најбрз рок проблемот со прекинатото право на студентски оброк


Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои […]

По 130.000 евра од проект доделува МОН за научно-истражувачка дејност


Се распределуваат 344 милиони денари за развој на научно – истражувачката инфраструктура во државата и за реализација на иновативни проекти   Министерството за образование и наука ќе распредели 344 милиони денари на државните универзитети и факултети, јавни научни установи и на МАНУ за да ја унапредат  научно – истражувачката инфраструктура, но и за да реализираат […]

Од 20.000 слободни места за средношколците 18.000 се за стручно – гимназиите нема да страдаат


Покрај тоа што во годинешниот конкурс за запишување во средно, има 20.000 места од кои 18.000 се за средно стручно, министерката за образвоание Весна Јаневска е убедена дека гиммназиите нема да се соочат со недостиг на ученици, но на овој начин, смета, ќе се задржат младите, кои ќе имаат шанса да продолжат да работат во […]

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници


 Сто и педесет училишта во државава во моментов имаат едносменска настава, информираше денеска ресорната министерка Весна Јаневска. Едносменската настава и продолжен престој на ученици и на наставници во училиштата е мерка на МОН што се спроведува како суштински предуслов за поквалитетно образование. Воведувањето едносменска настава е поврзана со процесот за оптимизација на училишната мрежа односно […]

Јаневска за проблемот во ОУ „Панајот Гиновски“: Мерката е многу едноставна и се вика дератизација


Мерката е многу едноставна и се вика дератизација, рече министерката Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел и вознемирените родители кои поради проблемот не ги пуштаат децата на настава. Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со […]

Запишувањето во средно почнува на 14 јуни – догодина дигитално


На 14 јуни почнува првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година, и ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука МОН. Второто пријавување е закажано на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања училиштата ќе ги објават на 2 јули.   Како и во изминатите учебни […]

Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно


Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни. -Според информациите […]

И наставниците и стручните служби и родителите треба да се вклучат во процесот на заздравување по трагедијата


По трагедијата во Кочани, до Министерството за образование не се пристигнати дојави за какви било несакани појави или реакции од типот на агресии, но апели за помош има и на нив се одговара веднаш, во соработката со стручните служби. Како што изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, трагедијата што се случи е […]

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема


Во најголем дел од училиштата во земјава постои противпожарна опрема, но некаде ќе треба да се дообнови и досреди на што активно се работи, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прецизира дека противпожарна опрема има во сите училишта, но во некои од училиштата, претежно во внатрешноста, се случува противпожарните апарати да не […]

Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција информираше дека по трагедијата во Кочани, Министерството во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбедиле посилна психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде особено изразена во […]

Ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина


За наставниците да не останат без работа, а за да се спроведе наумената едносменска настава, министерката за образование Весна Јаневска најави прераспределба на дел од наставниците во други училишта, односно и во други општини.  Имено, како што појасни Јаневска, наставници во училишта каде има паралелки од по 10 до 15 ученици, кои би останале без […]

(Во живо) Изјава на Весна Јаневска


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ во организација на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Законот за средното образование повлечен од собраниска процедура – се доработува


  Законот за средното образование утринава е повлечен од собраниската процедура. Како што изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, законот ќе се доработува и потоа ќе биде вратен во Собранието. „Законот за средно образование нема денеска да помине во Собранието. Утринава го повлеков, Комисијата нема да се одржи. Сѐ уште ќе се доработува […]

Јаневска: Колку и кога се вработуваат дипломираните студенти?


Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни […]

Грантови од МОН за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата, од наредната година износот ќе биде тројно поголем


Седумдесет и девет грантови од по 30.000 денари, односно вкупно околу 2,4 милиони денари, МОН им додели во тековната 2024/2025 година на 130 основни и средни училишта во државава за поддршка на активности кои ќе го унапредат мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека успешно […]

Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку


Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок. Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека […]

Честитка од министерката Јаневска по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е потсетник дека секој има обврска да се грижи за зачувување и развој на основното идентитетско обележје на својот народ и комуникациско средство без кое не е можно пренесување на традицијата, културата и вредностите кон секоја следна генерација,  истакнува министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во објава на фејсбук […]