Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“


Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви. – Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска […]

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни […]

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ […]

Чесите и денеска гласаат за претседател, гласачките места се затвораат во 14 часот


  Чесите и денеска гласаат меѓу осумте кандидати на изборите за иден претседател, кои почнаа вчера. Според предизборните анкети, пензионираниот генерал Петр Павел се смета за благ фаворит, пред поранешниот премиер Андреј Бабиш и професорката по економија Дануша Нерудова. Тие тројца кандидати имаат шанса да одат во вториот круг, бидејќи ниту еден од нив, според […]

Чешка од 2024 година ќе издвојува најмалку два отсто од БДП за одбраната


 Чешката влада денеска одобри нацрт-закон со кој се утврдуваат трошоците за одбрана од најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) од 2024 година, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.   Тоа, исто така, му овозможува на Министерството за одбрана да го префрла финансирањето за големи проекти за набавка од година во година, што го […]

Војната во Украина го удвои производството и извозот на оружје во Чешка


Војната во Украина и несигурноста во светот го удвоија производството и извозот на оружје во Чешка, а половина од испораките одат во Украина, изјави шефот на Здружението за одбрана и безбедносна индустрија Јиржи Хинек. Минатата година Чешка произведе и извезе оружје во вредност од 625 милиони евра, а сега очекува повеќе од 1,2 милијарди, рече […]

Чешка усвои закон со кој се забранува влез во земјата на странците кои прекршиле човекови права


Претставничкиот дом на чешкиот Парламент денеска усвои закон со кој се дозволува државата да им забрани влез на странци во земјата или да им ги замрзне имотите доколку извршиле сериозно кривично дело или ги прекршиле човековите права. Текстот на нацрт-законот, кој допрва треба да биде усвоен од Сенатот и потпишан од претседателот, е насочен кон […]

Илјадници Чеси излегоа на улиците, протестирајќи против НАТО и ЕУ


Неколку десетици илјади Чеси се собраа денеска во Прага на протест против владиното управување со енергетската криза и членството на земјата во НАТО и Европската унија. Протестите на главниот плоштад во Прага на националниот празник беа организирани од екстремната десница и други екстремни политички групи како што се комунистите, а полицијата процени дека има десетици […]

Чешка привремено ја враќа контролата на границата со Словачка


  Владата на Чешка привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Вит Ракусан. Според него годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија. – Од почетокот на 2022 година, полицијата приведе 11.000 илегални мигранти. Има транзитна миграција, огромното мнозинство […]

Чешка очекува 80 отсто од воената помош за Украина да и биде надоместена од НАТО и ЕУ


Чешка очекува 80 отсто од воената помош доставена за Украина да и биде вратена од фондовите на НАТО и на ЕУ, до крајот на оваа или во текот на наредната година, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова. „Од првиот момент кога почнавме да испраќаме воен материјал во Украина, доставивме и барања за компензација. Фондот […]

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот


Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала. Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас […]

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО


Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО. Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово. Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан. Со децении Финска и Шведска одбиваа […]

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гасот


  Чешка која претседава со Европска унија, планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела. – Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем […]

Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите


Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите. – Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, […]

Чешка ќе предложи забраната за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ


Чешка, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека забраната за издавање визи за сите граѓани на Русија на ниво на Европската унија би можела да биде следна во низата санкции што Унијата ги воведе кон Москва поради до руската инвазија на Украина. Прага тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи […]

Германија и Чешка потпишаа декларација за надминување на зависноста од руските енергетски извори


Германија и Чешката Република во понеделникот потпишаа декларација со која ветуваат дека ќе ја надминат зависноста од руските енергетски извори и ќе ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија, во време кога намалените испораки на руски гас ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето низ Европа. Во понеделникот започна ремонтот на најголемиот гасовод од Русија до Европа, поради […]

Обилните дождови предизвикаа поплави и несреќи во Чешка


 Обилните дождови и невремето во Чешка денеска предизвикаа поплави и серија несреќи, вклучително и железничка несреќа. Брз воз со околу 150 патници удрил во карпа, која паднала врз шините кај замокот Карлштајн кај Прага. Локомотивата и првиот вагон излетале од шините, а пет лица се полесно повредени, соопштија спасувачките служби. Како што наведуваат, бидејќи имало […]

Промоција на интервентни возила набавени со донација од Чешката Република


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик – шефот на Мисијата на Амбасадата на Чешка Република, Лубомир Пшенка денеска присуствуваа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на промоција на возила набавени со донацијата од страна на чешкото Министерство за внатрешни работи и од Владата на Република Чешка. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека […]

Силните бури предизвикаа огромни штети во Чешка


Чешка синоќа ја погоди силно невреме, што во некои делови од земјата беше проследено со град, а на повеќе места се предизвикани големи штети и има прекин во сообраќајот, јави ДПА. ДПА претходно вечерта јави и за 30 до 40 повредени лица во торнадото во градот Падерборн, во западниот дел на Германија. Ветерот достигнал брзина […]

Чешка преговара со Германија за купување тенкови, своите ги праќа во Украина


Официјална Прага преговара со Берлин за купување германски тенкови, што ќе и овозможи на Чешка да испрати повеќе тенкови од советската ера во Украина, изјави синоќа министерката за одбрана Јана Чернохова. Чешка би можела да набави тенкови Леопард од Германија, веројатно не најмодерна варијанта, изјави Чернохова за чешката телевизија. – Мислам дека сме на вистинскиот, добар пат, […]