Јаневска: Во 124 основни и средни училишта може да почне едносменска настава


Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со дел од училиштата се уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска. -Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование […]

Јаневска најави нови 28 училишни спортски сали во следните три години


Министерството за образование и наука во следните три години ќе изгради нови 28 училишни спортски сали во Македонија, во различни општини. Согласно планот, се предвидува активностите да започнат во 2025 година и до крај на 2027 да ги завршиме сите објекти, за што, според пресметките ќе биде потребен буџет од околу 560 милиони денари. Ова […]

Јаневска: Не може на моите наставници да им се зголеми платата за 200-300 денари – од март 12 отсто


 Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како […]

Јаневска: Од универзитетските професори се очекува повисок академски ангажман за подобра позиција на Шангајската листа


Со измени на Законот за високо образование и со поголем ангажман на универзитетските професори, може да се подобри квалитетот на високото образование а потоа и академското рангирање на македонските универзитети, рече министерската за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“. Министерката посочи дека измените на Законот ќе дадат одредени услови за […]

Јаневска и Азески договорија синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот


Стопанската комора е важен претставник и застапник на бизнис заедницата, без која пак, ниту една образовна политика не би била доволно ефективна, доколку не ги отсликува потребите на компаниите од кадар и не ги интегрира нивните сугестии за вештини и способности кои образовниот систем треба да ги овозможува како одговор на предизвиците со кои тие […]

Јаневска пред Агелер со идејата за консензус за долгорочни политики во образованието


Одличната соработка на Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина. Интересот е взаемен и двете земји и понатаму ќе создаваат добри образовни и научно -истражувачки можности за своите граѓани преку постојните спогодби и протоколи за соработка, а ќе се размислува и за нови иницијативи кои ќе […]

Јаневска: Ќе се заложам децата со посебни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите


Унапредувањето на инклузивното образование е програмска определба на новата Влада, а лично ќе се заложам децата со посебни образовни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги развиле, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира […]

Јаневска ќе ја одложи концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение


Иако во јавноста беше соопштено дека учениците од седмо одделение годинава до септември ќе добијат нови учебници, односно соодветни на новата концепција, сепак тоа нема да се случи, соопшти новата министерка за образование весна Јаневска.  – Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, некои не се одобрени, а некои се без […]

Јаневска најавува враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК во Струга, имаше видео обраќање во кое вели има големи планови врзани со подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, како и враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците. – Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете […]

Јаневска: Концепцијата за основно образование не дава резултати, па преку јавна дебата ќе биде изменета


 Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи […]

Јаневска: Годинава ќе се одделат предметите историја, географија и граѓанско, утре средба со СОНК


Посебните предмети уште од оваа година треба да почнат да функционираат и ќе функционираат како посебни предмети, барем општествените, зашто тие се проблем – историја, географија, граѓанско образование. Оваа година ќе биде преодна во наставните програми и предмети, а во соработка со Бирото за образование уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови, […]

МОН со поддршка од ЕУ изработи нов информациски систем за управување со образованието


Од денеска, Министерството за образование и наука има нов информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник што ќе ги надмине предизвиците со кои се соочуваа корисниците во изминатиот период. Изработката е финансирана со средства од ИПА фондовите на Европската унија, а на промоцијата и примопредавањето на новото софтверско решение присуствуваше […]

Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува многу промени


Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што соопштија од МОН, по средбата Јаневска посочила […]