Два автобуси се судрија во јужна Чешка, 40 повредени


Четириесет лица се повредени од кои девет се здобиле со тешки повреди во судар на два автобуса во близина на градот Знојмо во јужниот дел на Чешка. Спасувачката служба соопшти дека сударот меѓу два регионални автобуси се случил од непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно. „На местото на несреќата […]

Конфликт во Прага: Владата го исклучи претседателот Павел од делегацијата за Самитот на НАТО


Чешката влада денеска соопшти дека нема да го вклучи претседателот Петр Павел, поранешен висок функционер на НАТО, во чешката делегација за самитот на Алијансата следниот месец, со што ја наруши традицијата и предизвика правна битка со државниот врв. Премиерот Андреј Бабиш, лидер на популистичката партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО), кој ги загуби претседателските избори […]

Гори фабрика што произведува оружје за израелската армија


Објект поврзан со израелскиот производител на оружје Елбит Системс беше запален во Чешка во раните утрински часови, а одговорноста ја презеде екстремистичката група „Фракција Земјотрес“, објави денес чешката полиција. Во нападот беа уништени неколку објекти во објект што заеднички го водат чешка компанија и Елбит Системс, компанија што снабдува копнено и воздушно оружје на израелската […]

Пукање во Чешка – има мртви и повредени


Две лица се убиени во пукотницата што се случи во чешкиот град Хрибска. Според првичните информации, една жена е убиена во градското собрание, додека најмалку четири лица се повредени. Според полицијата, напаѓачот е убиен. Chřibská na Děčínsku – Podle předběžných informací je bilance útoku následující: 1 smrtelně zraněná osoba, 3 zraněné osoby a jeden zraněný […]

Зелен мраз во Чешка! Научници: „Светот долго време не видел нешто вакво“


Чуден природен феномен што се појави во резервоарот Липно во Чешка кон крајот на 2025 година ја заинтригира научната заедница таму, објавува порталот iDNES. Имено, езерото во тоа време било покриено со зелен мраз, а феноменот е толку редок на глобално ниво што биолозите немале доволно податоци за да го опишат. Сега, феноменот е детално […]

Снег и мраз ја „оковаа“ Европа, во Чешка измерени минус 30°C


Снегот, дождот и ниските температури донесоа хаотични сообраќајни услови во многу европски земји, бидејќи многумина се враќаат на работа по празниците. Околу 450 летови се откажани на аеродромот Схипхол во Амстердам, а железничките услуги се суспендирани во холандската престолнина и регионот Утрехт, соопштија операторите. Железничките услуги беа прекинати и во Полска. Who got stranded in […]

Затворени гласачките места во Чешка, во водство партијата на милијардерот и поранешен комунист Бабиш


Денеска во 14 часот беа затворени гласачките места на парламентарните избори во Чешка, на кои од вчера попладне над осум милиони регистрирани гласачи имаа можност да гласаат за 200 нови членови на Долниот дом на парламентот. Според првичните резултати темелени на 10 проценти од преброените гласови на изборите за Долниот дом на чешкиот Парламент, што […]

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка


Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им […]

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна. Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото […]

Македонија ќе користи искуства од Чешка од областа на енергетиката


Во организација на Амбасадата на Чешка во Скопје, денеска, се одржа Форум за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, на кој присуствуваше првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, како и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Како што посочи Меџити, повод […]

Чешката влада: За прв пат во историјата не сме зависни од руската нафта


Чешка стана целосно независна од руската нафта за прв пат во својата историја, соопштија денеска владини претставници, откако го зголемија капацитетот на Трансалпскиот гасовод (ТАЛ) кој носи нафта од запад. Првите зголемени залихи стигнаа до централното складиште за нафта во Чешката Република преку гасовод, изјави премиерот Петр Фиала на денешната прес-конференција емитувана на чешката телевизија. […]

Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани: Божиновска и македонска делегација во Тушимице


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството и делегација од ЕСМ остварила посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW. За […]

Полицијата во Чешка уапси 22 лица за корупција и измама од 160 милиони евра од европски фондови


Чешката полиција приведе 22 лица и изврши 46 претреси поврзани со сомневање за корупција во најголемата болница во земјата. Сомнежите за корупција изнесуваат 160 милиони евра од фондовите на Европската унија (ЕУ), објавија властите. Шеснаесет лица се обвинети за корупција, измама со субвенции, нанесување штета на финансиските интереси на ЕУ и перење пари, објавија Европското […]

Европска земја го зголеми ограничувањето на брзината на 150 km/h: „Возачите ќе заштедат три минути на 50 километри“


Неколку европски земји спроведоа сличен пилот проект, но повеќето од нив на крајот се откажаа. На дел од чешкиот автопат Д3, максималната дозволена брзина ќе се зголеми од 130 км/ч на 150 километри на час како дел од пилот-проектот на Министерството за транспорт. Ова зголемување ја означува првата примена на неодамнешниот амандман на Законот за […]

Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка


 Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош, пренесе Хина. Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на […]

Сања Божиновска се занимавала и со производство на еко-хулахопки во Чешка


  Не е стручњак и консултант само за енергетика, туку, изгледа и за мода и еколошки хулакопки. Така чешките медиуми ја претставиле Сања Божиновска, министерката за енергетика, откако таа го лансирала брендот на еколошки хулахопки во 2023. Во истражувачката сторија на Радио Слободна Европа се пренесуваат разговори на Божиновска со чешки медиуми и за тоа […]

Се судрија возови во Чешка, најмалку четворица загинати, 23 повредени


 Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово. – Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство. – Нашите мисли се […]

Масовна тепачка на навивачите по финалето на купот во Чешка


Страшни сцени доаѓаат од Чешка по финалето на Купот во кое фудбалерите на Спарта Прага ја совладаа Викторија Плзен (1:2) на гостински терен и со тоа стигнаа до двојната круна. За жал, откако судијата означи крај на натпреварот, избија навивачки немири. Тамошните медиуми пишуваат дека на теренот први истрчале домашните навивачи кои потоа налетале на […]

Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање


Чешката влада денеска ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Реформите се усвоени со цел да се заштедат милијарди долари буџетски средства, а старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум […]

Чешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите бракови


 Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА. Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици. Пратениците вчера се […]