Јаневска: По изборите ќе продолжат контролите во високообразовните установи


 Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најави денеска ресорната министерка Весна Јаневска. По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет […]

Низ целата земја има недостиг на учебници


За жал, низ целата земја има случаи каде учениците сѐ уште немаат добиено учебници. Некаде има повеќе, па тие се собираат и се препраќаат на друго место. Сега ќе се обезбедуваат со донација, а за новите учебници, како што претходно соопшти МОН, потрошени се 11 милиони евра. – Во овој момент им праќаме дописи на […]

Со „Водич за вештачка интелигенција“ наставниците ќе научат како да ја користат за математика, литература, музика…


„Водич за вештачка интелигенција“ беше презентиран денеска во Министерството за образование и наука. Како што беше кажано на настанот, тој е наменет за наставници, стручни соработници и ученици. -Како што и најавив, од оваа учебна година вештачката интелигенција влегува во училиштата. Сосема логичен и нужен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, што […]

Јаневска: Над 17.000 првачиња ја почнаа учебната година, реформите за едносменска настава продолжуваат


Околу 17.000 ученици во прво одделение ја започнаа учебната 2025-2026 година. Но, точната бројка се уште ја нема Министерството за образование и наука, бидејќи се уште тече процесот на запишување на ученици во прво одделение. Но, разликата од лани е минимална, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан […]

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга


Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за […]

Јаневска најави едносменска настава уште во 25 училишта


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена. Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да […]

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од национален интерес за Македонија


Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското Eзеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците […]

Јаневска во интервју за РСЕ: Не е можно трајно вработување на образовните асистенти


Министерката за образование Весна Јавевска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти, затоа што потребите во училиштата се, како што вели, променливи. Дел од родителите јавно посочуваа дека со честите промени на образовните асистенти се создава ризик за регрес во образовниот […]

МОН и Бреинстер ќе соработуваат за воведување на вештачка интелигенција во средното образование


По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. На конференција на која […]

Министерката Јаневска ќе потпише меморандум за соработка со Бреинстер ЦБЦ и Бреинстер Некст (во живо)


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинстер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски, ќе потпишат меморандум за соработка со фокус на воведување вештачката интелигенција во средното образование. 

(Видео) Јаневска: И распоредот ќе се прави со ChatGPT


Министерката за образование и наука Весна Јаневска  се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука. Прашана како ќе биде воведувана вештачката интелигенција во образованието, таа рече дека учениците и наставниците ќе се учат како да користат Чат ги-пи-ти.  Ова ќе се прави во соработка со Универзитетот „Гоце Делечев“ од Штип.  Дури […]

СДСМ праша зошто не се исплаќаат патни трошоци за просветните инспектори, Јаневска најави нов закон


Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница за пратенички прашања побара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска, за неисплаќањето на патните трошоци на инспекторите од ДПИ од јануари 2025 година до денес, нагласувајќи дека со тоа се оневозможува тековната работа на просветните инспектори. Таа пак, најави нов закон за Просветниот инспекторат […]

Ефектите во образованието, власта по една година, ги очекува до крајот на мандатот


Резултатите од работата на Владата која вчера наполни една година, видливи се и сега, смета министерката за образование Весна Јаневска, но целосна ефективност ќе видиме на среден рок, или до крајот на мандатот на актуелната Влада. – Пред една година функционалноста на системот не беше на минимално, туку на незадоволително ниво. Затоа, најпрво го обединивме […]

Македонските научници и истражувачи ќе соработуваат со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија


Македонија ја продлабочува соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC). Неодамна потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука и овој рефернтен центар за наука и истражување на ЕУ, отвора нови перспективи за македонските научници и истражувачи. Тие добиваат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи каде ќе можат да работат на […]

Вработените во МОН нема да одат на одмор: Учебници ќе има, дури и за странски јазици


Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, уверува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.  Јаневска рече дека деноиве до […]

Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст


Пријатен летен распуст и честитки за напорната работа и заслужениот успех им посака министерката за образование и наука Весна Јаневска на основците и средношколците кои денеска ја завршуваат учебната 2024/2025 година. -Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава […]

Стратегија за образование 2026-2032 година: Пазарот на труд ќе ги диктира насоките


Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година, соопшти МОН. На првата работна средба, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на […]

Јаневска: Десетина ученици препишувале на матурата, биле отстранети


Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.  -Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот се уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме […]

Јаневска: Ова е земја на просветители, со реформи и заедничка посветеност да работиме УКИМ да се вброи на листата на најдобрите


Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет […]

Почна да се гради спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче


Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2. Изградбата на спортската сала е финансирана од Министерството за образование и наука, во вредност од 31.989.202,00 денари, а рокот за изведба е 10 месеци. В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески истакна дека станува збор […]