Заврши гласањето во Чешка, утре први резултати од изборите


Во Чешка во 14 часот по локално време заврши гласањето за избор на една третина од членовите на Горниот дом на Парламентот, Сенатот и на органите на локалната самоуправа, кое почна вчера. Според податоци на телевизијата ЧТ-24, гласале 40 проценти од избирачите, помалку од предходните избори во 2014 година, кога изборната активност била 44,46 проценти. Првите […]

„Ловци на вештерки” прикажан на филмски фестивал во Чешка


Играниот филм „Ловци на вештерки”, македонско-српска копродукција во режија на Рашко Миљковиќ, по светската премиера во Торонто, минатата недела имаше и европска премиера во официјалната програма на филмскиот фестивал во чешкиот град Злин, кој е меѓу најстарите фестивали за детски содржини. – „Ловци на вештерки” (англ. The Witch Hunters) е приказна за вистинско другарство на […]

Милош Земан положи заклетва за втор мандат на функцијата чешки претседател


Чешкиот претседател Милош Земан денеска положи заклетва за неговиот втор мандат на функцијата, на свечена церемонија што се одржи во Прашкиот дворец. Земан, кој е прв чешки претседател избран на дирекни избори, на функцијата беше реизбран на 27 јануари со освоени 51,36 проценти од гласовите. Во обраќањето на денешната церемонија, Земан упати критики кон „некои […]

СЈО истражува одлевање на наши пари во Чешка, Грција, Британија и Холандија


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги со Амбасадата на Холандија рече дека истражуваат криминал во повеќе европски земји, јавува Макфакс. „Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија […]

Чешка и Словенија со поддршка за Македонија на нејзиниот евроатлански пат


Чешка и Словенија ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон европската и евроатланската интеграција. Ова денеска на државниот секретар во МНР Виктор Димовски му го пренеле  заменик министерот за европски прашања во чешкото Министерство за надворешни работи Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошич. На средбата, како што соопшти […]

Ракомет: Хрватска го освои 5. место


Селекцијата на Хрватска го освои 5. место на Европското првенство во ракомет што се одржува на нејзин терен. Пред малку, домаќините беа подобри од Чешка со 28-27. Овој пласман воопшто не ја задоволи хрватската јавност, која што се надеваше на златен медал или, пак, во најмала рака на финале.

Македонија загуби од Чешка и изгуби шанса за пласман во полуфинале


Во вториот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство вечерва во Вараждин, Македонија загуби од Чешка со 25:24. По овој пораз македонските ракометари ги загубија шансите за висок пласман. Бодрени од преку 3.000 навивачи „црвено-жолтите“ имаа одличен почеток и по девет минути водеа со 4:1. Три минути подоцна Кирил Лазаров од пенал зголеми на […]

Кирил Лазаров ќе игра само ако е потребно


Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денешниот ден го мина на дополнителни прегледи во Загреб, од каде допатува во Вараждин за дуелот со Чешка. Во скромните информации што доаѓаат од македонскиот табор е најавено дека Лазаров ќе настапи доколку биде потребно. Лазаров се појави и на загревањето на репрезентацијата на Македонија пред дуелот со […]

Македонските ракометари на крстопат на ЕП: Да се биде или не вечерва против Чешка


Македонија вечерва (20.30 ч.) по петти пат ќе излезе на мегдан на Европското ракометно првенство во Хрватска. На ред е дуел со репрезентацијата на Чешка како прва од двете меч топки во Вараждин за историско полуфинале на завршните турнири. Потоа ќе следува и судир со Данска (среда, 18.15 ч.) во последната етапа во мисијата Фајнал […]

Чешката Влада поднесе оставка


Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска поднесе оставка, откако вчера не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Како што се посочува во владиното соопштение во кое е објавена оставката, Кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада. При вчерашното гласање во Пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба […]

Чешка го призна западен Ерусалим како престолнина на Израел


Чешка Република соопшти дека го признава западен Ерусалим за главен град на Израел, но ќе го разгледа прашањето за преместување на Амбасадата од Тел Авив во тој град по разговори со регионални партнери. – Чешката Република моментно, пред да биде потпишан мир меѓу Израел и Палестина, го признава Ерусалим дека е главен град на Израел […]